Лана Дел Реј (Lana Del Rey)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од JoxyTheFreak, 14 јануари 2012.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Не најдов тема за неа овде,ама ако сум ќорав,канта. :$

    Elizabeth Grant (born June 21, 1986), better known by her stage name Lana Del Rey, is an American singer-songwriter. She has described herself as a "gangsta Nancy Sinatra", and cites Britney Spears, Elvis Presley and Antony and the Johnsons as her musical influences.
    Grant was born in New York City, New York and grew up in Lake Placid, New York.

    http://www.youtube.com/watch?v=Bag1gUxuU0g
    http://www.youtube.com/watch?v=k_Nt57Jl ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=8t-I-Lqy06g


    Освен мене некој друг ја слуша ли девојкава?
    Jас мислам дека е неверојатно талентирана и многу ми се допаѓаат песните од неа! :)
     
    На burthdaykake, Gosh, AwesomeGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  2. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.255
    Ти го видов постот во СДК за неа и одма преслушав по нешто на youtube. :)
    До денес, ја немав слушнато воопшто, ни па имав слушнато за неа нешто. :^)
    После неколку ислушани нејзини песни можам да кажам дека ми се допаѓа ептен. Сакам ваков стил на музика. Уживам додека ја слушам. Опушта ептен. За гласот немам зборови - прекрасен е. :x
    Фала ти многу за препораката, мислам дека најдов што ќе слушам викендов. ;)
    Еве уште нешто од неа:
    http://www.youtube.com/watch?v=AUYCMQcQ ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=I_ZqEsWU ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=1G0yTeIJ ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=kSnjEFhi ... re=related
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.635
    Омилена ми е Video games, а за Лана дознав од Born to die. Добри се песните, преслушав и уште неколку, прекрасни се. Уживам во нејзината музика, нејзиниот глас.
    Извонредно нешто!
    Е тоа е талент. Браво!

    :inlove:
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    Веќе еден месец редовно ја слушам, Видео игри и Плави фаремерки ми се омилени страшно е добра..
     
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    17.824
    Сестра ми ме Озарази и мене да речам,добра вокал и нешто поразличито ЗА СЕГа
     
  6. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    490
    Ја обожавам.Ја открив преку Born to die, и ми е омилена.Исто така многу многууу ми се допаѓа оваа
    http://www.youtube.com/watch?v=TATGYvkx27U
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Девојката изгледа прекрасно и има интересни песни, меѓутоа во живо тотално се губи.
    Едвај се чувствува нејзиното присуство, мислам дека воопшто не и' е удобно да пее во јавност и во живо пред луѓе, што е нормално - огромен минус.
    Изведбите во живо и' се чудни, бледи и невпечатливи, барем засега.
    Не верувам дека дел од имиџот ти е да трепериш на сцена и да фалшираш одредени делови од сопствените песни.

    А инаку е и нежна и груба истовремено, спој на две различни спротивности и многу ми се допаѓа нејзиниот изглед.
    Самата се опишала себеси како - the gangsta Nancy Sinatra.
     
    На JoxyTheFreak и Mishela им се допаѓа ова.
  8. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Убав почеток. Се гледа дека се' е направено со стил, изгланцено (песни - музика, текстови..., видео-клиповите, нејзиниот имиџ и сл.). Девојката и нејзината екипа се потрудиле. Тоа е мојот прв впечаток што не значи дека аргументите се којзнае колку веродостојни. Ми се допаѓа нејзината мистериозност, но дава впечаток на разочараност и депресивност. Тука мора да поработи, да направи рамнотежа меѓу истото.

    Што се однесува до очигледната трема и вознемиреност која ја има за време на изведбите во живо, тука до некаде и можам да ја сфатам (сепак е почеток на една таква поголема светска кариера). Доколку проблемчево го реши во блиска иднина, ќе биде супер. Во спротивно негативните коментари од страна на пошироката јавност можат да бидат уште поштетни за нејзиното его и професија.

    Посебен впечаток ми оставија песните Born to die и Blue jeans.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Типкава е оксиморон со самата нејзина појава.
    Толку е мистична, ма ме потсеќа на едно нежно-дрско девојчуле и она е дежурни кривац, што сакам да се фарбам и да преминам во медова блондинка. :lol:
    Ептен бев трогната од нејзините песни, поточно необичниот глас, ама кога ги пуштив настапите во живо, е тогаш беше весело.
    Значи типкава нема ни Г од глас, ама ајде, има тато пари, па ќека ќе закрека, чисто за разонода. :wasntme:
    Ме иритира кога пее во живо, фалсети фрчат на сите страни, еднаш една, после оп, друга висина, интонација, многу е нестабилна и не ми е баш веројатно да е од трема, нешто друго ќе да е. :?:

