1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од нина122, 22 февруари 2020.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Само закон за посвојување на миленици.
    Казни за напуштање. Исто како дете да имаш.
    Не може земи го сега и после ќе ти здосади.
    Сами на улица не се створиле.

    Само не ми е јасно кој закон е тоа, да се убиваат.. па нели ги сакаат животните, загрижени се за нив, нели треба прво да пробаат да ги излечат???
    Огромни измени во закон треба.
    Не може толку неодговорно да се постапува.
    И нормално animal police...
    Нема време за тоа кај нас...
    Има побитни работи кои само ним им одат во прилог и на никој друг. Џебот да е пун. Народот не е битен.
     
    На темјанушка, Annora, dayla и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Сум гледала по ТВ во права судница со судија ги судат зошто не го чувале кучето како што треба (не му имале ставено убава куќарка и кебенце ), а недај господе да го удриш и да те пријави некој, ееее каде сме ние, едно општество се познава по третманот на животните
     
    На темјанушка, dayla, thequeen95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ја носам мачката на ветеринар у такси. Мачката ко госпожа у транспортер седи и гледа.

    Таксистот со хехе и хаха муабети, ми вика ееееееее, шубаво, маче си чуваш.

    Викам да, да, си го најдов на улица и си го земав.

    Вика, абе купив јас и едно ангорче или персиско, не знам какво беше... за детево, за малово да се радува. (прв тригер алерт - мачка за мало дете? ХМ)

    И вика си играше детево, кога гледам, еден ден, мачката му 'ржи. И дошла сезона за парење, нервозна, ауууууууууу вика, одвај 6 месеци дома ја дочувавме, одма почна да сака да се пари... ај малечко интересно ни беше, ама на толкава мачка, шо ќе и праам бе? (втор тригер алерт - уау, мачките растеле?! Кој би рекол)

    Вика коа фанав, ќе ти ибам и мачка и све, ја џитнав пред зграда. Она ќе му 'ржи на детето мое, очи да му ископа. Ене и фрлам некогаш јадење, 4 пати се омачи минатата година.

    Јас овде онака :|

    Викам ама маче и мало дете од 3-4 години.. не иде некако... не сакааат да ги замараш... кучињата се можеби потолерантни... а и требало да ја стерилизирате, ќе била помирна... а и греота е да раѓа толку многу.

    ДА БЕ, ќе ја стерилизирам, секој месец трошоци за неа, ваква храна, таква храна, уште за тоа.... како на болен ќе и' принесувам... не е мачка за внатре, ајде таму фрли ја, ќе си се снајде. Ене ја пред зграда, ништо не и' фали.

    А да, будалче пошо сум си трошела пари да ја стерилизирам и чипирам. И ТРАНСПОРТЕР ИМАЛА?!?! А тек да му кажам дека и со пасош е спремна да се сели подалеку од будали ко него?!

    Оти мојата мачка си ја гледам посалам од некои шо си ги гледаат децата, ја стварно останав без зборови. :(

    Дијалогов кажува се' што треба да се каже на тема бездомни животни. Мачиња или кучиња, сеедно.

    Од неговата ангорка или персиска мачка, моментално има уште минимум 12 бездомни мачки само во текот на минатата година. 6 ако се женски, и од тие 6, ако преживеат 3, ќе има уште 3 х 12 мачки. Секоја година. И после нивните деца пута и пута и пута толку.

    Истото се дешава и со кучињата. Женските кучки се гледаат како колатерална штета оти треба да потрошат дури 50е да ги стерилизираат. Мизерија жива.

    Ова додека не се реши, ништо не правиме.

    Едукација, едукација, едукација и само едукација за рајата што зема и фрла животни кога ќе пораснат или кога ќе видат дека треба да го шеташ, раниш и носиш на ветеринар.

    Не Лајка, свети Лајка не го оправа овој народ.
     
    На темјанушка, glosipgirl, MeowMeow и 10 други им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.576
    Пол:
    Женски
    Смешно ми е колку е трагична ситуацијата.
    И таа што бараше прееска по групи на фб за миленици маче мало за детето сакала.
    Сакав да и пишам дека мачката не е играчка и дека ќе порасне.
    И детето ако е мало како ќе ја чуваат.
    Ама викам ај да не ме исфрлат од групата малку се леви.
     
    На candy.cane и Doozy им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Да бе и уште те прават дека си мрдната и будала што се тресеш на мачето или кучето. И за жал ств ќе испаднеш за рајата невоспитана. Срам ми е од менталитетот тука.
     
    На темјанушка, Doozy, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.576
    Пол:
    Женски
    Мене на неколку места ме имаат одбиено за во такси со кутре што го најдов во Центар и го земав.
    Па најдов до еден контејнер пакетче и го ставив внатре среќа не лаеше се качивме во автобус и каде што треба стигнавме.
    Ама мене ми е небулозно дека треба да имам транспортер за кутре од 1 кг.
     
