Иначе мене лајковите ми се многу битни,пребитни да не речам. Од нив живеам. Кој што ми стега,пак да ми стега!
Лајкови,па видете вака... Ми се случува да дадам лајк на позната феминка,па после да го препрочитам постот,ако нешто во него „штрчи“ го повлекувам . Особено давам лајкови во СДК и темата +/-40.Во СДК обично има оставено парче душа,споделена радост но и тага.Признавам дека таквите особено ги лајкнувам зашто е најтешко да се отвориш да излезе тагата од тебе. Во другата тема не стигнувам секогаш да лајкнувам...но генерално да. Во сп стискам лајк зашто ете некој се сетил на мене и во ова море на феминки да привлечеш внимание за мене заслужува лајк,во смисла благодарност. Особено ги сакам смешните постови.Не ми пречат ни долгите,добро знам да прочитам што сака да каже писателот. Има денови кога на никого не ставам лајк,па колку и да е бриљантен постот,без разлика кој го напишал,само превртувам очи и скролам.Тоа се денови на пмс. Во другите теми обично кога се согласувам со постот,но и ако е напишан спротивно на моето мислење а да не е со навредлива содржина и ќе ми отвори некој нов видик,знам да стиснам лајк. Не сум скржава ама па и не посветувам внимание,ми се случува и да заборавам да стиснам колку и да ми се допаѓа постот.
Не реков никаде најблиски, немам јас брат/сестра на форумов, нити пак знам некој лично. Нити пак реков дека можам повеќе да ги разберам. Реков членови што ги читам подолго време можам подобро да замислам како изреагирале и затоа самиот пост ми е поинтересен. Морав да се дообјаснам зашто си ми ги испревртел зборовите, или пак лошо си ги разбрал.
Јас лајкови давам на секое мислење што ми се допаднало,мислење за кое се согласувам,а ме мрзи да реплицирам,потоа мислења во кои се пронаоѓам и слично. Она другарки или не знам што,не важи кај мене.Може и да сум се спречкала со некого,ама ако мислењето е солидно и издржано,фала богу ќе го лајкувам. Ама ради реда да ставам лајк,тоа никогаш!
Ни едно ни друго, сакав да кажам од најмлади до најстари, а оти тебе те знам како најстара на форумот затоа те пишав.
Давам лајкови. А, и повеќе ги посетувам темите како што се Фемина инстаграм, Вашата шминка низ слики, Што последно си купивте ? каде се што е поставено е убаво и се ми се допаѓа и аналагно на тоа великодушна сум и со стискањето на копчето Ми се допаѓа.Како беше тоа I'm a simple girl, i see...I press like.А, све што је лепо и Богу је драго. Во СДК ставам лајк на мислење што ме насмеало/насолзило или ме допрело на друг начин, па ставам лајк.Во теми за дискусија давам лајк на аргументирани, издржани мислења, без употреба на навреди и ниски ударци за да се одбрани ставот.Сакам да читам убаво напишани рецензии, па и таму давам лајкови. Од тука со никој не се знам во рл, со никој не се срцкам, не си пишам во лп па единствено судам врз основа на содржината на постот, а не кој го напишал. Не се ситничарам околу тоа многу, да анализирам мислења, да барам влакно во јајцето па да се мислам дали да ставам лајк или не.Стискам обично копче, не давам бубрег побогу.
Jас ставам лаjк на сите,не делам никого ,некои ги имам на фб и на фб му ставам ,винтер ладу ,црна дама,мими ,на славица и заборавив акаунтот име тука на ninja35и на многу други што ги имам од тука на фб, пак ке кажам си ги почитувам сите и не делам никого .
Давам лајк на мислење кое ми се допаѓа,кое е најблиску до моето и сл.Не го гледам членот кој е мислењето ми е битно за лајк
А-ха! @Kukla994, се најде потенцијалниот виновник за лајкот што ти фали! Луничка, мала шега, се надевам не се лутиш.
Не, не сум јас виновна за последното исчезнување на лајкот на @Kukla994 .Тоа со сигурност го кажувам.
