Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лана Дел Реј (Lana Del Rey)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од JoxyTheFreak, 14 јануари 2012.

  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Заприметив последно, како нели кога Лејди Гага се појави и сите почнаа да ја емитираат со тие фрик костими... у ла ла, ва ра песни.. така одкако се појави Лана настана истата фрка али сега у фазон '80.'90..
    па спотови со откачен дечко и Мустанг кабриолет.. али дефинитивно добро влијае.. барем потпомогна да се врати човечкото на сцена, да се врати уметноста. Секоја и чест.

    Всушност.. зборот ми беше, од почетокот уште со првите песни се забележуваше дека Лана поседува неверојатен потенцијал, поседува некоја чудна автентичност.. нешто кое до сега го немаше на сцената.
    Уште кога излезе првиот и сингл Born to die, осетив како да го пронајдов она што го барав.. тој тип на музика што го сакам, и од тогаш ми е дефинитивно идол. Ја следам, и ги имам сите можни песни симнато, и пред тоа кога била Лизи Грант.
    Ја сакам поради тоа што е реална, затоа што сето она што се наоѓа во песните таа го доживеала.. и ја искусила таа болка и љубов за која пее, за живеењето на „америчкиот сон“.. за темната страна на тој живот, дрога, алкохол.. таа суровост ја претставува на таков начин што секој би се пронашол во некој дел од песните.
    Не е како останатите кои секоја песна им е за секс, секс и секс..
    знае да ја опише љубовта толку едноставно а сепак со длабоки чувства..
    Искрено, песните навидум и се провидни но устваи во секоја песна има скриена позадина и порака..
    јес да песните и наликуваат една на друга, често знаат да бидат монотони... но најбитно е она што таа го створува сето тоа... таа го живеела тоа.. а не како другите кои плаќаат пари на текстописци на измислуваат приказни итн.
    Сепак мислам, дека е редок талент, поседува неверојатна харизма... лик каков досега не се појавил... ја има таа олд холивуд убавина. Се надевам дека ке се задржи на сцената подолго, не се сомневам.. има што да понуди, веќе новиот албум и е на висок ранг на листите.. и ке напредува многу.
    Еве и една песна која ме наежи и расплачи.. Едноставно, единствена е. :l:

    http://www.youtube.com/watch?v=-XWcxsMNX9c
     
  2. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Асоцира на 60-ти, 70-ти, а не на 80-ти, 90-ти.
     
  3. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    ок, малку замешав години :$ ... али нема везе, битна беше поентата! :)
     
  4. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Ја обожавам.Девојкава е прекрасна и по изгледот и со гласот. :)
     
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Не ми е меѓу омилените. Во ред и беше првата песна со која се прослави „Born To Die“ и се изненадив од тоа што беше поразлично и не врати во 70тите, ама сите други после таа песна не се разликуваат една од друга. Пред некој ден во маркет слушнав нејзина песна, ја препознав по гласот, а откако се обидов да ја пронајдам песната, сфатив дека една со друга песна не се разликуваат.
    На „live“ перформансите го нема истиот глас како на студиските верзии (за споредба, знам дека спорите песни се тешки за изведба, но познавам многу вокали со далеку подобри изведби на спори песни).

    Со изгледот и одговара музиката што ја прави и потсеќа на штотуку извадена од 70тите. Иако има промашувања со шминката за среќа тоа има решение иако лицето и е повеќе на уста...

    Убаво почна но начинот на кој продолжи не ми се допаѓа. Oченував повеќе од неа.

    П.С. Пред да почнете со навредувања, запомнете дека секој си има право на свое мислење ;) Затоа ова се вика форум.
     
