1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лајкови

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wonderfulx, 6 јули 2013.

  1. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Нова сум на форумов знам дека добри совети давате и сакам да ве прашам нешто
    Дали луѓето кои ги имате на фб за пријатели или еве тука на фемина ти проценувате по тоа колку лајкови имаат на фб пример на сликата а овде на мислењето??
    Зашто повеќе од моите пријатели ги проценуваат луѓето по тоа колку лајкови има на сликата на фб, ако има 100-200 лајкови веднаш му се лижат и сите сакаат пријател/ка да му биди а ако имаат по 20-30 сите сметаат дека е грд/а,глуп/а и дека не заслужува да има пријатели.
    Што мислите вие?
    Можеби ви е глупава темава-избришете ја доколку ви е.
     
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    На фб имам пријатели само луѓе кои вистински ги познавам,и роднини.
    Доколку би имала поголем број на "пријатели" сигурно нема да ги проценувам по бројот на неговите/нејзините лајкови на слики или колку коментари му/и се оставени.
    Се додека лично не запознаам некого се воздржувам од секакви коментари.Уште помалку па да сакам да се дружам со некој врз основа на тоа колку лајкови има..глупости. |(

    Што се однесува на фемина,веќе подолго време читам различни мислења и совети,дел ми се допаѓаат,дел не.Добиените ѕвездички се резултат дека ти се допаѓа мислењето на некоја феминка,но тоа немора да значи дека доколку се запознаете ќе ви одговара дружењето.
    Едно е да ми се допаѓа нечие мислење,а друго е да врз основа на тоа мислење да изградам другарство.

    Јас имам по 30 лајкови на моите слики,но тоа немора да значи дека немам пријатели и дека незнам да се дружам. :)
    Мојот живот не се сведува на привлекување лајкови.Јас сум таква,ако некој ме сака,ќе ме сака и без ниту еден лајк :P :lol:
     
    На samovila.red., Lella, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    11.585
    Пол:
    Женски
    Имам една таква другарка (ако може да се нарече така :geek: ), се скаравме малку и ми вели:
    ,,јас имам по 200-300 ... лајкови на сликата,а ти само 30. Демек сака да каже дека немам другари/ки.
    Можеби јас имам 30 лајка на профилната, но барем знам дека тие се моите најблиски кои секогаш се до мене, ќе ме бодрат и поддржуваат. Ја прашав ајде кажи ми дали тие истото ќе го сторат за тебе? Ништо не одговори. А знаете зошто !? Зашто сфати дека сите тие (200/300... ) луѓе,всушност и прават само ,,лице,, , а мене не ми требаат такви.
    Запомнете:
    :!: Подобро неколку вистински, отколку 1000 лажни другари/ки
     
    На Lella, Papillon.Papi и Wonderfulx им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Не обрнувам внимание на лајкови, ниту на Фејсбук, ниту на форумов, ниту било каде. И не можам да ги разберам луѓето што толку сериозно ги сфаќаат.
    Дилема е дали да им се смееш или да ги жалиш тие што се понижуваат и се глупираат за лајкови, чиниш едно евро им отчукува Фејсбук за секој лајк. |(

    Да ги проценувам луѓето според бројот на лајкови на Фејсбук? Сериозно? :^)
    Колку што знам, луѓето ги проценуваме според карактер, според човечки вредности, не според надворешен изглед, а најмалку пак според лајкови... :D Всушност, лајковите на слики на Фејсбук често не се мерка ниту за убавина, туку повеќе за шминка или голотија. :!:

    Ова па второто, за тие што се дружат со тие што имаат многу лајкови, ми е уште поапсурдно.
    Демек као деца во некој тинејџерски филм, што сакаат да се дружат со најпопуларни фраери и фраерки во школо, или...? :rofl: Да бе, сега јас ќе земам ќе се дружам со некоја шмизла и ќе се фалам, другарка ми има 300 лајкови на слика... Оф мори мајко. :rofl:

    Што се однесува до форумов, ни тука не им обрнувам внимание на лајковите (ѕвездичките). Тука ги проценувам членките според нивното однесување, мислења, комуникативност... Бројот на лајкови скоро и да не го приметувам.
     
