Поради овие лајкови, кланови и поздрави се кренаа неколку бунтови на форумов. Глупо е целта на еден пост да ти биде лајк и да лајкнуваш само на одредени без разлика што пишале, уште поглупо е да се замараш со тоа кој кому и колку лајкува.
Абе јас спомнав во мојот пост кланови и слични чуда (да се разбереме, на зафрканција), ама кои се тие кланови на форумов, уште не разбрав... Друго, не гледам ништо лошо во тој специјален поздрав и лајковите таму што се ставаат. Тоа е исто наместо секој што си го поздравил да ти вели „фала“. Во Фемина инстаграм како ќе се направи разлика помеѓу поквалитетните и помалку квалитетните слики ако не се тие лајкови? Јас предлагам, штом толку пречат, да се поделат во две категории и така да стојат кај секој член: лајкови од релевантни и од неревантни теми, па нека биде тоа мерило за квалитетот на некој член. Порано беа ѕвездички, сега се лајкови. Искрено, дислајк мене ми фали тука.
Јас дадов предлог не дека ми смета, али боље би било само во темите каде што се развива квалитетна дискусија да се бројат лајковите како што на пример во форумски игри не се бројат мислењата и no hard feelings форум е ова, не е преелиминарен за во менса
Никогаш не сум ставила лајк без да го прочитам мислењето. Не ги давам лајковите спрема тоа кој го напишал мислењето, туку според тоа дали се согласувам со истото. Секако дека има членови кои ми се посимпатични, тоа не го негирам, меѓутоа доколку се сложувам и со мислење на член што ми е антипатичен истото го лајкнувам. Е сега има членови кои ги скролам, па можеби напишале исто како тие што сум им дала лајк, ама од каде да знам кога не сум прочитала. Не лајкувам или ретко лајкувам само во темата +/-40, бидејќи е како чет муабет, постовите се пишуваат многу брзо и не можам да постигнам да ги исчитам, а и кога ги читам некако многу ми е заморно на секое да кликам лајк, па се чувстувам неубаво кога добивам лајкови, а јас не сум дала иако постовите ми биле интересни или сум се согласувала со нив, меѓутоа не верувам дека ќе ја сменам таа моја навика за конкретната тема. Едитирам бидејќи и ова го заборавив. Многу сум терсене кога станува збор за лајк на слики. Пример ако има повеќе слики од јадење и сега едно од јадењата не ми се допаѓа како изгледа нема да го лајкнам постот, или некоја модна комбинација ако едно нешто не ми се вклопува нема да лајкнам. Или шминка, ако е се убаво ама нешто е размачкано исто нема лајк, или лак за нокти неотстранет околу ноктот макар и минимално, чинија со салата кога не е избришана од страните пример од рендано сирење, такви некои естетски работи многу ми значат и ако не се направени тогаш и да ми изгледа убаво јадењето, или шминката сепак нема да дадам лајк. Или што сте си купиле, ако не ми се допаѓаат сите работи на сликата тогаш не ја лајкувам,едноставно не ми се допаѓа се и нема лајк. Ретко некогаш да направам исклучок од ова. Скржава сум на лајкови јас, си признавам. За терсене исто си кажав.
^^^Мене којашто сум против дислајк и за на фб и за тука, ми притребува за мрчаторски постови Дај оставете кој што сака да си прави, од мерак да си ги поздравува тие што ги чита, лиги да праи во фемина инстаграм или да лајкува лигопредизвикувачки слики. Уствари тие што анализираат кој колку лајкови каде има и од кого/каде добива, јас ги доживувам како оние што највише се замараат со форумот ФМП
^ Мерилo зa квaлитет @Lady Phoenix ? Нa фoрум сo тoлку мнoгу членoви, oд мaли децa и тинејџерки (претежнo) дo @baba Rada ти oчекувaш некoј реaлнo дa прoцени дoбaр лик и квaлитетнo мислење? Сегa дa кaжaм стaр глуп виц или клише реченицa oд некoј пoзнaт филм или aвтoр, ќе имa мнoгу штo првпaт јa слушнaле пa ништo чуднo дa ме oпсипaт сo лaјкoви кaкo тoa јaс тoлку пaметнa и дoсетливa сум. Амa друг, пoстaр дa речеме или пoдoбрo зaпoзнaт сo рaбoтите сaмo ќе ми преврти oчи нa пoстoт. Бaшкa мнoгу други фaктoри кaкo пример пријaтелствo, пристрaснoст, пa дури и некoј вид нa oбврскa дa лaјкувaш некoј честo oти тoј тебе те лaјкувa... сештo имa, пa зaтoa мене никaквo мерилo не ми се. Ниту еднaш немaм пoгледнaтo кoлку лaјкoви имaм, уште пoмaлку зa друг. И oд кaде тaa пoтребa зa пoтврдa нa нечиј квaлитет?
