1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лаш Кеплер (Lars Kepler)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Dream-Girl, 16 мај 2022.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Лаш Кеплер е псевдоним на брачен пар од Шведска кои пишуваат книги заедно.

    Некои од нивните најпознати книги се: Кошмар, Сенка, Хипнотизер, Ѓаволот дојде по своето, Лазар, Сендмен.

    Нивната книга Сендмен е адаптирана и како филм насловен “The Sandman”.

    Многу ми се допаѓа нивниот стил на пишување и сите книги ми се одлични. До самиот крај ми ја држат заинтересираноста. Нема нивна книга што не ми се допаднала, па затоа и не можам да издвојам баш најомилена книга. Сите ми се прекрасни и дури би ги читала и повторно.

    Кои се вашите мислења за нивните книги? Кои би ги издвоиле како најомилени книги од нив?

    Филмот лично уште го немам изгледано, но планирам кога ќе сум слободна да го изгледам зошто би сакала да видам како е адаптирана книгата. Иако верувам дека книгата има повеќе детали и не очекувам да е подобар филмот од книгата, но би сакала да го погледнам и него.
     
    На emiliana, CareTee и Mishela им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано само „Кошмар“ и ми се допадна. Само доцна видов дека е втор дел всушност и тогаш сфатив дека се работи за серијал па ми се скрши филмот што не почнав од почеток да ги читам. Еднаш нема да проверам што читам и утки. :lol:

    Ги сакам овие крими детективски романи, ама ме нервира тоа што најчесто книгите се собрани во голем серијал и колку и да е секоја книга приказна за себе, сепак има некоја поврзаност. Се гледа развојот на детективот, има тука и таму делчиња од неговиот живот па фалат некои работи сигурно ако не се читаат по ред. Некогаш ќе му седнам на серијалов и ќе го дочитам до крај.
     
    На Dream-Girl и CareTee им се допаѓа ова.
  3. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Ги имам дома сите освен последниве две Лазар и Сендмен. Ја имам прочитано Кошмар и Ѓаволот дојде по своето. Овој жарн ми е еден од омилените, но како и Мишела баш се разочарав кога видов дека се серијал, па Хипнотизер долго време ја немаше, после кога ја препечатија ја набавив, но никако да најдам време да им посветам убаво да ги прочитам од прва до последна. Обично секогаш кога е серијал гледам прво да го набавам целиот па да почнам да читам. А за вакви серијали ми треба период кога сум по релаксирана и повеќе време и внимание да имам да им посветам.

    Моментално таков ми е периодот што сакам да читам лежерни книги што не бараат многу внимание и пазење на детали. Што би рекла чик лит, за релаксација.:D Затоа ќе почекам додека им се посветам пак.

    Кој е називот на англиски на Ѓаволот дојде по своето, или редоследот на книгите го знаете?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    The fire witness.
    Screenshot_20220516-135234_Chrome.jpg
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    „Ѓаволот дојде по своето“ е трета по ред од серијалов, на англиски насловот е The fire witness.

    Инаку вака одат по ред:
    1. Хипнотизер
    2. Кошмар
    3. Ѓаволот дојде по своето
    4. Сендмен
    5. Сенка
    6. Ловец на зајаци
    7. Лазар

    Мислам дека толку се. Ама Матица како ме нервираат, секогаш хаотично ги преведуваат серијалите. Додека ги собереш, ќе ти се отчита. Јас само „Кошмар“ ја имам на македонски, другите си ги симнав и на Киндл ќе ги читам.
     
    На emiliana и CareTee им се допаѓа ова.
  6. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    @Mishela Матица ужас!!! Мал милион пати им имам кажано за ова, не е само со овој серијал така. Незнам зошто така прават, стварно не ми е јасно. Нема логика. Стварно имаат убави акции и добри попусти прават, голем дел од книгите ми се од таму, но Сакам Книги барем за ова се подобри, си одат по ред со серијалите. Верувам дека многу им имаат реагирано на Матица за ова и незнам зошто не се подобруваат. И за книгите на Тес Геритсен истото го прават.
     
    На KateKaterina, emiliana и Mishela им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано само Хипнотизер и од тогаш некако ги заобиколувам. Не знам дали беше до преводот или до самото пишување, некако ми беше напорно и досадно.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав Хипнотизер , интересина ми дојде. Сите ли книги од овој пар се со ваков стил и тематика пишувани ?