  6. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Па нормално дека и се разликуваат студиските изведби од оние во живо, кога гласот и е обоен студиски, во секоја песна има ехо, што не е возможно во живо да се постигне, настрана фактот дека врска нема од пеење и е досадна како пролив на полноќ.
    Мене ми се лоши од тоа што е површна, пее за апла површни работи, секс, коли, мажи, а демек разглаба некаква филозофија. Порано постоеја исти такви површни Бритни Спирсови и Кристини, ама си беа површни и глупи и до ден денес си се такви не се трудеа да продаваат филозофија, кога не им држи газот. Песните и се глупи, кога ќе се преведат на македонски звучат уште поглупо од што се. Во темава се изначитав глупости дека сите песни и носеле некоја посебна порака, која црна порака, леба ви? :D Како се вози во бесна кола, и како момакот и го шапуче нејзиното име, многу јака порака, Џими Пејџ и Роберт Плант може да и подзавидат и да си го избришат газот со листот на кој ја создале Stairway to heaven.
    Туку, тоа ми беше зборот, немаше да серам за типкава, ако си беше проста и не се трудеше да продава филозофија, кога не и држи газот.
    А да, најважното ќе го заборавев. Инспирација во животот и биле Бритни Спирс, и Курт Кобејн. Ми иде да се самоудавам во кофа со вода. Тоа е рамно како да ти се инспирација во животот Јелена Карлеуша и Ристо Вртев. Да те фати тага кога ќе видиш какви личности на денешницава се продаваат, кога би бил жив Курт Кобејн и кога би знаел кој се се поистоветува со него, ќе поверував дека се самоубил.
     
    На kikkki, blaa, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    video games, born to die, radio, summertime sadness најубави :D
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    најубава е и прекрасно пее :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: многуууу ја сакам !
     
  9. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    2.445
    Убава е ама ме иритира по малце со устата (како со анестезија да и е здрвена). Инаку песните се така подепресивни, но некогаш за опуштање се добри. Најмногу ги сакам Blue jeans и Born to die.
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    http://www.youtube.com/watch?v=L6K8Uq88BEQ
    I SING the Body electric;
    The armies of those I love engirth me, and I engirth them;
    They will not let me off till I go with them, respond to them,
    And discorrupt them, and charge them full with the charge of the Soul.
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не пее за површни работи, баш напротив. Ако Off to the Races или било која друга со бесни коли има таков текст, не значи дека сите се со иста тематика.

    Пее за љубовта но на подруг начин, мене лично ми се допаѓаат такви текстови, но не мора на секој.



    And there's no remedy for memory your face is
    Like a melody, it won't leave my head
    Your soul is haunting me and telling me
    That everything is fine
    But I wish I was dead

    Every time I close my eyes
    It's like a dark paradise
    No one compares to you
    I'm scared that you won't be waiting on the other side
    http://www.youtube.com/watch?v=j6ow1wuI4Ns

    Summertime is nice and hot,
    And my life is sweet like vanilla is.
    Gold and silver line my heart
    But burned into my brain are these stolen images,
    Stolen images, baby, stolen images.
    Can you picture it,
    Babe, the life we could've lived?
    http://www.youtube.com/watch?v=FF_tqhF6NBc

    И оваа погоре Carmen, има доста интересен текст.

    Стварно не гледам каде е површноста овде? Разбирам англиски, барем мислам :).
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На 1209, Someonespecial, BlackSwan5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам! Ама че си признаам, дека некои песни неможам да и ги поднесам ако не сум западната во блага депресија.
    Ми се допаѓа многу стилот кој го негува, коса, шминка, се.
    http://www.youtube.com/watch?v=AUYCMQcQ3KA Крајно секси песна! :inlove:
    Омилените:
    http://www.youtube.com/watch?v=sxDdEPED0h8
    http://www.youtube.com/watch?v=nVjsGKrE6E8
    Мори Лано, шо грозен фустан имаш во спотов. :( Песната е добра.
    http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BB-%D1%80%D0%B5%D1%98-%D0%B3%D0%BE-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-burning-desire
     
