Не е лоша има добри песни во албумов што и е испаднат. Има убав глас само некако ми е антипатична за гледање. http://www.youtube.com/watch?v=ayngQHig ... re=related
Сакам да се надоврзам на претходниот пост Прочитав дека татко и бил миљардер, па затоа немала никакви проблеми за да стане славна. Таткои многу пари давал по телевизии и радиа да ја пуштаат за да стане популарна . И така стана популарна
^ Е зошто? Ако некој има големи материјални средства не значи дека е лишен од талент. Јес,и го финансирал албумот. Ама не значи дека девојката нема глас и нема талент. Ги изгледав скоро сите настапи во живо и прекрасна е. Само малку ми е здрвена. Знам дека сценски не се експонира бидејќи сака гласот да и биде во прв план,но сепак треба да има основни сценски движења и похаризматично однесување на сцена. Ама добро,ваљда срамежлива е.
Мене ми е убава и многу ми се свиѓа нејзиниот стил,ама за гласот..не знам,некако само во една боја пее.Ги имам слушнато Born to Die и Video games и онака,добри се
Изгледа само јас не разбирам што прави и во кој филм е влезена девојкава. Лана, или Лизи Грант првата песна ја издава во 2008, а потоа и цел албум во 2010. По мизерната продажба го повлекуваат албумот, и ги бришат сите песни од YouTube или MySpace и Лизи Грант исчезнува. Сега пак се појавува и се претставува како гангстер Ненси Синатра, обична девојка од мало место, како сама пеела од 17 години, ништо не сменила на себе и случајно го запознала продуцентот кој ја открил. Точно, така да целата приказна и паѓа во вода.
да сега прочитав дека е ептен богата, и татко и ја финансирал.Jас реков дека девојкава не ми е по ќеиф, нит ја слушам, ама па, за муабетов, подобро вака, за пеење нека се форсира, отколку како парис хилтон, и компанија . демек Mилијардерки се, па се трескаат од земја, ништо немаат постигнато во животот освен по некој ниско буџетен порнич
Нема врска тоа што е милијардерка со гласот и талентот.Па не можеш да си купиш глас.Што има врска ако татко и е богат и и го спонзорирал албумот.Сепак песните се квалитетни и тоа е најбитно. Биберот и Кети Пери потекнуваат од посиромашно семејство а крекат како жаби.Да е како Парис Хилтон и со сила да се бута а да не ја бива тогаш ќе разберам таков став.Ама женската е редок квалитет во денешно време.Сега разбирам,не можат сите да ја сакаат нејзината музика,но дека е квалитетна никој не може да оспори.
Абе шо се буните,кој родител не би си го финансирал и на би му помогнал на детето? Па уште и ако има некаков талент...И јас да сум,ќе го поткрепам своето дете со тоа што можам.А Лането убаво пее сеа,не е без ич,има убави песни... Патем јас дојдов ради ова Божествено!!! http://www.youtube.com/watch?v=2QVC__Uvd8s
Има нов видео запис за Blue Jeans. Крипи е малку.. Што мислите? http://www.youtube.com/watch?v=z-6cCmxaGoQ
Се гледа дека девојката е поразлична од другите во секој аспект Сака поразлични работи од другите ме потсеќа на Индиго децата...Карактерот! Прекрасна е во секој случај и поразлична
Ок е вака за на радивце, ми се допаѓа звукот, ама на настап што имам слушнато на јутјуб, малце ко да е слаба на пеење во живо, а и мислам ако ја слушам цел ден, со истиов тон, може на крај да ме изнервира
Мене ми е прекрасна, оригинална! Незнам зошто толку прашина дигате дека татко и бил незнам што, ја финансирал и слично. И воопшто не можам да ги сварам коментарите во кои е споредувана со Париз. Ве молам, од каде најдовте таква споредба? Париз и Лана, стварно никогаш нема да го разберам тоа. Не сакам да отварам уште теми, само морам да кажам дека девојкава ИМА талент, прекрасна е, стварно е иновативна и незнам, има нешто, како што беше кажано во некој пост погоре, крипи во неа, што ме влечи за да ја слушам. Едноставно се внесувам во нејзината музика. Што се однесува за настапите во живо, беше на многу претходни подпросечно, е велам не, ама последниве настапи се Enjoy... http://www.youtube.com/watch?v=K9zj3EAZ ... re=related
со малку следење би прочитала дека и таа самата има изјавено дека татко и најмногу и помогнал особено во делот за финансиите, затоа што целиот прв албум и е финансиран од татко и. така лесно не се појавува никој од немај каде без никакви финансии и да стане некој во холивуд. јас ја обожавам значиии една од најомилените ми е, ама што благе везе си нема во живо тоа е друга работа.
Мајли па да не има благе везе во живо ??? Значи слушнете повеќе настапи во живо па после проценете.Според мене пее убаво и во живо ама си има специфичен начин на изведба на песните а во почетните настапи и тремата си го прави своето. http://www.youtube.com/watch?v=r08wfT8c ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=nS3Szig1 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Hr52zTBp ... re=related Мене ми е ова извонредно .
Прекрасен е спотот! Тие creepy моменти всушност беа дел и во Born to die, и ми се допаѓа и тоа многу! И спотот е во склоп на текстот - што МНОГУ ми се допаѓа. Како само глуми Лана! Како го гледа, како се заљубува, како станува целосно негова. Тој баш личи на Џејмс Дин, според текстот треба да е опасен, gangsta, па затоа и се крокодилите. Таа свесно продолжува да му се предава оти го сака целосно. Неговото чекање на крај ќе ја убие. Абе филм!
Born to Die - затоа секогаш умира, во секој спот а и песните го кажуваат истото. Барем мислам дека посакува очајно многу некого, болно го сака, но не го добива, не може да го има, метафорично умира. Целиот албум е за тоа односно тоа е главниот лајтмотив Баш пред некој ден се замислив и ги анализирав текстовите. Ми се свиѓа кога и ги става прстите во грло, изгледа секси, а истовремено ја гуши всушност, по нејзина желба Ма одлична ми е, се опседнав со неа, секој ден го слушам цел албум онака од сабајле, ќе мрднам уште малку А последниов спот е стандардно, совршен. Уште повеќе ми се допаѓа што е црно-бел.
Ах...Лана. Во време кога Лејди Гага стана репер за тоа како треба да звучи и изгледа една ѕвезда (страхотно), во време кога дури и една Бијонсе почна да станува нејзина бледа копија, да прави лоши песни и да изгледа на кловн, Ријана за пажња и очите уште малку ќе си ги испирса....се појави Лана. Ретро - меланхолична млада дама, но сепак со современ призвук, песни што продираат во срце и те враќаат во некое друго време. Си успеа девојката, секоја чест. Едно од најпрекрасните освежувања на пропаднатата светска музичка сцена, ја обожавам.
океј нема да почнувам никаква конфронтација за тоа, јас го кажав моето мислење за нејзе живо.. можеби и мајли незнае да пее во живо, а можеби тебе само не ти се допаѓа и јас нагласив дека Лана ми е топ 5 изведувачи во секој случај
Јас останав без зборови кога ја слушнав за прв пат. Се фасцинирав. Се ежам секогаш кога и ги слушам песните. И навистина е ненормално убава. И глас и стас. Така треба да изгледа и да се однесува еден изведувач, а не како овие младиве, изветреани, никакви. Па добро сега, и Лана се појави пред кратко време, ама навистина остави голем впечаток, кај повеќето. Едноставно, опседната сум со нејзе леле,какво гласче има кога зборува, срцка многу разлика има во нејзиниот глас кога зборува и кога пее. http://www.youtube.com/watch?v=G1F7toKvICs