Имам уште ептен малку, ама веќе не се ни приметуваат, изретчени и воопшто како да ги нема, но се' уште имам преостанати сесии, 3 или 4.
Дали некој има искуство за ласерско отстранување на влакна во домашни услови со филипс, mullein, ласерот stymee и слични што се нудат на пазарот? Дали сте задоволни и дали со нешто ги премачкувате или заштитувате бемките?
Сакам да правам ласераки третман на цело тело плус лице бидејќи имам полицистични јајници но и чувствителна кожа кај интимата и бикини зоната(поради тоа сакам ласер). Апаратот кој го користат е Elysion Pro па ако некој има искуство нека сподели. Се двоумам бидејќи не знам дали целосно ќе се ослободам од влакната.
Здраво ,сакам да направам епилација на лицето имам PCOS и нормално ми растат како машка брада боцкави ,меѓутоа во пределот на образите ми се потенки како “бебешки” не ми се баш светли тука ама не се ни темни,дали и тие да ги направам или не,некое искуство. Прочитав некаде дека како контра ефект може уште повеќе да ти растат и ме фаќа страв сега.
@Крисмис јас сум задоволна од Лумеа. И за тело и за надусници и брада. На образите тенките влакненца не сум пробала да ги отстранам не ми сметаат. На лице прво со професионален ласер ги имам отстрането уште кога не постоеја апарати за домашна употреба. Со Лумеата само одржувам. @lilsomeone јас имам ПЦОС и сум прилично задоволна од ефектот на надусници и брада. Имав баш мнгоу темни влакна и кај мене се проретчија. Не се скроз ама е супер во споредба со тоа што беше. Првите третмани ги направив пред скоро 20 години. Од скоро со Лумеа дома поминувам пак и добро е. Како што пишам на образи не сум ни пробала зашто тие тенките не ми сметаат. Инаку ефектот на ласерот е најголем колку што е поголем контрастот меѓу бојата на кожата и бојата на влакното. Јас сум со ептен светла кожа а ради ПЦСО имав баш темни влакна и ласерот супер дејствуваше.
Никогаш не сум правела, ама во последно време размислувам да направам на надусници. Немам Лумеа, не се разбирам така да не би си играла на своја рака па ако може некоја да ми препорача проверено место во Скопје? По можност Карпош/Центар, тој реон.
Третманите се прават на 6 недели, уплаќаш пакет од 6 третмани (6.000) денари и плус две ти следуваат од нив значи вкупно 8 третмани се. Пред да одиш треба да ги бричиш само влакната и да се поминати 3 недели од последна депилација со восок. Мене лично доста ме болеше дека сум нежна таму, ама среќа кратко трае.
Можеби си одговорила веќе, но кога е најпрепорачливо да се прават ласерскиве третмани? Се мислам дали од септември/октомври здравје да планирам нешто вакво, какви се препораките генерално?
Да ти кажам не ми кажаа ништо такво, мене лани и лето ме фати и морав одма да мачкам СПФ, меѓутоа мислам дека поради осетливоста на тоа место и изложувањето на сонце е подобро во зима да се направи зошо мене ме печеше искрено. Прво многу ме печеше одма ставањето СПФ на надусниците, после тоа до дома додека се вратам сонце ме печеше, и ич не ми беше пријатно. Планот за на есен ти е супер.
И мојата логика вели така. А и крајно ме нервира депилирање, затоа што многу се нафрлам па мислам дека ова ми е подобра опција. Плус ценава навистина фер. На колку време се препорачува да се повторува постапката?