  14. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Искрено малце ме разочара со спототвите, особено на последната Burning desire...
    ми се допаѓа тој стил, али појаки и беа со тетовираниот маж..како што почна со Born to die.. Blue jeans
    баш и одговараа онака :)

    Инаку дефинитивно Born to die ќе стане безвременска песна, гарантирам дека никогаш нема да престани да се слуша... вистинско ремек дело.

    http://www.youtube.com/watch?v=Bag1gUxuU0g

    Досега Лана не ме разочарала во поглед на песните и текстовите, секоја песна и е приказна за себе... за нешто што го има доживеано... и и се многу реални, и допирливи.

    Веќе со месеци број еден ми е Gods and monsters .. се ежам кога ја слушам

    http://www.youtube.com/watch?v=FkgMbiVi_3E

    и од другите неиздадени овие.. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=CVVWIKX2wvY
    http://www.youtube.com/watch?v=bg0seukK160
     
  15. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
    Се сложувам со поголемиот дел од коментаров, но за тоа со спотот на песната "Burning Desire" сметам дека не си во право. Сепак не би било интересно доколку сите спотови се исти и слични.. Песната се уште го држи истиот ретро стил и плус нејзината скромност ме воодушевува.

    Моментално оваа најмногу си ја слушам, текстот ми е многу добар. Јак ххх :rock:
    http://www.youtube.com/watch?v=WLjfcHSyXnc
     
  16. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
    Еве јас ќе те цитирам. Во врска со тоа дека не пее убаво во живо... http://www.youtube.com/watch?v=Vj4Ays1Cmew Слушни ја песнава, а можеш и цел настап, не трае многу, околу 40 минути.. А да не почнуваме за тоа кој како пее, зашо има многу познати што си немаат поим од пеење, и песните им се катастрофа. Песните на Лана се со содржина, имаат смисла и некакво значење, а пред се таа цела е УНИКАТ. :inlove:
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.946
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа, кога ја открив(поточно дечко ми ја откри) се опседнав со Born to die неколку денови.
    Гласот и е монотон точно, ама во исто време тоа ги прави песните специфични, морничави, тажни, нежни и секси истовремено.Текстовите ми се допаѓаат исто така, реални ми се.
    Омилени песни Without you, Blue Jeans и Summеrtime sadness ме допираат до срж, ми ги разбрануваат чувствата на некој чуден начин.
    Спотовите исто така ми се одлични.
    Убавина...има некоја специфична.Неможам да речам дека ми е многу убава ама зрачи со страшен ретро сексипил.Дечко ми ја обожава поради устата, мене токму во неа ми е искривена, ама исто и таква придонесува за тој сексипил...така да, освежувачка е.

    Kiss me hard before you go
    Summertime sadness
    I just wanted you to know
    That, baby, you're the best

    I got my red dress on tonight
    Dancing in the dark in the pale moonlight
    Done my hair up real big beauty queen style
    High heels off, I'm feeling alive

    Oh, my God, I feel it in the air
    Telephone wires above are sizzling like a snare
    Honey, I'm on fire, I feel it everywhere
    Nothing scares me anymore
     
  19. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Омилена ми е, песните и се супер и таа ми е прекрасна :D
    Борн то дие ми е фаворит, да не ја постирам пак тука ја има многу пати
    ЛАНА <3 <3 <3 <3 <3 <3 <3 <3 <3 <3
    Мислам дека и во мода треба да се отвори тема за неа :?:
     
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ја слушав преработката на Summer Wine и ми се допаѓа иако според мене верзијата на Ville Valo ми е незаменлива.
    Иначе ептен сум опседната со нејзината музика и буквално нема ден да ми помине без да чујам нешто од неа.Чудно е што и после толку слушање песните никако да ми здосадат.
    Мојот фаворит моментално е Without You , во последниве денови редовно си ја слушам.
    Предобра.
    http://www.youtube.com/watch?v=HhuckvSkNgU
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.