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Абе добро за во туѓо возило прифатливо е сепак кученце и не знаеш што беља може да направи. Сум била сведок кога навистина колку и да го сакаш прави лом со влакна па дури и нужда извршува што си е сигурно сигурно е. Сепак има луѓе што се алергични и при самото седнување на тоа место. Е сега има и разлика од миленик до миленик во некои градови во Европа каде што сум била со миленици се влегува во бутици, трговски центри, секаде и искрено глас не му се слуша на кучето ниту ништо ниту пак досаѓа (може мене така ми се погодило), додека кај нас ќе го седнат во некои кафичи и кучето ти седи на маса ти диши во лице каде што има храна буквално ти рипа по храната, зинува, ти цвичи а сопствениците ништо не превземаат или трча низ цела тераса, а зборам за прилично големи кучиња. Сега може мене не ми смета ама мене не ми ни сметаат ни деца да трчаат по кафич ама има луѓе што им сметаат, се плашат или се алергични. Треба бар кога ќе земеш миленик да се потрудиш и да го воспиташ искрено мене ми е срам дома кога ќе ми дојде некој да му душка во храната да му досаѓа или да му цвичи на некој дури мези нешто, ниту па на нас домашните така ни прави ниту пак да оди по маса, не знам на луѓево како не им е.
     
    На нина122, Nausicaa и Doozy им се допаѓа ова.
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.560
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека ќе функционира онака како што треба. Ќе еутанизираат 90% од кучињата, бидејќи не знаат како поинаку да го намалат бројот, со изговор дека сите се болни.
    Не знам дали воопшто има решение за ситуацијата, со оглед на тоа дека до нас луѓето е. Кај нас тешко се вдомуваат животни, а и да се случи тоа знаеме како ги гледаат. Куче е тоа, нема гајле, врзи го во двор на 1 метар синџир. Кога ќе роди мали, фрли ги на првата кривина, немаат гајле ќе се снајдат. Ми се лоши искрено од самата помисла. И како после ќе нема кучиња скитници кога првенствено ние ги оставаме по улици? Многу се ретки одговорните сопственици кои ги стерилизираат кучињата и се грижат за нив онака како што треба.
    Не сакам да бидам негативна бидејќи најмногу и од срце сакам да се реши проблемот на најбезболен начин. Да не ги гледаме да се мачат по улици, него сите да бидат згрижени и да имаат дом каков што заслужуваат. Ама не знам дали има надеж за тоа кај нас, за жал.

    Патем, јас ги обожавам животните, ама тврдам дека куче напаѓа и без да го погледнеш. Чувам доста улични кучиња и да, повеќето се мирни, ама еве барем во мојот случај имам две кои напаѓаат се што ќе им помине пред очи. Мали се, досега никој не повредиле сериозно, ама исплашиле и тоа како!
     
    На Bezimenka90, темјанушка, нина122 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кога другарка неочекувано доби кученца (расни, со педигре со не знам ти што) она инсистираше да ги продаде. Прво не ми беше јасно, навистина немаа каде да ги чуваат ама кога ми објасни ја разбрав. Вика ако некој што сака да го земе кучево нема пари за да го земе (а не ги продаваше и по некоја висока цена, скроз беше во минус со вакцини и грижа на почетокот), нема да има ни пари за да го исчува. Куче е, си бара нега и грижа и да, ќе си се изнададеш пари. Секој за себе одлучува дали му вреди и и држи вода муабетот. Јас сум прва за посвојување од улица, сите мачки така сме ги имале ама реално знам примери како си го земале така и си го вратиле на улица.

    Претажна е сликата кога ќе видам колку ги има, и кучиња и мачки, И не е само кај нас, во сите "земји во развој", ене ја и Грција истото е. Фино рекоа и погоре, многу повеќе од еден стационар треба да се реши проблемот. Низ Европа им е решен со чипирање, со плаќање некој минимален данок за милениче ама сето тоа те обврзува да размислиш многу многу убаво пред да земеш милениче. Пред 10тина година пресмешно ми беше кога во Италија ми објаснуваше газдата зашто мачката им е со чип, ни расна, ни ништо, ама има смисла. Знам беа обврзани секоја година да ја "пријавуваат" мачката и плус секако со нивни податоци е чипот, да ја остават некаде, првиот што ќе ја најде ќе им ја врати.

