Дали има некој кој учел латински јазик и добро го совладува ??? Ми треба помош да преведам текст од кој ми завси оценката !! Ако има некој кој знае ќе го пратам текстот Фала однапред!
Латински ... А да го поставеше ова во „Сакам да прашам?“ Или да се промени темата на дискусија во некој друг правец во врска со латинскиот...
Латински ... Среќа ќе се спасам годинава од латински, и стварно нема потреба во ОА-смер само ај! Најглуп јазик што може да постои и ич некорисен. Ај завршив јас, ги жалам тие што ќе го учат
Професорот по латински беше закон... се умиравме од смеење секој час. Ама имат и огромна минуска од мене бидејќи ништо не не научи. На пример, можеше секој час (тоа е 2 пати неделно) да учиме по една поговорка. Ама не... го мрзеше господинот, ерген невиден.
Имав учено латински јазик,ама морам да си признам дека имам и подзаборавено малку не е тежок латинскиот јазик, интересен е, само треба да се има желба да се научи.Но многу значи и тоа каков професор имаш за добро да го научиш јазикот, потребно е само граматичкиот дел да се научи за да се совлада добро, што е основа,плус преведувања.Јас имав професорка по латински, според мене не предаваше добро, а и сакам пак да се навратам/ потсетам на тоа што сум го учела, бидејки ме интересира. Нормално дека ќе се заборави,затоа што е изумрен јазик и не се користи во секојдневна комуникација, евентуално нешто читање на стари книги или нешто што е поврзано со латинскиот јазик, па со самото тоа не може да се заборави.
Имам учено латински јазик но и сега многу добро го совладувам....Жалам за оние кои не успеале добро да го совладаат латинскиот јазик но не секирајте се, се во животот може да се постигне но со малку повеќе труд....Колку добро ќе го совладате тоа некогаш зависи и од самите себеси и од наставниците кои предаваат...
Имам учено латински во средно, и не ми беше многу тешко, ама беше многу здодевно. Среќа што го учев само една година. Граматиката не ми беше воопшто едноставна, ама со повеќе учење ја совладував добро. Среќа што професорот не беше многу строг.
За жал во нашата генерација овој јазик беше укинат ,тие пред и после нас го учеа ,само ние не. А толку е мистичен и интересен...
ААААААА, ептен мистичен, кога треба тоа глупите падежи да ги учиш, а ае е... младоста ми ја земаа! Го учев две проклети години. Нешто што најмногу мразам е да учам на памет, а јазиков освен учење на памет, нема друг лек. Граматиката мораш да ја бубаш, падежите исто, глаголите напамет... значи ми беше малтретирање да го учам. Веројатно оти никогаш не го сакав, па имав некоја таква одбивност спрема јазиков. Секогаш имав 5ки, ама, ви викам, младоста ми ја зема јазиков. Единствен интересен дел ми беа поговорките. Бидејќи нешто ми тропка во главава, успевав да ги преведувам поврзувајќи ги со зборови од другите јазици. Е за ова ме пофалуваше професорката. Инаку женичката ни беше океј, малку строга и забегуваше на моменти. Запна на крај година, да сме повторувале за цел материјал од претходните две години. Ние еден ОЛКАВ куп за учење за матура, она сака да повторуваме, а латински на крај памет не ти е кога имаш 5 предмети за полагање - није била нормална. Среќа не одев на школо во мај, којзнае како преживеав без да ме испраша. Сакаше да преведуваме додека не ѕвони и малку личеше на тие девиците Весталки. Ај, битно заврши, латински, неврмор.
Имам учено латински јазик само една година така да и не нешто посебно навлегов во неговата срж. Некако материјалот ни беше доста голем и интензивно ги земавме лекциите. Не ми беше многу тежок бидејќи и не ни бараа некои тешки филозофии. Заборавив на колку лекции правевме тестови ама со учење се добиваа и петчиња. Во мојата струка имаме солидна потреба од јазиков и тогашното учење ми помогна доста многу за понатаму. Не дека којзнае колку се сеќавам пример на падежите, ама од начинот на читање (кое е најважно за мене) ми има останато нешто во главата , а тоа што не ми е (ако некогаш се јави потреба) ќе се консултирам со некој кој знае многу повеќе од мене. hock:
Јас мака измачив со јазиков. Лесен е ако го учиш со срце, и ако не ти е префорсирано. Пусти ние, имавме толку материјал, немавме учебници и професорката сакаше се да знаеме што ни а ни б не знам сега. Падежите душата ми ја извадија. Инаку сакам да го научам, ама како и каде понатаму, немам поим.
Учев латински во средно и од тоа ништо немам запамтено, апсолутно. Сега на факултет со латинскиот јазик се среќавам секојдневно, ама сепак ги познавам само стручните изрази и зборови, а од граматички аспект, сите тие правила коњугации и деклинации не ги владеам..
Знам латински, не ми е веќе толку тежок ко што го доживував отпрвин... Логички се учи, ако знаеш англиски, шпански е многу полесно.
Штета што го учев само една година...Огромна штета Сепак голема благодарност до проф, поради која перфектно го научив латинскиот Иначе го сакам многу. Бог знае колку пати ја имам прочитано таа книгата која ми ја подари професорката по латински... Јас многу го засакав, не знам за другите... Но сепак многу зависи од професорот
Учев латински 2 години и можам да кажам, срам да ми е, искористувавме тоа што професорот беше млад, заедно излевавме во ист кафиќ, и заедно дури и пиевме текили на шанк.... Значи оцената така ми ја ставаше, пријател нормално, но јазикот како јазик нешо знам, нешо не, но имам големи пропусти кои нема шанси да го надокнадам сега.
latinskiot jazik e nesto najubavo (ja gi znam site jazici no ne japonskiot i arapskiot ) i rock.007 ako ti treba neso po latinski obrati mi se na mene