Јас на фб имам на пρофилните по поκолу 30-40 лајκови само на една пρофилна од полуматуρата поρади ρадозналоста на луѓето да видат κаκо сум била облечена добив оκолу 100 лајκа. На едно девојче κое на сеκоја слиκа има едвај 20 лајκови буκвално ја понижуваа на фб и виκаа wow mn lajkovi imas srcka deka si kako prasica zatoa tolku mn. Тие κои и κоментиρаа се со по 700 лајκа на слиκите и пишуваат статуси " Ρеκоρдеρ сум нема што" и долу κоментаρи од дρуги bitches: Бρат да частиш за лајκовите... Толκу многу ми стана одвρатен фејзбуκот, пρемногу ρетκо се уκлучувам само κога ќе тρеба да пρашам неκој нешто на чат, посаκувам да го избρишам засеκогаш!
За лајкови на фемина лесно се добива , пиши си спасила маче куче од дрво или нешто и ете ти 20 одма.... За фацебук потешко али и таму може , сликаш се во секси облека и ете ги 100че за 5 мин. Во мое друштво никој не проценува некој според лајкови нити пак ќе проценуваат , така да неможам за ова да коментирам бидејќи не познавам никој што би проценувал според лајкови , не ни знам како може некој тоа да го прави , со денес е многу лесно да се добијат и ако имаш милиони лајкови незначи дека си одлична персона. Скоро секој ден ќе се појави некоја или некој со ај лајкни ми ја сликава или ова или она , знаеш за награда е ..... Сеа би ја блокнал или избришал ама стварно има јаки слики за гледање , јбг. Али баш сакам да доживеам и да видам за 20 години како ќе биде општеството ориентирано според лајкови и слично. Можам да замислам , доаѓа некоја и ко оние на филм со прстот мрда = bitch you cant be part of this group , you only have 50 likes , GTFO!
Лајковите не се никакво мерило за вредноста на еден човек. Со лајкови за бават неизживеани и прости лица. Паметен и нормален човек тешко.
Сериозно постојат луѓе кои ги понижуваат оние со помалку лајкови? Ете уште една прекрасна причина зошто не користам фејсбук веќе една година. Јас имам една другарка опседната со лајкови,се уклучува секоја секунда од телефонот да види колку лајкови добила на последната слика. За греота ми се тие луѓе,а да не зборам за оние што го демнат профилот на дечко им и гледаат на секоја што им ставил лајк и прават ретардирани љубоморни сцени. Опсесија е работава,оболеност.Мозоците им се испрани на поголемиот дел,како лајкот да има вредност. Пола од тие што имаат по 300 лајка,се прости особи кои не знаат две реченици да сврзат во живо и единствено што им лајкаат се пластичното лице,деколтето или напученото газе. Далеку ќе стигнат,ептен далеку
mnogu mrazam luge ko ke recat jas imam pojke lajkovi na fb od nea ili taa e grda i mizerna zato nema ni prijateli ni lajkovi. eve jas imam po 80 lajkovi i mozi i pojke i pomalce nekogas a nekoja ima pr 12 lajkovi neznaci to deka treba da ja pocenam so ke dobijam so too mislm glupo e i ne e vo red too
Истото и јас . И не ми е гајле за лајкчињата. Инаку за сите вие кои сте опседнати со нив . Сликите да си ги ставате околу 21 h,навечер тогаш најмногу ваши пријатели се прикључени . И така ќе соберите повеќе лајкчиња . Спојлер Кога се сликавме за полуматура,едни деца шо се заразени со лајковите,збораа дека тогаш ќе ги стават сликите,за да собереле поќе лајкој
Глупости со лајковиве. Некои девојчиња лајкуваат се и сешто за сите да ги лајкуваат нив, а и имаат по 2-3000 пријатели и после собрале 500 лајкови на слика... Тоа ти е исто ко кога ќе имаш 500 пријатели да имаш 100 лајкови пример. А дали некој ги лајкува во живо, како личности многу, многу не ги интересира.
porano mislam pred 1 mesec nemav mn lajkovi .. da se kaze 50-70 lajkovi .. no odkako mu kazav na simpatijata deka go svigam mi se nakacija na 140 .. nezz zosto
Обично тие што имаат повеќе фејсбук пријатели имаат и повеќе лајкови(зборам над 150-200), значи зависат од популарноста,ретко од убавината. Јас имам одприлика 50-70 лајкови на сликите.Не се замарам многу, ниту пак ми паднало на памет да молам за лајк, всушност сега и на тоа молење му помина модата.
Денешнава младина не живее од воздух,вода,храна...него од лајкови драги мои. Како и да е,јас ке си кажам за мене-упоште не ми се битни.
Имам 4000 фб пријатели . Имам околу 150-200 лајкови на слики , само на една(демек филмска)имам 700. Не ми е важно тоа воопшто. Ама ич.
Не сум од оние кои имаат по 1000 лајка на слика и не ми се битни лајковите. И не е точно тоа дека ако некој има многу лајкови дека е дигнат или дека ги добил со молење. Личноста која има многу лајкови можеби е личност која комуницира со секого и остава добар впечатокот. Еден ќе слушне добро за таа личност ќе раскаже на друг. Доброто надалеку се слуша. Ајде машките не до толку, ама познавам девојчиња кои си имаат доста лајкови, а истовремено се смирени, одлични во училиште, тренираат и излегуваат за дружење, а не само за чекирање. Додуша и незнам што смета толку тоа чекирање. Некој не се чекира за да се пофали, тука за да ја сподели убава вест со пријателите доколку отишол на некое убаво место. И втората категорија се оние кои имаат многу лајкови, а имаат кокошки мозок. Тоа се оние разголените. Повеќе од очигледно дека се разголиле за да соберат лајкови. На таквите уште од сликите им се гледа паметот. Во ред е да се стави слика во купачи, ама на секоја слика да го тртат задникот и градите напред за лајкови не е океј. И такви лично познавам кои на фејсбук се еден свет, во живо друг. А најгнасно е тоа кога ќе слушнам дека некој не сакал да се дружи со некој друг поради тоа што немал лајкови. Пример братучедката ми. Девојчето е желно за лајкови. Кога ќе стави слика нема ништо друго да видиш, само ќе гледаш дека ја гледа сликата едно пола саат и по 100-ти пат разгледува кој и ја лајкнал. Жално, навистина жално.
Што е бре ова помодарство. Ние собиравме сликички од Сара Кеј, а сега лајкови. Синоќа си седам и ќерката ми вика: Мамо ставив нова слика, лајкни ми ја. И после тоа извештај во живо на секои 5 минути колку лајка собрала. Па и не беше некоја слика, ама сите пријатели и не мора сите по 1 лајк ете ти.
Јас прибидејќи сум ружна, не се сликам.. и на фб имам само 1 слика и тоа у ролка до гуша сум облечена и немам ниеден лајк.
Не гледам кој кој лајкови има или пак јас колку имам,луѓето не се проценуваат по тоа кој колку лајкови има на слика или статус,сите сме исти Јас иначе одприлика на сликите имам 90 лајкови