    Како и да е, го тргнувам фактот [дека не умее да пее] на страна, студиските снимки се повеќе од одлични, па ќе продолжам да ја слушам, добро освежување е на сцената, преплавена од Лејди Гаги, Ријани и Бијонсиња. :)
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    10.697
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за неа :$ .
    Пуштив неколку песни, интересна ми е, има доза различност, оригиналност... Тоа и треба на музикава денес.
    Реална е, доста прибрана.
    Изведбата во живо нема да ја коментирам. Можеби е трема, можеби толку и е силата. Вака излицкани песниве ми се бендисуваат.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
  12. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Јас за Лана дознав преку другарка ми која е фан на Gossip Girl, ми прати една песна
    http://www.youtube.com/watch?v=Op8wBw4xY6k
    [чинам дека е ost на Gossip (ама не сум сигурна)]
    Ми се бендиса песната, заразна ми беше, ја слушав постојано, па и девојката ми беше слатка многу, со необични црти на лицето и чудно полни усни.
    Преслушав неколку нејзини песни, за да хит на неделата ми стане Blue Jeans.
    Значи прекрасна ми е! Ме опушта, ми буди носталгични чувства, еуфорија, среќа.
    Не знам, има нешто во девојкава. Ќе успее. :)
     
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ја гледав на SNL и ме разочара.
    Јас сфаќам да не ти се допаѓа една личност. Ама на видеата да и оставаш коментари дека и посакуваш смрт ми е...умоболно. :(
    Јас мислам дека девојкава има само трема. Некако ми е,здрвена на сцена,ама почеток и е само. Се надевам дека со текот на времето ќе се среди.
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.480
    Јас дознав за неа од тука од статијата на фемина.
    http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... orn-to-die
    Мене девојкава ми е феноменална, знчи стварно има прекласен глас и убави песни ама таа блу џинс или како и да беше не ми се допаѓа. Во секој случај :up:
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.491
    Девојкава просто ја обожавам. Дознав за најзе од неодамна и откако и слушнав неколку песни, јас не престанав да ја слушам. Обожавам ваков стил на музика и Лана дел Реј ми е вистинскиот избор.
    Првата песна што и ја слушнав беше ''Video Games''.Потоа преслушав уште неколку нејзини постари несни на јутјуб. Откако и излезе новата песна ''Born to Die'' излегоа уште неколку нови песни.

    Сега засега оваа ми е омилена.
    http://www.youtube.com/watch?v=IE3qtEZdUNU

    Само мислам дека има направено грешка со операцијата на устата.
    Супер и била порано, незнам зошто и требало ова.

    како и да е, и покрај ова, Лана дел Реј е феноменална.

    Исто така оваа песна многу ми се свиѓа...
    http://www.youtube.com/watch?v=W9bVYkyM ... re=related

    Се надевам дека во блиска иднина ќе не израдува со повеќе песни и ќе го достигне местото на светската сцена што го заслужува.
     
  16. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Исто и мене ме разочара, ама не би рекла дека е трема во прашање.
    Ги изгледав видеата од SNL и добив впечаток дека го величи гласот ... на почетокот на video games започнува OK, a потоа гласот и е сосема поинаков, едноставно би рекла толку можеше да издржи ...
    http://www.youtube.com/watch?v=9zrvD-o8cII
    http://www.youtube.com/watch?v=2I62I3r2 ... ure=relmfu
    Инаку песните и се преубави, како и таа самата :)
     
  17. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.255
    Се согласувам дека на SNL звучи катастрофално. Кој нема да се согласи, кога е ептен очигледно. Не знам што е, можеби трема е во прашање, изгледа ептен здрвено и отсутно.
    Еве еден друг настап во живо што го најдов случајно. Сосема поинаку звучи тука. Прекрасна е! :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=LICMHRIYTjY
     
  18. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
    Јас утрово прв пат дознав за неа, поточно слушнав песна од неа ( Born to Die ) на MTV.
    Потоа расчепкав низ youtube и има интересни песни.
    Има некој специфичен глас кој те тера постојано да стискаш Repeat на една иста песна. :)
    На песните звучи супер, за разлика во живо. Сепак ако се земе во предвид што пола од пеачите едвај пеат во живо, таа е добра. :)
     
  19. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Eптен ја заслушав неделава. И ја како и повеќето ја открiв преку Born to die. Прекрасна си е песната, и иако текстот е депримирачки мене не ми влијае така. Мелодијата и бојата на гласот ми преовладуваат и баш ме опушта. :)
    И другите песни и се убави, Blue jeans и Video games ете ми останаа во глава.

    Малце се разочарав кога прочитав колкава машинерија стои позади неа и тоа долго време, некако сакав она да е ова што го пее, ама ајде и давам шанса и нема да престанам да ја слушам.
    И се сложувам дека мора да поработи на настапите во живо. :!:
    Физичкиот изглед нема многу да го коментирам, излишно е што и да кажам, преубава е! :)
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    9.931
    Пол:
    Женски
    Има нешто во неа :) Убав вокал има :) Посебна е.Како Ејми Вајнхаус шо имаше посебен глас.Можи во живо не пее убаво пошто не е навикната и е нова,ама се сеќавам и Аврил Лавињ на почеток не можеше да се снајди и имаше проблеми со дишењето кога пееше во живо.Ама ќе се навикни :) Иначе еднаш знам сестра ми ја пушти од кај некоја другарка и не ми се допадна мн. и сеа викам чеј да видам Џокси шо се заљубил толку :lol: и гледам дека имало и други поубави песни :) Епа ајде,ќе очекуваме до повисоко да достигни ова чупе :D

    Едит: Незнаев дека Video games е од неа,баш ко ќе ја слушнев некаде таа песна ми беше интересна пошто ми звучеше како од некој стар црно-бел американски филм :) Like it :up: