Ланчиња со имиња или попознати како "Carrie necklaces" се модерни уште откако ги откри Carrie Bradshaw и ги носеше во Сексот и Градот, а потоа ги носеа многу познати ѕвезди, многу блогерки, и баш се сетив на нив кога и ги гледав новите слики на Анди нашата омилена блогерка. Ви се допаѓа? Би носеле вакви ланчиња? Кај нас имам видено само како виткаат оние од жица, што ми е ефтино многу. Али можеби и некој изработува рачно од сребро или некој друг метал. Би носеле ланче со вашето име?
Мене не ми се допаѓаат вакви ланчиња, но се е до вкусот. Мене ми делуваат ко за кученце или било кое домашни милениче , па ајде сите да го знаат името. Нека не се навредуваат тие на кои им се допаѓа или ги носат. Ми текнува на еден филм каде една девојка на себе си лепеше букви од нејзиното име и на крај излезе наопаку. Имам и другарка носи златно вакво ланче, но не ми е убаво.
Парис Хилтон пример носи вакво ланче ама со натписот PRINCESS! Или носат со натписи sexy, the bitch, love you ... и слични други натписи. Па подобро да си го ставам името евентуално (иако и мене значи не ми се допаѓаат ланчињава), отколку да ставам натпис СЕКСИ!
Мене па ми се допаѓаат многу. Иако, не би носела виткани од жица, но би сакала да имам едно од сребро или бело злато.
Со цело име не, некако не ми се допагаат баш. Но од оние со една буква имам и многу си го сакам. Моето е со буквата од мажот ми и обожавам да си го носам, особено кога сум далеку од него.
Mean Girl филмот, плавата си го напиша наопаку за на матура. И јас не би носела, иако премногу си го сакам името
Од тие што ги виткаат од тенка,слаба жица не би носела.. А за тие поквалитетните би размислила.. Само првата буква од името ми е некако посимпатично и сигурно не би носела такво ланче со толку долго име..Ланчето од рамо до рамо да ми е
Имам крако име и би го носела, многу му се штосни овие ланчиња. Само сакам да е сребрено и буквите да не бидат многу нападни...морам да си направам. **Имам другарка која има вакво златно ланче , мене лично не ми се допаѓа бидејќи мразам злато....но, се со вкусот буквите се убаво изработени и си го носи често.
Јас памтам дека Патриција од „Не дај се Нина“ имаше вакво ланче, ама Принцес и пишуваше. Јас си сакам со моето име и на крај може еден виолински клуч.
Би носела ако е од чисто злато, по можност со кристални камчиња шала, инаку не ми се допаѓа вака со моето име, премногу ми е нарцисоидно некако. А би носела со некој интересен натпис, сигурно не принцес, туку нешто така по јебо да делува
Се согласувам со старфиш..не би сакала да ми го пишува името, но би сакала да имам такво ланче со некој друг натпис
Цело име не, ипак не сум во војна па да носам таква идентификација за да ми го најдат телото. Иницијал да, имам златен привезок со почетната буква, прекрасно изработена, не го симнувам од мене.
Глупи ми се. Ич не ми се допаѓаат, лани другарка ми од на одмор купи за цело семејство од тие со танка жица што ги прават, и гледам сестра и и ден денес го носи Можда на некој му се симпатични, ама мене ми изгледаат ко за дете од 10-11 години.
Јас имам такво ланче. Но не со моето име туку пишува Мајли Сајрус Не сакав со моето име оти многу си го мразам (Фросина)
Што знам, како куче ќе се чувствувам со вакво ланче. Нели на нивните, колани...најчесто има имиња. А за...иницијали, да, можно е.