Лаптоп или таблет?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Eva22, 8 септември 2017.

  1. Eva22

    Eva22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Здраво сакаv да прашам дали е подобро лаптоп или таблет што е подобро за вас или по практично што би избрале ??
    за се , за практичност , стил и така натака ...
     
    Последна измена: 8 септември 2017
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.715
    Допаѓања:
    172.685
    Пол:
    Женски
    Зависи за што?!

    И насловот ти е неправилен..кај се видело секој збор со голема буква?8-|
     
  3. Eva22

    Eva22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    општо за се , за практичност , стил и така натака , исправи го ако не ти чини
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.715
    Допаѓања:
    172.685
    Пол:
    Женски
    Не можам да го исправам, соодветниот модератор тоа..



    За да прашаш таблет или лаптоп треба да знаеш за што ќе го користиш. Дали за сурфање и гледање филмчиња или за офис, адобе и останати програми.
    Општо за се, нема таква категорија.

    Таблетот е поличен, потенок и можеш да го ставиш и во ташна.
    Но ниеден таблет нема никогаш да има перформанси како лаптоп, почнувајќи од процесор, графичка, рам итн..
     
    На iskraFem, Victorian, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Таблетот од како ми е купен за украс ми стои,мислев таблет најубаво ама за тие пари подобро нов моб да си купев,па ни лап топ не користам баш,ама кога би бирала таблет можеби ми е предност,тоа што секаде можеш да го носиш.
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.197
    Пол:
    Женски
    Имам и лаптоп и таблет и да бидам искрена, лаптопот ми е сто пати по функционален без разлика дали е тоа работа со програми, гледање филмови...Исто така не ми е ни лесно да куцам на таблет, морав да доземам и футрола со тастатура плус. Си има и свои предности не дека не, многу е помал и полесен и можеш да си го носиш секаде со себе. Мој совет ти е ако веќе купуваш, земи си некој подобар лаптоп затоа што повеќе ќе ти користи а со тек на време дополнително можеш да си земеш и таблетче, баш скоро ги гледав, има избор на солидни таблети по многу ниски цени.
     
    На Victorian и Eva22 им се допаѓа ова.
  7. Eva22

    Eva22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    dada
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Јас лично, таблетот го користев многу повеќе ама зошто ми е доста стар можам само да читам моментално на него. Лаптопот е подобар, можам серии да гледам, да играм, а на таблетот читам книги и некогаш барам информации на интернет за нешто кога ми треба побрзо. Социјален аспект, фејсбук, инстаграм, твитер ги „провервам“ на телефон. Накратко, зависи за што сакаш ти да користиш лаптоп или таблет. Искрено лаптопот ми служи зошто за мои основни потреби е повеќе од доволно. Додека таблетот ми беше функционален ми беше како десна рака и сега на еден начин пробвам то да го наметнам на телефонот.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Користам лап топ и преносен компјутер, сакам да имам таблет но мислам дека лап топ е подобро.
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eva22

    Eva22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    isto i jas sum :)
     
    На PeperutkiVoMene му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    И двете. Тежок избор, ама кога веќе мораш лаптоп.
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    4.226
    Лаптопот како што самото име кажува тој е за во скут (Lap - скут; Top - врв, одозгора) и е згоден ако патуваш да речеме на студиски или деловен престој во друг град или странство а знаеш дека ќе ти биде потребен компјутер за:

    - пишување и подготовка на извештаи, семинарски, презентации и сл. бидејќи има тастатура
    - имаш потреба често да го пренесуваш компјутерот од една во друга соба на куќата, станот, хотелот и тн.
    - поголем HD т.е. хард диск, обично 500GB (гигабајти), или 1TB (терабајт) т.е. имаат поголем простор за складирање филмови, програми, музика и тн.
    - обично имаат поголема RAM меморија (4-8GB, поскапите и по 16GB)
    - погодни се за посериозни програми (Photoshop, Logic и сл.) и игри кои побаруваат повеќе меморија и појак процесор
    - Треба да се внимава отворите на лаптопот за вентилација и ладење да не бидат блокирани на пр. да се стави на кревет а без растојание од дното до чаршафот или прекривката не е добро (поради опасност од прегревање, но и опасност од пожар).
    - цените воглавно се движат од 150-450 евра а има и од 2500 евра (со драстично појаки перформанси)
    - поскапи се од повеќето таблети


    laptop.jpg


    Таблетот обично има послаби перформанси но е попренослив:

