Здраво. Нов сум на форумот, и не видов тема каде се зборува за фамозните лајкови. 1. Ме интересира врз основа на што ги давате лајковите: - Дали на мислења во кои се пронаоѓате; - На одреден член без разлика на мислењето; - На сите под ред без ни да го читаш мислењето; 2. Колку ви се битни лајковите, односно дали пишувате за лајк или што ви е на душа? Па повелете искрено изјаснете се. 1. Еве јас лајкнувам на мислења што се исти со моите, односно предизвикале некоја емоција кај мене. 2. Пишам што ми дојде, ама и лајкчињата убаво ми доаѓаат Ако не е соодветна темата или не предизвикува дискусија, слободно канта.
Гледам нема одговори на темава па да почнам со мое мислење како за почеток 1. Секој за себе дали му се допаднало мислењето, дали се пронашол во тоа, дали имаат исто или слично мислење 2. Мислам дека овде секој си пишува тоа што му лежи на душа, бидејќи сите сме со "лажни" имиња, ник или како да се изразам..тој/таа што пишува за лајк свака му част на лажењето, сам /а се лаже бидејќи прво сам/а се уверува во нешто што можеби е лага, а ние само можеме да дадеме свое мислење во врска со тоа Сега лично за мене да одговорам 1. Јас лајкнувам мислење ако се пронајдам во него, ми се допаѓа начинот на кој размислува,на членот му се случиле убави работи и ми е мило поради тоа или ако се сложувам со мислењето на таа личност. 2. Лајковите не ми се битни, бидејќи тука си ја отварам душата, пишувам се што ми лежи на душа, и тука се чуствувам слободна
Ставам лајк на се' што ќе ми привлече внимание. Факт е дека ако популарен член напише едно А, ќе добие повеќе лајкови од еден убав, содржаен или интересен пост на нов член, ама тоа е. И се сложувам дека лајкот го ставаме кога некој ни ги земал "зборовите од уста", па да не се повторуваме, стискаме лајк. И не дека животот ти зависи од еден лајк, ама убаво е кога ќе видиш дека некој се сложува со тебе, или си предизвикал емоција кај некого. Исто како и во реалниот живот. И да, постојат кланови, коловоџи, следбеници итн.
Јас ставам лајк на мислењето кое ми се допаѓа или со кое се согласувам, а кога пишувам нешто нормално дека го пишувам за да искажам мислење а дали тоа ќе му се допадне на некој или не, не ми е битно.
Кликам на таа опција кога нешто ми се допаѓа или кога се согласувам со нечие мислење. Нема никаква филозофија тука
Јас на пример ставам почесто лајкови на познати членови зашто долго сум ги читала и некоја обична работа да ја кажат што им се случила можам подобро да ја замислам и поинтересна ми е зашто членовите ми се попознати и можам да си го доловам во глава начинот на кој изреагирале, а не дека е нов член па сега намерно нема лајк да му кликнам. И кликнувам кога ме мрзи да пишувам, а и веќе некој го кажал истото, па да не се повторувам.
1. Лајкови ставам на мислења кои ми се допаѓаат, кога сакам да поддржам некого или кога барем делумно се согласувам со нечие мислење. Не ми е битен членот, битна ми е содржината. Еве, на пример, @Bridget не е од мојот клан, ама кога ќе напише некое мислење со кое се согласувам, ставам лајк. 2. Лајковите ми се битни во одредени ситуации кога, да речеме, не оди секој да ми реплицира на тоа што сум го напишала. Што повеќе лајкови - толку повеќе истомисленици, така гледам јас на тоа. Ако прашањето ти беше дали заради популарност ми значат лајковите - не. Пишувам тоа што ми доаѓа во моментот, што би рекол - што ми е на душа. Кој бендиса - бендиса, кој не - ме игнорира и тоа така си функционира.
@RainBow има секакви ситуации. Еве јас сум приметила членови што по ред на се' живо и диво лајкуваат. Има други што лајкуваат само на одредени членови и тоа ги пратат од тема на тема и со секое нивно мислење се согласуваат. Трети пак, ќе лајкнат мислење во кое е кажано пр. ѕидот е бел, а потоа ќе го лајкнат и следното мислење во кое е кажано не, не е бел ѕидот, црн е. И сега со што се согласува лајкувачот пити Боже . Четврти, нема да лајкнат некое мислење, а ќе го лајкнат другото после него што е copy-paste на првото, ама е напишано од некој од неговиот клан Итн, итн... Лајкувачот бе, збор и пол И дај удрете по еден лајк, не бидете скржави еее .
Лајкови ставам на смешни и интересни мислења, мислења во кои сум се пронашла, ми се допаднале, ме погодиле на некој начин и слично. Во врска со тоа, доста често се случува да ги читам мислењата без притоа да гледам од кој член се напишани. Имам неколку членови на фб, со една дури лично се знам но никогаш тоа не ми било пресудно да ги лајкнувам само тие, па тие. Ако се согласувам со некое мислење ќе го лајкнам, и ако не се согласувам а сепак членот на некој начин е во право до некаде може пак да го лајкнам. Лајковите не ми се битни, мислења од типот "На овој и овој мис е допадна твое мислење од таа и таа тема" не ги ни отворам.
Јас па секое петто мислење го лајкнувам. Многу сум дарежлива Ко на шала, е шо да прам ко има толку убај мислења. Многу ми е гајле дали некој мене ќе ми го лајкни мислењето, пфт
Воопшто не ми се битни лајковите битен ми е слободниот пристап да го искажам она што го мислам и најчесто ставам лајкови на такви искрени и реални ликови со издржан став а не на ликови со нашминкани и патетични ставови со цел да се допаднат некому. Или па у СП некој сите што ги реди да ги испоздрави ми нема логика, како за лајкови да им е.
Ве изредив сите со лајкови, дури и тие што не им се битни лајковите, чисто што некој ја забележал мојата тема. Јас се изјаснив што, како, уште кога ја отворив темата, сакав само да ја прашам @LittlePinky што е тоа ПФТ. Едвај научив ФМП што е, мислев дека е некој факултет за музички предмети, а сега ова @danichap остров или отров
Уствари ја да можам би ги укинала лајковите на одредени теми како СП или фемина инстаграм, ,,што купивте денес?'' итн. каде што не се развива никаква дискусија и некои членови ги добиваат лаjковите for free со тие теми и квалитетните членови не можат да се истакнат максимално ако мерилото за квалитет е лајкови. И ја можам многу лајкови да соберам ако секој ден го ставам тоа што сум јадела у фемина инстаграм и ако секој викенд го поздравуем цел форум сигурно би имала +50.000 likes.