Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лајкови

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Френки Далавера, 21 декември 2015.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Абе дајте понуди нешто, програма, кој клан што бенефиции нуди, да се решам кај да аплицирам.

    Јас редовно (ќе) давам. Ај промис. :nod:
     
    На LittlePinky, tessie, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Нешто пршута читав некаде. Еми ако е за така и јас сакам :inlove:
     
    На rose60, crimson, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Пршута беше за феминка на годината, да не ви биде многу и тука за лајкови, да не се прејадете.
    Овде може гравче за награда, па да прдите од среќа коа некој ќе ве лајкне.;)

    [​IMG]
     
    На rose60, Bender Rodriguez, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Еве Лејди таму пршута нека дели. Јас ќе мора тука нешто подеднакво примамливо да смислам :doh:
     
    На rose60, Lady Phoenix и VladeMila им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ааа Дани, ти од лани ја водиш кампањата:muscle:- огромна маса да собереш што е можно повеќе феминки, па машина за кафе, па специјалитети, чист воздух...:talk:
    Си имаш ти доста асови во ракав, прво место според лајкови не се добива случајно, се е тоа една добро смислена шема:e:
     
    На bittersweet, rose60, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Јадна јас (facepalm).
    Кажи и колку убави црвени ламби имам бре Сесилија. Романтика таман да им правам на маса додека седиме...
    Ама пак ништо. Не сум си ја фанала со ред предизборната кампања.
    Не ме гласаат. Немам сили веќе да се борам...[​IMG]
     
    На bittersweet, rose60, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.501
    Допаѓања:
    166.014
    Пол:
    Женски
    Јас обично одбирам една тема и ја читам од почеток до крај, и дур читам си мавам лајкчиња со мислења со кои се:
    1) согласувам (па неќам да се повторувам)
    2) ми се допаѓаат (во смисла, формулирани добро, вредни за дискусија дури и да се косат со моите мислења)
    Во Фемина Инстаграм (зошто беше спомената тука) лајкувам ретко, ама ко ќе влезам надохнадвам за сите 30+ страни кои сум ги запоставила така да очекувајте ме наскоро.
    Кога добивам лајк, обично помислувам: „Еј, некој се согласува со мене“, не гледам мерило од типот: „Бо поќе лајка имам“ туку обично го препрочитвам мислењето да видам одредените членови со што се согласиле. Барем јас така гледам на тоа.
    И најбитно, многу ретко читам кој го постирал мислењето,
    од тие причини не пишав воопшто во „форумџивки кои ја обележаа 2015
    ама одредени мислења секогаш ми оставаат впечаток па подоцна проверувам од кој биле, па сега тие одредени мислења кои секогаш ми се допаѓаат припаѓаат само на една група на членови која ја препознавам така на слепо.
     
    На LittlePinky, Lella, rose60 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Sega mi stigna mene notof.so lajk, I dodeka da vidam kaj e lakjnato-ja snema notifikacijat :|
    Dane ja vidovte negde be:?:
     
    На LittlePinky, anel, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Не се секирај Кукле, дојде на правото место. Тука се сите случајно изгубени, намерно избегани и по некој присилно киднапиран лајк. :D

    Повели, избери си еден, и така сите се исти:
    (y)(y)(y)(y)(y)(y)(y)

    И другпат со внимание се однесувај спрема лајковите, да не ти бегаат еден по еден (и тие се душички :P)
     
    На LittlePinky, anel, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    A be dobro se odnesuvam zimi ja. Znajs kako sum fina, posebno so lajkovite, ami za lajkovi ziveam :(

    Nekoj se predomislil, me lajknal da se izraduvam I si pomislil nema da zabelezam deka mi fali nesto..eee pa ja se si gledam so imam so nemam ;(
    Aj najdete mi go ve molam :(
     
    На rose60 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Вo темите кaкo Вaшите лични прoфесиoнaлни фoтoгрaфии и Феминa Инстaгрaм стaвaм лaјк нa се. Е сегa вo другите теми кaј штo се изрaзувa мислење и стaв, стaвaм лaјк сaмo нa oнa штo ми се дoпaѓa и се сoглaсувaм сo тoa мислење.
     
