Ако е квалитетно зошто да не, ама од оние со жица што ги прават на плоштад НЕ! Жицата само ќе рѓоса и џабе си опнал 150 ден.(мислам дека е толку, или погрешно сум слушнала...)
Мене ваквите ланчиња не ми се допаѓаат. Може би носела некое убаво,интересно и уникатно и со мала буквичка на него С. Ама со цело име-Сара да ми пишува-
Воопшто не ми се допаѓаат ваквите ланчиња, добив на подарок од блиска роднина и кога го носев се чувствував како куче кое носи трака со име во случај да го изгубите.
Пред неколку години, многу сакав од оние што се продаваат во Рамстор, розови и виолетови, со твоето име , што се 400-500 денари, па ми купи мајка ми. Со розови букви беше, го носев долго време, ми се допаѓаше. Потоа некако ми стана детско, па го оставив. Имам едно, од жица направено, во Италија ми го направија, ама не го носам често. Ако носам корсет или некое отворено блузиче или фустанче, го носам. На одмор го носам секогаш, некако тој период ми станува интересно. Но, многу повеќе ми се допаѓаат ланченца со некои други имиња, како fighter, sexy, cool, great или други. Прстенчињата не се лоши, но јас имам слабички прсти, па ако не е прстенот со подесување на големина, неможам да го носам. Ретко ми се погодува точен.
Знам во Охрид по цела чаршија продаваат на секој чекор има, а за другиве градови појма неам јас сум од Скопје тука барав не сум видела
Многу сакам да имам златно ланче со моето име. Си го сакам името затоа. Им реков и дома па се надевам дека би го имала во скоро време.
Вакви ланчиња со имиња можат да се најдат во Timeless во Куманово, а ги изработуваат по нарачка од злато или сребро. Веќе на две другарки за роденден им нарачавме вакви и навистина се преубави. Од злато се малку посоленки, па затоа нарачавме од сребро. Доколку името има до четири букви, цената само на привезокот е 1200 ден, а заедно со ланчето излегува околу 2000 ден, а доколку името содржи повеќе од 4 букви, цената на привезокот е 1500 ден, па со се ланчето излегува некаде околу 2300 ден.Значи, зборувам за сребро, за златните, не знам како стојат цените.Можете да ги најдете и на фб http://www.facebook.com/timeless.kumanovo Инаку, како што кажав, имињата се изработуваат по нарачка и периодот на чекање е некаде околу недела дена. Еве како изгледаат:
Имам добиено од дечко ми одамна од оние како жица ли од што се правени. Ама сакам да најдам од ова како плочка, каде има во Скопје?