    - потенок е и полесен, можеш без проблем да го држиш во раце. На пр. можеш да легнеш во кревет и да читаш текстови било за испит, забава или нешто друго, да си пуштиш музика или филм. Сето тоа може и на лаптоп но не можеш да го држиш згодно во раце и во лежечка положба (освен можеби оние минијатурните супер тенки и супер-скапи на Apple - Air Macbook)
    - батеријата на таблетот трае подолго бидејќи трошат помалку струја.
    - не се згодни за multi-tasking (повеќе апликации активни во исто време, на пр. слушаш музика, гледаш филм, истовремено читаш текст а повремено на социјалните мрежи лајкуваш и ти оди скајп) бидејќи располагаат со помала RAM меморија (обично 1-2GB).
    - немаат доволно силен процесор и меморија за посериозни програми и игри
    - имаат помала меморија за складирање (обично од 8-16 GB)
    - зависно од моделот, честопати имаат и предна и задна камера
    - цените се воглавно 50-150 евра, но има и од 1400 евра (на пр. Apple iPad Pro)
    - поефтини се од повеќето лаптопи


    tablets.png

    Значи таблетите се многу згодни за кога ти треба набрзина проверка или испраќање на некоја информација преку интернет (под претпоставка да има достапност интернет мрежа) но и за музика или филмови, да речеме во воз или автобус а сето тоа да биде на попрегледен екран отколку оние на мобилните телефони.

    Низ интернет прочитав доста негативни критики за таблетите Dell Venue 7 и 8 (бројките укажуваат на големината на екранот во инчи, повеќе инчи - поголем екран), дека иако ефтини и убави на изглед биле многу бавни и кочеле ако се отворела повеќе од една апликација проблем кој произлегува во еден дел од тоа што се со помала рам меморија, од само 1 гигабајт. Од друга страна Dell прават доста јаки лаптопови.

    За денешно време (2017) гледајте таблетот да биде барем со 2 гигабајта рам меморија, но тоа обично значи и за 30-50 евра поскапи.
     
    Последна измена: 11 септември 2017
    На theowndemon, Eva22 и Victorian им се допаѓа ова.
  13. Kolumbo

    Kolumbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Машки
    Koga se kupuva ured od ovaa oblast, nema prasanje na stil, tuku se odreduva potrebata od nego, potocno sto mislis deka ke rabotis koristejki go uredot, taka ke se napravi izbor dali tablet ili laptop, a potoa spored toj izbor se kupuva po odnos cena-performansi, bidejki nekogas cenata znae da bide neopravdano visoka.

    Vo ovoj slucaj mozeme da ti kazeme najednostavno, deka tablet e pomosen ured, dodeka laptop e kompjuter i e daleku pokorisen, a istovremeno e prenosen ured, taka sto mozes da go nosis so sebe.
     
    Последна измена: 11 септември 2017
    На Antolinaa и Eva22 им се допаѓа ова.
  14. rustiko

    rustiko Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    125
    тешко е да кажеме сосема се различни ако гледаш професионално,но мислам дека тебе повеќе ти треба за разонода за фб ова она затоа подобро тие таблет.
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Според мене ако си гејмер поубаво ти е лаптоп (тоа поубаво за гејмер е персоналец ама ајде нема врска).
    таблетот е повејке за филмчиња гледање за слушање музука поврзан со звучници и така некои полесни и поедноставни работи.
    Додека ако сакаш да работиш програми да чепкаш по некои други попрофесионални работи секако дека ќе ти треба лаптоп бидеќи има големи предности за разика од таблетот.
    Јас најискрено би одбрал лаптоп прво е господска работа си го ставаш пред тебе на маса и си куцаш како господин (јас малце со тоа глувчето сто е вградено на таблетот не се снаоѓам мн го малтретирам).
    За било која работа лаптопот си е лаптоп.
     
    На Eva22 и Victorian им се допаѓа ова.
  16. Melania122

    Melania122 Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    лаптоп си е лаптоп
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    За стил не те разбирам. :D
    Јас таблет си имам ефтин е ама ми врши работа за читање на .pdf книги. лаптоп имав ама и тој го наоѓав не многу комфортен пример во скутот се дрвуваш вака таблетче рацете на градите и шибај цел ден :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно лаптоп !
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Лаптоп, дефинитивно. Таблет може некој со поскромна цена, за основни работи. :mp:(wfh)
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.776
    Пол:
    Женски
    Зависи за што ти треба.
    Јас цртам на лаптоп, плус имам iPad што го користам за се останато освен цртање во аутокад и ми се наоѓа многу, од фаќање белешки, до покажување разни цртежи, до гледање филмови, цртање со apple pencil на него и милион други работи.
    Ама за работа, лаптопот ми е незаменлив. За рендери користам pc, иако може да ми се најде и лаптопот.

    Амаааа, клучното е дека мене ми е многу важно да имам добар лаптоп, добар персонален компјутер, а таблетот дополнително ми помага, бидејќи користам повеќе програми и работам на нив.
    Ако ти е само за гледање филмови и дремење на социјални мрежи, и таблет ќе заврши работа.