Не би носела тоа никогаш. Не ми е убаво, мизерно ми е а уште повеќе кога ќе видам кога ги носат оние со love натпис, и никогаш не сум носела и нема да носам златна буква -иницијал од моето име.
Мене ми се допаѓаат..за претходиниот родд. мајка ми ми купи од сребрно и на него така го пишуваше моето има и на крај имаше срценце и често си го носев, али во неделата му го скинав синџирчето..
Имам златно ланче со првата буква но не го носам Штета, не го носам затоа што носам бижутериски накит
^ ем некогаш поефтино се наоѓа и ем поскапо можеш да изгледаш. не би носела зошто нема да ми стои, си знам. ако станат тренд , кај нас, ќе си купам. сега не сакам ништо што би ме идентификувало. сите да ме знаат или сите да мислат што име ќе беше.
Не би носела зошто не ми се допаѓаат, некако ми се гломазни. Накит сакам мал и едноставен. Да, се е до вкусот. Ама ако е со првата буква може да изгледа убаво.
Ех, мех, во овој град жити само таа финта им остана на машките - здраво да се запознаеме, а со ланчето со целосното име веќе ја знае информацијата и нема да се приближи, ќе си развие фантазија и без здраво-живо... Би носела, што да не... ако е од платина
Не би носела како ланче, некако одма на видик е.. Ќе ме излаже некој дека ме знае, не за друго Шала на страна, би носела како белезгија или привезок
би носела со името на дечко ми , не со моето офф.топик малце..кај можам да најдам вакви ланчиња во Скопје ?
Би носела, зошто да не . Ама имам проблем со накитов, алергична сум на се од металиве , освен на злато фала Богу. Така што да е златно би го носела
Мене ептен ми се допаѓаат и ќе си земам во најскоро време Напротив ми се допаѓа што е уникатно уште ако си го порачам да му додадам некои детали ехее