Ништо тогаш, тој лајк засекогаш ќе остане мистерија... Инаку, ако некој забележи дека повторно му лајкнувам нешто што веќе сум му лајкнала - не е тоа намерно или за привлекување внимание. Тоа ми се случува кога по втор пат прегледувам едни исти мислења од некоја причина, па не сум ни забележала дека сум ставила лајк, па всушност одлајкнувам и кога ќе видам што правам , повторно лајкнувам. Битно, не го менувам ставот, истата работа и по втор пат ме бендисува.
Јас како и секогаш (ама баш секогаш) доцнам во актуелните теми, но сепак да си ги кажам моите критериуми за лајк. Ставам лајк кога со нешто се согласувам, кога ми се допаѓа, кога се пронаоѓам, дрн дрн... Но, како што рече Сесилија, ако само едно нешто ми штрчи во мислењето, не ставам лајк. Обично со некои феминки се согласувам во една тема, а не се согласувам во друга. Тоа не ме спречува да им ставам лајк во сосема трета тема, пример СДК. Но! Има некои теми кај кои не можам да сфатам како им функционира мозокот на некои феминки и оттогаш не можам да ставам лајк на нешто нивно, колку и да се согласувам. Посилно е од мене. Секако, ако одредена личност пишала одлично, издржано мислење со кое целосно се согласувам, а во него има некоја катастрофална, да-си-пукам-во-колено правописна грешка, тогаш ain't no likes from me. Е сега, има и некои феминки на кои не може човек да не им стави лајк и мислам дека ако им скролам низ мислења, нема на најдам едно каде што немам лајк. Ете, сега гледам дека некои тоа си го толкуваат како демек другарки сме биле, сме четувале, се сме поздравувале, ЛП сме си пишувале. А зошто сме го правиме сето тоа, не ви текнува? Затоа што сме на иста фреквенција и затоа што се согласувам во сè се нив, па така побогу и сме се спријателиле. И олабавете малку, не бидете толку стегнати, кој кому дал лајк, ахааа, овие другарки си даваат лајкови, мамето нивно. Немате друга работа па лајкови броите?
Последен пат кога проверив бев машко . Другото ако те разбрав, јас Френки да не се викам . (ако сакаше да кажеш дека егото не ни дозволува да не се замараме со лајкови, тогаш ДА, се согласувам ) Е сега, општо да си прашам, да не мозгам сам, оти нели повеќе глави мислат подобро од една Сите викате дека не се замарате со лајкови, не ви е гајле дали ќе добиете лајк или не, не се мерило за квалитет, бла бла... Па ако не ви е гајле дали ќе добиете и ако не се мерило за квалитет, зошто бирате на кој ставате лајк, зошто не ставате на сите по ред или на никој, м? Сите рековте дека ставате лајк само на тоа што ви се допаѓа, односно за вас тоа е квалитетно мислење, така да сепак колку повеќе лајкови има мислењето, толку повеќе членови мислат дека е квалитетно, автоматски лајкот е мерило за квалитет. Или грешка сум? Ај ако може тоа да ми го објасни некој, па после да ми одговорат на другото прашање: Дали постојат кланови? ДА, постојат. Прашањето е дали ако саркастично се насмеете на своја сметка ДЕМЕК сте член на некој клан, тоа ве прави дека не сте или како? И за крај, ако не ве интересираат лајкови, што мајка барате во темата Лајкови, а, а Ај поздрав до следната инспирација (или додека пак нешто не ми е јасно) И пазете што одговарате сега, да не си повлечам лајковите што ги наредив, па да си ги барате натаму наваму како куклето наша
