1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ласерска депилација на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Blondydevil, 2 јули 2011.

  1. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Вака девојќи, ми требаат ваши мислења во врска со ласерската депилација на лице. Сакам да направам депилација на брадата, ме интересира колку чини, какви се последиците после и дали навистина е трајна како што читам по разните web страни |( Бев прво на кожно, ми кажаа дека прво треба да направам повеќе испитувања, бидејќи било хормонски поврзано. Незнам како на друг начин би го решила проблемот со несаканите влакна на лицето, така да добредојдени ми се вашите мислења. Можеби ја има веќе отворено темава, ме мрзеше да пребарувам... :lol: :*
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Знам неколку примери со девојки кои иделе на ваква депилација, последици немало но не е трајна, по некое време пак се појавуваат.
     
  3. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Значи вака, со еден третман нема шанси да се отстранат. Потребни се неколку третмани во зависност од самиот организам. Кај оние што имаат хормонални проблеми ќе оди малку потешко, повторно и повторно ќе се појавуваат, проблемот треба да го решат на поинаков начин, т.е. кај ендокринолог
     
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Не дека потценувам некој,ама јас се сметам за специјалист на темава,можам книги да напишам,и се на база лично искуство(најверодостојно е нели :) )
    Влакната кои излегуваат по лицето( или и по цело тело-гради,стомак),можат да се отрсанат со ласер,кој не е ни малце пријатен,напротив,мн е болен.Мегутоа,пред да се почнат со третманите(кои се зависност од регијата на влакнестост,а за лице е обично околу 6,може и со 4 да се помине,а може и со над 6),пред се,најпаметно е да се направи хормонални испитувања и ехо преглед,за да би се востановило дали станува збор за пореметување на хормоните и нивно покачување или проблем со јајниците.
    Доколку ги направите испитувањава ,и ендокринолог види дека се е во ред,тогаш влакната ке се решат со ттретмани,но доколку имате дизбаланс во хормоните,решение е третмани+терапија на база на таблети(најчесто давани се јасмин и диане 35),која терапија може да трае 6 месеци,1 година,но и повеке.
    Најпријателски советувам,никако да не факате на своја рака нит таблети,нит третмани,туку да се започне од испитувањата,пропратено со контрола од ендокринолог,кој насоодветно ке ви дава упатства.
    Што се однесува до самиот чин на третмани,за тоа има повеке ординации(Дерма медика,др Анчевски) и за целата брада(делот кај ушите,надосници и брада) е околу 6000 денари,а доколку сакате пример само надусници или др помал дел,цената е 3000 денари.Третманите се прават на растојание од 40 дена,а самиот еден третман трае околу 15 мин,и уште 5-10 мин ладење отпосле на лицето.
    Незнам колку јасно објаснив,не е баш едноставен процес како што можете да приметите,ниту краток,но мислам дека комбинацијата од редовна терапија и приджување на истата ,и ласер третмани,вродува со траен плод.Ако има прашања,тука сум :)
     
    На yefua1 и Antebellum им се допаѓа ова.
  5. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    ооо ми изгледа многу сложено и долготрајно, а и не е баш пријатно за џебот.. :worried: фала за информациите Руби, сепак ќе размислам зошто сакам што побрзо да го решам проблемот... ме интересира уште дали можам на друг начин да го решам проблемот, што побрзо, на пример со обична депилација, или пак дали постојат некои креми или таблети што нема да ми предизвикат несакани последици :) Фала ти уште еднаш :*
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не е пријатно бидејќи парите доаѓаат наеднаш. :)
    Инаку ако се пресмета колку потрошиле епилаторите, депилаторите, кремите, бричевите, депилациите на козметичар доаѓа исто, а и поевтино.

    Јас одма би направила, не тука. Фуфка ми е.
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Брадата ти е околу 8000 денари, сосе мустаќите. За кај Др. Анчевски зборувам.

    Како што ќе одминува времето и како што ќе ти паѓаат влакната, цената ќе се намалува. Пред да почнеш со третманите, ќе биде потребно да направиш хормонски тест, барем во случајот со мајка ми беше потребно.

