Најмногу лајкови на слика сум имала околу 25-30, али од групна слика.. Бидејќи на фејсбук не ставам мои слики(порано ставав, сега не) на некои сликички можда сум добила 20тина лајкови. Само на една насловна 30 и нешто, али можда 6 месеци ми стоеше.. И мразам да се сликам. Аман бе, нема да се замарам со лајкови, си имам живот.
јас б3з лајк0ви н3м0жам да живеам н3ма н1што поубафо од кога 4е соберим лајк4иња хехе хехех хехех хехех ххеехех хехех хехеххе хехехех ххехеех ххехехехе б3з лајкои 4е беф како ч0рапа мизернаааа
Лајкови? Ова зборуваме за деца до 15-16 години така? Ако се повозрасни нешто не е во ред со нив... Инаку луѓе кои често објавуваат фотографии, настани од нивниот живот и се опседнати со социјалните мреже се луѓе без самодоверба и луѓе без живот во реалниот свет. Зарем човек кој има исполнет живот ќе се замара дали некој му ставил лајк?
А, кој тебе би имал срце да не ти лајкне, за убавици како тебе би требало да измислат супер лајк Да се вратам на темата секако дека годи лајкот колку и да си свесна дека одредени луге го прават тоа махинално или на некој начин афтомацки. Ќе зборувам за себе, мене лично ми годи кога ќе добијам лајк иако не објавував статуси и слики нон стоп, но кога ќе објавам нешто гледам тоа да е добро. Иако и овде во една од темите има луге кои малтене форумов им е како фб, зошто го прават тоа, сигурно не да ни го разубават нам денот туку да го наполнат сопственото его од позитивните коментари и лајковите. Секого му годи признанието дека е убаво облечена, или убаво изгледа.... лајкот е тоа, едно јавно признание од другите и садисвакција за вложениот труд, инаку ако не ни значи тугто мислење зошто тогаш се дотеруваме и гледаме да изгледаме беспрекорно? Ако рече некој поради себе, па тогаш зошто во темата како се облекувате по дома или незнам веке како се вика, сите викате малтене што им дојде пред рака, зошто тогаш дома не се облекувате поради себе? Да привршувам секому па и мене ми годи лајкот или убавиот коментар. П.С Затоа кога ќе кажам нешто што ви звучи како паметно слободно лајкнете, можеби вас тоа ништо нема да ве кошта ама мене многу ќе ми значи
Луѓе ко гроб во фацата имаат енормно голем број лајкови. Зошто ајде? А некои лепоти само по 20 одвај. Така да, по лајк не се суди. А не дај боже кога ќе видам коментар Најубава си, ваква онаква, пофалби некои а таа ружна до тука бидува... Не за друго, најдобра другарка и е па мора така да се постави. Абе социјалниве мрежи се глупости невидени.
Па сите гледаат по лајкови..Мене иако не ми се важни знам да си погледнам на профилната и да се насмевнам..ама никогаш не ги оценувам лугето по тоа..ете јас имам 200 и повеке с најдобрата другарка 20-30..што треба да и се скарам дека нема лајкови?глупости
Пред да подсозреам, лајковите ми беа мерка за вредност. Воглавно, им завидував на тие што собираа 500 лајкови во 10 минути, мислејќи дека се вредни, среќни, успешни, итн. Но, го надминав тој период. Не ги проценувам луѓето според тоа колку лајкови добиваат и дали добиваат, ниту пак сакам некој да ме проценува на тој начин. Иако, тоа веќе е дел од секојдневието. Можеш да имаш милион лајкови, а да си глуп ко коњ, а може да имаш и 20 лајкови и да имаш грам интелегенција. Само празен човек би водел статистики за лајкови. Квалитет над квантитет.