    На MaggieTatum, SV1911, LittlePinky и 6 други им се допаѓа ова.
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Се почна да се врти околу тие лајковии :^) |(
     
    На Papillon.Papi, Wonderfulx и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Тоо девојки!!
    Само да беа сите како вас :( И јас сум иста како вас ама повеќето од моите “другарки“ ќе се отепаат за лајкови и постојано му се лижа на девојки/момчиња кои повеќе лајкови .За добра среќа си имам една најверна другарка која не е таква
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dafuqq

    dafuqq Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    поубо 1 like ама да не е молен и подобро да си облечена пристојно и да имаш помалку лајкови него гола да си ама тоа е сите за лајкови дури и маливе голи на огледало со iPhone лајковите не се мерило за убавината сите на fb слаби убавици лицето без ниедна мана а во живо :puke:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас не се замарам со лајкови :D Не ме ни интересира колку имам, ниту па друг колку има :D
    Животот е премногу краток за да броиш лајкови на фб 8)
     
    На alexa_dimoska и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Не зависам од лајковите, а најмалку на фб и на фемина. (И останатите форуми што ги посетувам)
    Што ќе ти се пријатели кои зависат од лајкови?
    Секој кој е зависник од лајкови неможе да биде вистински пријател, зошто ако најдат некој со повеќе лајкови од тебе, ќе те напуштат.
     
  10. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    Никогаш не сум ги проценувала луѓето според тоа колку лајкови имаат. Доволно пати, тие со по 500-600 лајкови се има случено да ми пишат на чет со линк од сликата и да молат за лајк. И што кога ќе го добијат? Не се ни поубави, ни попаметни! :^)
    А вистина е дека често оние, кои имаат по 500-600 лајкови на сликите се тие „популарните“ у школо или на факултет. Мене тоа ми е многу глупо, ама што да се прави.

    Еве јас пред некое време си направив нов профил, си ги додадов само најблиските, роднини, пријатели, школски. И се собраа едно 100 фб пријатели, имам 25 лајкови на сликата. А на стариот профил имав 1500 пријатели, 100 лајкови. Ама тоа не ме правеше посреќна! Но, не се сите како мене, ваљда, чим има такви што за лајкови на сликата и ќе се соблечат, па со задникот накај камера ќе сликаат, па напред ќе се наведнат за деколтето да им изгледа поубаво.

    Поентата ми е дека многу ги има што би направиле непромислени работи за да имаат лајкови на фб, а тоа е ТАЖНО! Тие лајкови никаде нема да ги однесат во животот.

    Е сега, за Ми се допаѓа на Фемина. Овде е малку друга приказната. Оние што се подолго време на Фемина, што си го имаат муабетот, се некако поприсутни, па на мислењата почесто добиваат ѕвездички од другите. Ама јас не генерализирам. Сите ги проценувам според тоа што имаат напишано, а не колку ѕвездички добиле за мислењето. Па така, има на форумот некоја/и феминка/и што имаат добиено многу ѕвездички, ама јас ни малку не го ценам тоа што го напишале. Ама сепак, тоа сум само јас, на мнозинството им се допаѓа...
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vendi

    Vendi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    А лајкови за политички партии деновиве? Луѓе се малтертирани да лајкуваат, да споделуваат статуси, да коментираат во позитивна смисла. Тоа е масовно и агресивно дејствување. До што ли стигнавме, кај ни е крајот и правото на избор и за една алатка како ФБ која (барем јас) ја сметам за забава и споделување на интересни нешта???
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Јас сум надвор од светот на толку посакуваните лајкови.Немам Фб-профил,а и не чувствувам дека нешто ми недостасува.Ниту бројам,ниту пресметувам,а уште помалку размислувам да се споредувам со другите...
    Јас сум си јассссссс ;)
     