Јас ставам лајкови според тоа како сум расположена и колку време имам за читање. Некогаш ставам на сите по ред, некогаш не ставам на никого, а пак кога ќе видам прилично долг пост ко роман - ич не ни читам. А кратките и јасни постови ми е најкул.
Јас пред некој ден прочитав низ некоја тема дека сум имала највеќе лајкови во моментов на фемина. И? Ниту сум побогата, ниту посреќна, ниту па поомилена. Ми нема ама буквално никакво значење, и не наоѓам некаков вид на сатисфакција во истото. Давам лајкови кај мои истомисленици. Жал ми е што последнава година поради бебево не секогаш успевам да учесвувам во подолги дискусии кои захтеваат поголема концентрација и подолг временски период за да се состави квалитетен пост. Жал ми што некои дискусии иако непочнати сум ги осудила на пропаст поради стекнатиот впечаток дека со тие виртуелни ликови не би се развила квалитетна дискусија... Но и те како ги ценам постовите на оние кои ги водат истите. Ставам лајкови на теми кој што си купил или добил за поклон оти сум жена. Уживам да гледам убави нешта и дури виртуелно ја чуствувам возбудата на оној кој ја споделува сликата. Некогаш дури и нетрпеливо чекам да објави рецензија за тој продукт, или комбинација со тоа парче. Ставам лајкови на рецензии, модни комбинации, шминки, зготвено...бидејќи ценам вложен труд и го препознавам квалитет на финалниот производ. Ставам лајкови на шеги и неврзани муабети кои барем на кратко, во делче од секундата изнудила насмевка на моето лице. Не сум активна во темата за поздрави но воопшто не ми пречи доколку членките си се дружат, забавуваат и поздравуваат. Шират позитивна енергија и пријателства. Ставам лајкови на темине за совети бдиејќи го делам истото мислење или бдиејќи членката едноставно знае да дискутира. Лајкови се де, не се евра па да ги штедиме. . Паметот на сите ни е одамна измерен и мислењето кое го стекнуваме за останатите виртуелни ликови нема никаква врска со бројот на лајкови. Кој што сака на кого сака нека лајкува. Освен ако верувате во кланови...
Imam simpaticni luge koi gi lajkam i na bezsodrzinski post. Ima luge koi mi se odvratni pa sto i da napisat ne stavam lajk. Inace citam SE,t.e. site..osven onie kilometrazni postovi vo koi i samite avtori ja gubat poenata. Stavam lajk i na clenki koi nikaT ne sum gi citala cesto..ako me "dirne" nesto.
Па @Bridget, толку се „издискутираа“ тие лајкови, што очекуваш да кажам? Јас моето во врска со лајковите го кажав уште во првиот пост. Ама има луѓе на кои очигледно им „значи“ кој член колку лајкови има, да не речам им пречи. Па како биле добивани, па зошто биле добивани... Тогаш мора да им претставуваат некое мерило, така? Ајде нека се даде некој предлог што побогу да правиме со овие лајкови што толку бодат очи? Зошто воопшто постојат? И кое е мерилото за квалитетот на еден член, бидејќи според мене лајковите не се, а ниту бројот на мислења? Само очекувам кога ќе се отвори тема и за поените и за трофеите (за кои имам многу малку информации, зашто толку ме интересираат, нАли...) @danichap, сТрам да ти е што имаш најмногу лајкови на форумов. Такса ќе плаќаш сега, да знаеш.