Имам вакво.Го купив од Охрид, од Св.Наум.Ми го направија од сребрена жица и изгледа многу добро.Не ја носам често, ама многу ми се свиѓа
Мене па ептен ми се допаѓаат. И да имам вакво, би го носела без размислување. Само не со жица правено, буквите да бидат покрупни, а самото тоа може да биде од бело злато на пример. Такво, да, би носела. И уште да знае некој случајно од каде би можела да набавам? Се заљубив!!
Мене не ми се свиѓаат баш, ама прашање на вкус е. Не се толку лоши кога ги гледам на друг ама па јас не би носела.
Мене лично ми се ок, ама не би ги носела. Некако ми е детско да носам ланче со мое име. Мене некако детско ми изгледаат. Немам против ништо кон оние што носат, не ми се грди, ама јас не би ги носела.
Го имам од пред 2 години и си го чувам на специјално место. Можи не е кој знае што ама мене како такво ми се допаѓа.
Имам едно, татко ми ми го даде на подарок откако се врати од еден семинар. Многу е убаво, едноставно и ми прилега на стилот.
Имам едно ланче со моето име..Кога бев една година на саемот на книгата..тогаш ми го правеа од жица..не го носам многу често..Но многу си го сакам...
Денеска си земав едно вакво ланче само што не го пишува моето име туку пишува I love you и срценце. Многу ми се допаѓа си се заљубив во ланчето
Да ми се допајгаат овие ланчиња и така вејке имам едно со моето име.Моето е златно и одзлатара купено.НОСАМ!!!!!!
Тие од жица не ми се допаѓаат, многу евтино изгледаат а и лесно се искривуваат, а овие металниве да. Сакав да прашам каде се продаваат/прават вакви сребрени, немам видено низ златариве...
Сакав да и купам лани на сестра ми за роденден, ланченце со нејзиното име ама на англиски (анг. превод на името), ама друго испадна на крај. Среќа во меѓувреме ми даде на знаење дека не и се свиѓаат па сега друго треба да смислам Овие од извртена жица не ми се допаѓаат, металните плочкички ми се поубави :/ ама незнам дали би носела. Да ми е поклон од некој најверојатно, ама сама да ми текне да си купам - јок
Мене некако ми се допагаат вакви ланчиња интересно изгледаат но секако да се ко овие горе од метални плочки а не тие од тенка жица што ги прават на плоштад.И да не би го ставила моето име но би ставила на пр. Supergirl Така да од мене имаат ДА овие ланчиња .
Јас си купив вакво ланче од Ск. за 100 ден. , нормално од жица е и не го носам толку често. Кога го купив ми беше интересно , но веќе ми се здосади и сега си фаќа прашина во кутијата за накит.