    На Lella, LudaDevojka и Katerinceee им се допаѓа ова.
  13. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    На профилните добивам по 50 лајка. Имам другарки и другари со по 100 лајка и повеќе. Мене искрено ич не ме интересираат лајковите,но тоа не е така и со другите. Нормално дека тие што имаат 100 лајка се нашминкани,со проѕирни маици каде што се им се гледа...и они буквално те молат за лајк. Никогаш немам молено за лајк,а ниту пак ќе молам. Но жално е тоа што не размислуваат сите како мене. Со тие со по 100 лајка во живо не можеш нормално да разговарам. Они знаат само да оговараат. Така да не е се до лајковите. :!:
     
    На LudaDevojka и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ме интересира колку лајка имам на сликите на фејсбук,не ми е тоа на мене битно,а вебсајтови на фејсбук лајкувам само оние коишто на мене ми се допаѓаат,а не оние коишто ме молат преку пораки да ги лајкувам бидејќи истите тие се полни со вируси!Исто и на фемина не ми се битни лајковите,битен ми е само квалитетот,а не квантитетот! ;) 8) :* :inlove:
     
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Тинејџерките и те како се опседнати со лајковите и играат многу голема улога за нив. Тие ги проценуваат личностите по тоа колку лајкови имат, често и на форумот го има ова.
    Јас не спаѓам во тие. Не ме интересираат лајковите, ниту пак молам за лајкови или слично. На сликите имам 130+ лајкови, зависи.
    На форумот лајковите значат повеќе. Бидејки доколку имаш повеќе лајкови значи дека е добро мислењето, друго е форумот од фејсбук. А јас ни на форумот ни на фб имам многу лајкови и не се замарам.
    Живеам од леб не од лајкови.

    А ми се плаче кога ги слушнам овие моите другарки, таа имала толку лајкови, таа имала повеќе. Инаку имаат 200 лајкови и повеќе. Но сето тоа зависи од сликата. Сигурно нема да стават толку лајкови на слика кај што си облечена отколку на слика во бикини. :D
     
    На tweety-tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    На мојот стар фејсбук кој ми беше направен уште во 2009 или 2010 не се точно сеќавам ич д ане ве излажам имав повеке од 3000 пријатели и ги прифакав сите што ќе испратеа барање. Ама пред можеби 10 месеци го затворив тој и отворив нов и таму имам околу 200 пријатели и тоа само тие што ги познавам, други не прифаќам. Исто и слики, приватност се ми е направено само пријателите да ми гледаат. На стариот фб имав дури по 500 лајкови на сликите а на статусите по 70/80, а сега на овој не. На сликите околу 50 а на статусите по 20 или 20 и нешто. Сепак не ми се толку важни лајковите. Не се врти целиот свет околу лајкови. И да имат 5000 лајка и 5 да имаш да е исто. Важно е каков карактер имаш и колку имаш во главата а не колку лајка.
     
  17. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    61.277
    Немам ФБ и не размислувам за лајкови... Зарем е битно дали некој со лајк ке ми каже дека сликата ми е убава??? Па јас самата си знам дали нешто е убаво или не!!! Во животот има далеку поубави работи од лајковите кои што често пати се дадени ради реда!!!
    Топлата прегратка, убавиот збор, насмевката на луѓето со кои се сретнуваш - тоа се моите лајкови!!! :)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    32.716
    Пол:
    Женски
    Колку се луѓето пренесени само по лајкови..
    Пред некоја ден,една девојка ми праќа те молам лајк,за награда ми е |(
    И јас се чудам што да и вратам на тоа? те молам да си удриш еден јак бокс,за награда ми е
    Боже,боже..до кога фејзбук и лајковите ќе владеат со светот? До кога?
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ова на условен рефлекс кај човеколиките кучки ми личи... :lol: Газдага вели, собери 100 лајка, една кучешка бисквита како награда. :D
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Ги гледам скоро сите на фб по 100 , 200 лајкаа аман бре како ги собравте ? Што ли не е во ред со мене , јас имам по 30 -40 лајкови на сликите :lol:
    Не се замарам многу а и не лајкувам само оние што ги познавам.