    Мајка ми, после третманите, имаше случаеви кога доаѓаше дома со пликови, изгорена од ласерот. Преживувала невидени болки, но како велат, трпела за убавина. Како што минуваше времето, влакната навистина се намалуваа. Имам објаснето и во друга тема, но ајде и овде да појаснам. Ласерот ги гори влакната, а откако едно влакно после третманот ќе ти падне, повеќе од тоа место нема да изникне ништо.
    Имам читано по нетов за дали тоа навистина се работи за трајна депилација, или повторно за нешто привремено, но резултатите што се постигнаа кај мајка ми ме уверуваат во фактот дека се работи за трајно отстранување.

    Како и да е, и јас да би имала потреба, би ја направила. Некогаш едноставно нема друго решение, а проблемот си е проблем и тоа навистина голем, непријатно е во секој случај. И се имаа појавено неа по пораѓањето, а поради тоа што одолговлекувала да отиде на такво нешто, плати ем тродупло повеќе, ем на повеќе третмани беше принудена да отиде. Не и се познаваа нешто ептен многу, но некогаш е доволно сам да знаеш дека нешто не е во ред и како што сакаш на своето лице, тело, па се трудиш на сите можни начини да го измениш.

    Мој совет ти е да отидеш, пробај, ништо не можеш да изгубиш. Со среќа. :)
     
    На Blondydevil му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Др начин за трајно мислам дека нема,а за моментално и брзо решение ти е депилација обична на лице по козметичкиве салони,со резултат 2 недели раат и ништо повеке.Не се залажувај дека ке се изретчат,можеби да,но после години депилирање.
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    со еден третман нема шанси да се отстранат толку добро би требало повеќе третман за целосно отстранување..
     
  10. mkdpp

    mkdpp Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Трајна депилација

    ме интересира дали има некој со вакво искуство или пак подетални информации околу третманите и цената.Особено ме интересира дали се прави на лице и пределот околу очите(мислам на делови од вегите кои се непотребни и досадни) ???? :D
     
  11. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    и јас имам ваков проблем,но не би одела на козметичар,,тие што веке биле многу ми се =алат дека уште полошо ги направиле..па сама правам шекерна депилација,на природна база е..добра е,,ти светнува веднаш лицето...иако ефектот е само околу 2 недели....а порано немав вакви проблеми,или гфи имав помалку,,,но откако почнав со ленти веет да се депилирам и сега ми изгледа дека се згуснале многу повејќче..сега само со шекерна депилација се додека да ги изретчам малку,да ги смирам..
     
    На siki18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Девојки дали можи да се отстранат влакната засекогаш со ласерска депилација, дали е штетна и колку кошта?
     
  13. lana.18

    lana.18 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Мислам дека не е штетна ама дали може засекогаш да се отстранат ??? :'( ;( ;( ;( ;(
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    За штетна и јас мислам дека не е а и знам дека можело засекогаш да се отстранат :nod: само нзм каде и колку кошта.
     
  15. lana.18

    lana.18 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    И јас се согласувам со Лејди ин де дарк ,ја сакам депилација на надусниците :(
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    143
    Не е штетна, само што во светски рамки не постои таков ласер што ке ти гарантира дека засекогаш ке ти исчезнат сите влакна. Процесот зависи од генетика, хормони, евентуални заболувања... Јас одам кај еден лекар во аеродром и сум многу задоволна ( не е нешто екстра скапо). На предходното место каде што одев не бев воопшто задоволна. Има решение и не си единствена со проблемов ;)
     
  17. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Бил некој кај санте плус? Ме интересира колку е ефективно и секако цена?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gabioxy

    Gabioxy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    devojki dali imate iskustvo vo derma medika za lasersko otstranuvanje na vlakna??? se mislam dali tamu da odam ili vo derma plus vo aerodrom???? ve molam za mislenje i iskustvo ne e nekoja golema razlika vo cenata megutoa vlaknata poveke ne se trpat :(
     
  19. Femiz

    Femiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    18
    Дали знате некој добар козметички салон во Скопје кој прават трајна депилација на лице?
     
    На Lily92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    892
    Женски дакам да идам на Ласерка депилација за пола нозе и пазуви, Санте Плус имаше предобра понуда па се мислев да одам ..Ќе може некој да напише искуство?