    На rose60, Mr. Right, Viktorijaaa5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Ее, како се нервирам некој кога ќе се предомисли така :@. А бе не му давај лажна надеж на човек, ццц..

    Знам кукле, тешко е, ама ај оти иде Нова Година, земи еден од тука, и така нема никој да примете :mm:
    Тоа ти е пакетче од мене ајде :party:
    Море земи 5-6, да не излезе дека сум скржав :D

    ЕДИТ: Поздрав до сите што се предомислуваат со песната: Не знаш ти како је имати, па нематии!!
     
    Последна измена: 27 декември 2015
    На LittlePinky, anel, srcence1607 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Лајкнувам само тоа што искрено ми се допаѓа (y)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Леле, хит сте со темава! :D

    Мене лајковите не ми се баш некакво (да не речам, никакво) мерило за квалитетот на некој пост, или па бројот на лајкови - мерило за квалитетот на некој член.

    Лично, сум пишал мислења за кои сметам дека се квалитетни (и за кои сум потрошил доста време и мозочни ќелии), па сум добивал 1-2 лајка, а сум пишувал и по една реченица, најчесто некаква заебанција на некој или нешто, за која сум добивал по 20.

    Лајкувам она што ќе ми се допадне, но не мора секогаш да се сложувам со истото. Немам членови со кои си разменуваме лајкови и не лајкувам ради-реда. А немам ни членови кои ги „мразам“, па да ги бојкотирам и за инает никогаш за ништо да не им ставам лајк.

    Дислајк опција не ми фали - ако нешто не ми се свиѓа, го прескокнувам, а ако ептен ми боде очи - цитирам и пишувам текстуален dislike. :D

    Факт е дека етаблираните и „популарни“ членови на форумов добиваат повише лајкови од новајлиите. Ама па, сте се запрашале ли како тие станале популарни? - сигурно не со тресење на глупости. Додуша, не сум ни за она некој да живее на „стара слава“, па само затоа што некогаш пишувал квалитетни мислења да добива лајкови за све што ќе стави, иако у меѓувреме сега пишува само за бебешки повраќаници и менување пелени.
    Any similarities to actual persons or places, alive or dead, real or fictitious, is merely coincidental and the product of a feverish imagination.

    А најинтересни ми се оние што ќе пишат мислење, па на крај ќе завршат у стилот - „Не го лајкувајте мислењево, ради тоа-и-тоа“. WTF, луѓе? Од кај ви е таа самобендисаност за да претпоставите дека сигурно ќе се најде некој што ќе го лајкне, и од кај ви е таа смелост да наредувате на некој што да прави? (facepalm)

    Иначе, не разбирам зошто на некои луѓе им смета што некој добива лајкови од специјални поздрави, смешни мислења и најдобрите твитови. Ако сте и самите свесни дека лајкот не е мерило за ништо, зашто ви смета што луѓе добиваат лајкови за вакви работи?

    Мене поише ми изгледа као да ви е криво. :) Ако више сакате лајкови, ама ви е срам да признаете, пуштете срце и напишете некој специјален поздрав, твит или смешна слика. Па ќе видите дали е навистина толку лесно да се добие лајк или не.

    Поздрав!
     
    На LittlePinky, anel, vitamina и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Lewis Hamilton

    Lewis Hamilton Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    И на форумиве ли има опседнати што се замараат со бројот на лајкови, јас мислев само на фејсбук и инстаграм има вакви работи :D
     
    На rose60, referentka, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.056
    Допаѓања:
    71.782
    Пол:
    Женски
    Озбилно има луѓе што им значат лајковите ???? Стварно не можам да го сфатам тој тренд лајковите да се мерило за убавина, за тоа кој колку квалитетен член е. Едноставно си знаеме колку вредиме лајковите нема да не направат ниту поубави, ниту попаметни.
    Јас лајковите си ги ставам според тоа што ми се допаѓа без разлика за кој член да се работа. Ставам лајкови и на членки кои се креативни, на оние со кои ќе насмеам, на оние кои ќе ме расплачат...
    Ќе почнам да им ставам лајкови и на тие што им значат само нека ми пишат порака за да знам, а за цена ќе се договориме.
     