    Рака на срце, повеќето што ги знам со милениче до кај 30 години се сериозни за истото и се посветени, не би го оставиле туку така. Сигурно има и исклучоци, ама тоа е мојот впечаток и искуство. Мислам дека кај постарата генерација е малце понезгодно, дали затоа што имаат друга слика што значи милениче или пак не знам, не сметаат дека треба толку да се обврзат и дека миленикот заслужува... Пак и кај нив има мнооогу мноогу исклучоци, не е е толку лесно да се генерализира ама реално, сменети се времињата. Едукација, едукација, едукација, да им здосади на луѓе ама да се опаметат.
     
    На Bezimenka90, Doozy и нина122 им се допаѓа ова.
  10. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не сфаќаат луѓето дека не е веќе 19 век и село па село без куче не е и дека кога ќе се решиш да земеш миленик е исто како да размислуваш за уште едно дете, па дури и поскапо и поодговорно може да е. Дека кога ќе се разболи и тоа треба да прими терапија, дека и тоа треба да посети ветеринар дека не треба да јадат само дробен леб во кисело млеко, дека не можеш да го оставиш дома цел ден да завива и лае без да го изнесеш надвор па уште и ќотек да изеде зошто извршило нужда дома, па ако не да те чека и кафе да испиеш после работа негде па вечерта ако имаш време да го прошеташ или ти лае од сабајле, а на нив им се спие зошто се пијанчат и пејат цела вечер па исфрли го на тераса на студов за да не го слушаш. Гнасен народ ни за куче ни за дете не е.
     
    Последна измена: 25 февруари 2020
    На Traveler91, Bezimenka90, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ја сум голем љубител на кучиња, уште од мала ги прибирав пред зграда и ги хранев и ден денес тоа го правам и највеќе мрзам кога некој ќе ми каже не го фаќај прљаво е, ко да други работи што фаќаме надвор почисти да се... До сега сум чувала две кучиња, и двете дочекаа длабока старост... Најстрого осудувам изживување врз животни и веројатно да видам некој дека малтретира куче/маче ќе му извадам очи без проблем. Дај Боже да се вдомат сите улични кучиња и да ги нема веќе по улиците да се мачат и да чекаат милостина од луѓе кои најрадо би ги отруле.
    Ама дечки...
    Понекогаш не го разбирам оној фанатизам кој го гледам по групиве и како оди во сосем погрешна насока.
    Многу луѓе омразата кон човековиот род ја кријат со овие активности.
    Не се сите луѓе трујачи.
    Има и добри луѓе.
    Можеби има и луѓе кои одбегнуваат кучиња од некаква причина, но никогашн не би ги повредиле.
    И не можете да кажете дека кога куче ќе нападне, секогаш е човекот крив.
    Мене куче не ме нападнало, затоа што знам како да им пријдам.
    Но има кучиња кои напаѓале невини деца, дали од страв, дали од болест, неважно што се однесува до последиците.
    И нормално дека и покрај целата љубов која ја имам кон кучињата и не дај Боже утре на крволочен начин ми го нападне детето, ќе го задавам со голи раце напаѓачот. Куче или човек, сеедно.
     
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.576
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека човекот е секогаш виновен.
    Но размисли малку.
    Тие се гладни,шуткани,тепани итн од скоро секој кој ќе помине и името им е мрш и чибу.
    Секое живо суштество сака да биде убаво третирано.
    На постарите им е сеедно за кучињата.
    Повеќето**
    Научени се кога ќе им здосади да го фрлат негде.
    Сум била сведок каде близок роднина ја остави хаската да се породи и после 2 месеци сите кучиња на улица ги фрли затоа што му беше скапо да ги вакцинира и даде само едно две.
    И реков на мама да го праша каде му се кучињата бидејќи јас видов како ги објавуваат за вдомување.
    И рекол на мама појма немам негде ми отидоа не знам кај се.
    Како може да не знае нели?
    2 да дал,другите 5 кај се???
    Сакам да кажам:
    Дека можеше да си ја кастрира кучката на време или пак кога имаше за хаска пари да купи со педигре зашто тогаш не ги жалел парите.
    Мене ми се гади од овие постапки на луѓето ама за жал кога нема закон.
    Ги објавуваа од здружение за заштита на животни ги прибрале а он појма нема каде му се или ја заборавил улицата каде ги фрлил.
     
    На Bezimenka90, Doozy, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @нина122 те разбирам, но друго ми беше поентата. Во моментот кога куче крвнички напаѓа човек, не е недозволено да се преземе соодветна мерка за спасување на човековиот живот, бидејќи со куче не можеш да се пазариш.
    Има многу фаци од тие што се по групиве за животни, кои изигруваат анимални фанатици и ако куче нападне човек, почнуваат да пишуваат гнасни коментари во стилот, требаше да го искаса, раскине, утепа, човековиот род е зло итн.
    Тоа ми беше поентата.
     
    На Youknow и нина122 им се допаѓа ова.