Јас учев во прва година латински и тоа само деклинациите и падежите. Знам медицински поими на латински, тоа што ми е поврзано со струката. Дурго слабо. Иначе јазикот е мртов, не може да се зборува, а ми изгледа баш како интересен јазик за учење и зборување
Многу е интересен Латинскиот јазик Имам учено уште во 5то одд, поговорки на латински, т.е. имавме изборен латински, мене ми беше многу интересен
Го учев во прва година и многу ми е тежок, а и плус професорката не знаеше да предава убаво, всушност и ретко кога ни предаваше, а бараше многу од нас. И уште од тогаш го замрзев и ден денеска не го сакам, нити сакам да го учам Знам нешто, ама кога нешто не го учиш подолго време се заборава
Го учев две години и знаете што научив? - Ништо. Секој јазик се учи на памет (не може поинаку), но со сите тие падежи, напорната професорка со која мораше да се искористи и последната минута од часот и не испрашуваше на 7ми јуни, а можеби и поради тоа што јазикот веќе не се користи (зборувам за падежи/деклинации), нема литература за читање, не може да го слушаш негде...не запамтив ништо освен неколку поговорки.
Јас моментално учам латински и морам да кажам дека ми е доста интересен. Сакам да ве прашам дали има некој од вас што учи медицина да ми каже на факс што/ како се учи латински? (видов некои коментарчиња погоре поврзани со тоа, па да прашам подетаљно )
Јас не учам латински и не сум запознаена со него, но од септември ми е во смерот и искрено не го сакам ама ајде.. кога се мора :/
Девојки дали некоја може да ми ги напише правилата за читање на латински јазик.. Доколку ги знаете повелете помогнете
За кој поточно ти треба? Традиционален или класичен латински? Како и да е, ќе ти ги напишам и за двете. Традиционален: - ae, oe= e. Пр. poena (казна) = пена, graecus= грекус; - Гласот c пред ae, oe, eu, y се чита = ц; - ti - меѓу вокали се чита „ци“; - s меѓу вокали се чита „з“; - th= т, ch= х, ph= ф, x= кс; Класичен: - Гласовите ае, ое - се изговараат и двата како што се пишуваат, или ае= ај, ое= ој; Пр. Caesar= Кајсар; - c= к, s= с, qu= кв; Пр. Аqua= аква, lingua= лингва; - th, ch, ph =тх, кх, пх;
Да ти кажам поима немам дали ми треба традиционален или класичен, конкретно ми треба за да прочитаме латински имиња на растенија по ботаника на едно девојче, јас дел и ги прочитав ама некои правила ги имав заборавено конкретно тоа со гласот Ц кога се чита Ц а кога К. Така да јас треба да користам традиционален или класиче во случајов
Јазикот јас некако како сунѓер се сторив за латинскиот...го сфаќам...петки,петки..ама ете згрешив еднаш и добив четворка и сега сум нервзона заради тоа..ете тоа е...интересен ми е,а и ќе ми користи бидејќи се мислам понатака за на историја нешто да продолжам,а историјата со латинскиот јазик имаат и то каква поврзаност
devojki. prvo da se izvinam za latinicata, od mob. sum e sega ona sto sakav da prasam e.. dali nekoja od vas ima odlicno poznavanje od latinskiot jazik ? zosto mi treba da prevedam 3, 4 recenici nisto strasno nema mnogu da ve tormozam. Odnapred blagodaram.