    На maloto123, rose60, kim.k и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::rofl:

    Кукличе мор, само кажи ти, одма за изгубениот не еден - неколку ќе ти надокнадам, зар за тебе е проблем? (highfive) Па еден клан сме, дури и фамилија :smirk: :lol:

    Легенди сте еј :D :D :D
     
    На Lella, imelda, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Незнам стварно, јас сум изненаѓен и увреѓен :u:
     
    На rose60, Someonespecial, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ова е женски форум, нели претежно тука е соберена женската популација.
    Членот кој ја отвори темава претпоставувам е машко. И да не е, и да е, за сите во недоумица на его билдање при собирање лајкови, да дадам малку некое објаснување.

    Синдром Don't ya baby, кој го опишаа мачкине и сите им се смееја на песната, еј колку е глупа па и досадна, ама да се има кураж да се признае колку е вистинита. Секоја жена се стреми да е алфа. Нај паметна, најубава, нај вредна, нај адвентуриста, најинтересна, нај популарна и се се нај (одделно или заедно се пишува, нека има и така и така за рамнотежа) за сите жени и завидат а сите мажи да се испотепаат кој да ја има до него.

    Не е јасно? Што трпи една жена за да го постигне најблиското до тоа совршенство почнувајки од изглед? Па, земаш чупалица и кубнеш едно влакно од веѓа, едно од мустаќ, од нога, и од кај најмногу боли, од таму две, замисли го тоа очиотворливо...искуство, помножено едно 15 над 10 во текот на годините...
    Како жени, за лајкови и видео од кубење мустаќи со ладен восок ќе ставиме. Со еден удар две муви. Ем поубави ем попопуларни.

    Анонимен форум или не, его си е его, зад секој профил стои жив човек. Нека ги тргнат лајковите како опција, има коси да се испокубат, квалитет како ќе се мери? (сарказам) Тоа кога прочитам квалитет како објаснување за нечиј удел на форум, ме асоцира на купување крпи за во бовчи.
     
    На Nausicaa, vitamina, Waka-waka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Ај и јас да си се изнјаснам на темава. :lol:

    Јас ставам лајкови на постови на членови во кои јас сум се пронашол или пак се согласувам со мислењето на членот. Или пак ако прочитам некое смешно мислење и тогаш ставам лајк. На пример, не можеш а да не ставиш лајк на @Kukla994 , откачена е скроз. :rofl:
    Некои членови спомнаа зашто се ставало лајкови во темата СП и еден член одговори дека тоа е еден вид „фала за поздравот“. Со ова се согласувам.
    Е, сега за мене сите членови на форумов се исти и секој си е посебен на свој начин. Не се согласувам со постот на Раинбоу дека повеќе ставала лајкови на оние кои се најблиски и дека можела повеќе да ги разбере нив, отколку другиве, да кажам поновиве членови. Од оваа причина дека сите членови се еднакви намерно не одговорив на темата „Форумџики кои ја одбележаа 2015 година“. Мислам дека секој член на оној или овој начин ја одбележаа оваа година. И не само оваа, туку претходните и идните години кои се пред нас.
    Не сум ставил лајк, а да не го прочитам мислењето на членот. Мене лајковите не ми се ама баш ич битни. Ниту на фејсбук, ниту пак тука. Ако јас сум напишал некое мислење и некој член го лајкнал тоа мислење, го сфаќам како да се согласува со моето мислење, односно сме истомисленици.
    Никогаш нема да ставам лајк според тоа кој го напишал мислењето, туку дали јас се согласувам со истото.

    Ај, пријатно. :hai:
     
    На Nausicaa, Kukla994, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.