Princess бе! ако видам некоја кај нас со нешто вакво ептен ќе си се изнасмеам Тие со името симпатични ми се, ама ко за на филм, ете на Кери ми се свиѓа, или некоја друга ѕвезда. Ама вака не ми се свиѓа, повеќе ми е тинејџерска работа
Па и не ми се допаѓаат . Со иницијали да е да , ама не од тие жиците што се виткаат . Многу глупо ми изгледа така . Тоа е повеќе за кучиња
Може ги носат не викам не.. Јас дури имам добиено на поклон. Ама искрено, никогаш не би носела нешто такво. Што сме ние, малоумни ? Па ако неможеш да си го запамтиш името погледни надоле. Може да носиме и алки на кои што ќе ни ја пишува адресата, за сваки случај..
Како помала сите од класот ги гледав носеа едни како белегзици (подобро кажано,тоа беше како гума) со името или прекарот Сите скоро имаа ама јас не сакав.Ете сега можеби ланчињата се во мода.Сепак,не би носела вакво со моето име.Инаку баба ми пред неколку години ми купи буква М од бело злато и често си ја носам на ланче Би сакала повеќе вакви да имам да си ги менувам,но целото име,НЕ!
Мене ми се допагаат. Не онака баш за секој ден али сепак.. имам едно со моето скратено име,не целосно оти е предолго , подарок ми е од една пријателка на мајка ми, али со она витканоно сребро..точно дека оние цврстите се подобри и сигурно поскапи, али мене и ова не ми е лошо. Иако би преферирала ланче само со првата буква од името, али сепак, и тоа ми се допага.. се си е до вкус де...
Сеа ми текна дека всушност и јас летово носев ланче со името Ама не беше вакво, туку оние што се плочките (од војната во виетнам коа бев ) и на него го имаше изгравирано името мое и дата на раѓање, го добив на поклон ама треба убаво да го фатиш да прочиташ, инаку вака не се забележува
^^А бе практично е... ако се запознаваш со некој симпатија, па се блокираш, црвенееш, не можеш да си се сетиш на името, па секоја помош е добредојдена Искрено, мене не ми се допаѓаат многу... јас и онака многу ретко носам накит околу врат.
Ако се викаш Елизабета, Ана-Марија, Александра ... името рамо до рамо Еве не мора да е име овие би ги носеле со некој збор?
Јас би го носела тоа со PEACE сребренкото, ама без знакчето со циркони. Интересно ми е А баш сега ми дојде идеја, дека ако некогаш носам , може СТАРФИШ да ми пишува, со мала ѕвездичка до него. Потсетник на Фемина за цел живот. А зошто па да не?
Кога бев мала комшивката ми донесе од Грција ланче со моето име го поносив неколку дена и толку... Сега не би носела со цело име, а си носам привезоче од злато со првата буква од името многу убаво изработена и би носела со иницијали.
Ако не е добро изработено може да излгеда многу ефтино и грдо, првата буква би ја носела, цело име не. Ч)
Има вакви ланчиња со имиња во Рамстор, само што се пластични и така поголемки. Џоа регистарски таблички. Пишувани се на кирилица, јас сакав да си купам, ама се предомислив, а башка што мислам и дека го немаше моето име. А и скапички се... 450 денари за ништо.
Не ми се свиѓаат ланчиња со целосно напишано името. Ама би носела со една буква само, да. Или евентуално да ми стои "bitch"
лооол бившиот ми купи ланче со моето име кога беше на одмор леее ко го видов ми се крена косата џоа американско куче бев така да не го носев ама ич сега сигурно го краси алинци
Јас имам едно ,ми го правеа во охрид ама уште кога бев основно ,лично не ми се допаѓа да си го шетам името,иако сум го носела тогаш ,можеби само почетната буква на името да си ја набавам,ама тоа ланченце ми стои како сувенир
И јас не би носела лакчиња со цело име, но со почетната буква да. Имав едно такво, но ми се скина и од тогаш си немам купено повторно. Последните постираните прстени јас не би ги носела. Некако не ми изгледаат убаво на раката. Премногу се гломазни. Не дека не сакам прстени, напротив. Но ови не ми се допаѓаат. А белегзиите може. Многу ги сакам и обожавам на пример на една рака неколку тенки или општо, белегзиите ми се бендисуваат.