Interesni raboti se ova lajkovive, cuden fenomen. Nekoj ne ni razbrale deka tie ne znacat dobar text ili bravo. Kajmene na primer znacat: te procitav, vo smisol ja citam stalno ama nestavam like, e ovoj pat i davam na znaenje deka ja procitavt. Voopsto nema nikakvo znacenje so MI SE SVIGA TVOJOT TEXT (ponekogas, ne sekogas). Primetuvam mladive epten se zaneseni vo toa koj kogo go lajkuva, pa se pravat grupi, pa celi grupi napagaat drugi sprotivni grupi, pa se frlaat vo ogan za omileniot lik, a toj istiot gi tapsa po ramo i potajno se izigruva so nego (vo smisol dodeka ima vakvi jas sum na moeto obezbedeno mesto i se razbira povremeno im frla vodicka da ne presusi ). Dobro ne e problem kaj mlada populacija. Tie se vo faza na oformuvanje no tragedijata e kaj postarite. Zena vo sredni godini treba da bide jasno izdefinirana. Zalno ako zivee od like. Zarem ima i takvi koj seuste ne se sigurni dali crno e crno, belo e belo pa im treba armija na luge da potvrdat. Kvalitetot e jasno prepoznatliv, ne ni treba glasanja koj podocna minuvaat vo neprijatelstva. Moze li da ima super zena? Isto kolku i super maz Eve mene mi se slucilo da kliknam like na site po red vo Femina Istegram i utre istite tie da gi kliknam pak (ne sum ni primetila deka prethodno sum pokazala simpatija). Namesto da kazam kolku mi se sviga sum pratila pogresen signal. Ako nekoj pomislil deka sum se predomislila, NE, samo sum pogresila. Kolku prisrce ovie likovi se stavaat mi e strav da ne narusam necie zdravje
За лајкови зборувате а? Битни ми се ,како не! После извесен период тупење по темиве ја открив фемина инстаграм, постирав слика и собрав еден куп лајкови. Ах, реков, тука му е мајката, па засукав ракавите.Да видите што домаЧица бидна од мене. Пред некој ден и во последно што си купивте се пофалив. И јас еднаш да се пофалам де. За во модни критики немам храброст, едвај извезбав поза за сликање, ама ако ме критикува некој, сон нема да ме фати од мисла дали сум можела поинаку да се наместам, а тек па како сум се облекла. Шега, се разбира Ама со самото тоа дека најмногу лајкови се добиваат на овие теми, се гледа дека визуелното ни е поблиско од умственото. Некои се тука за да видат,а не и за да прочитаат, што е сосема во ред имајќи во предвид дека сепак е женски форум и нормално е да има интерес за тие теми - шминка, гардероба итн.Не секој чита се, па и јас морам да речам дека ни 30% од темиве не ги читам, за некои немам интерес, за некои време.Имам и теми кои ми се означени да ги надгледувам ама не сум стигнала да ги прочитам зошто има долги опсежни дискусии. Чекаат некои подобри времиња. Btw kако некои стигнувате да ѕирнете се? Бројот на лајкови не е мерило за квалитетно мислење, особено што постојат доста теми со многу квалитетни мислења кои мал број членови ги следат. Јас најмногу лајкови лепам во темаНа за нас постарите, посебно од сабајле како поздрав ми е лајкот, таква ни е и дружбата таму, опуштена, се додека не ја претераат во мое отсустви па изгубам континуитет и во муабет. Некогаш кога сум отсутна и успеам се да прочитам се чувствувам како маратон да сум истрчала. Е тогаш поретко ставам лајкови за да не е со пречки трчањето. Тоа не значи дека на сите членови од таа група им ставам лајк по другите теми. Имам омилени и постари и помлади ама никогаш не ставам лајк без да прочитам. Ставам лајк ако се согласувам со напишаното, ставот се совпаѓа со мојот, ако ми се допаѓа начин на размислување иако не ми е близок до мојот, ако е убаво склопено мислење, често пати и во знак на подршка, допадлив хумор. Не лајкнувам нешто што мене ми нема смисол, ако се користи несоодветен речник, ако членот со тој пост се побива во некој негов претходен цврст став несвесно, циничен, навредлив, нешто напишано колку само да се пише без никаква поента. Бројот на лајкови кои ги добивам не ми е битен, никогаш не гледам тоа, ама ми значи кога добијам лајк од член чие мислење и став го ценам, тоа по тупаџиските теми. Ете признав.А ако не добијам, значи сум скинала некоја зелена или никој не ми го разбрал хуморот, за нареден пат да се поправам.Толку, доста е, сега да ја прочитам темава
И што сакаше авторот да каже ПАК, или се изгуби во преводот? А ти нели живееш веќе долги години во Канада мајче? Оти јас како што сум учил англиски, LIKE значи МИ СЕ ДОПАЃА, а не ТЕ ПРОЧИТАВ ти како што викаш. Или?