Ќе ме караат модераторите дека читам теми што не ме интересираат. п.с треба ли да ги елаборирам моите лајкови или ќе поминам и без тоа?
Хаха, ако караа модераторите за тоа, што да кажам јас што се шетам и во Снаи и свекрви, Дали сум бремена, Вашата шминка преку слики (мнооогу убави феминки, БРАВО). И да, темата е лајкови, па елаборирај И демек не те интересира, ама така случајно залута тука а, хаха
Ova ne e toa like. Ova e nesto druga za sto lugetone vo kafana nejadat za da go slikaat jadenjeto, ne uzivaat na plaza za da islikaat se pa da pokazat na drugite kade bile na odmor, ne uzivaat vo zabavaata za da vidat drugite kako bila zabavata, ke se doteras pa ke se slikas nema veze dali ti si ubav na sebe vazno e dr. da recat da, ke kupis cokolado ke go zakacis failot i red dr. raboti. Ova LIKE nema veze so toj like. Dve razlicni raboti se toa.
Имам неколку теми кои редовно ги следам и коментирам доколку се пронајдам, можам да помогнам или ми треба помош. Секогаш кога ќе ми падне во око мислење со кое се согласувам ставам лајк, без разлика кој е, дали имал претходно лајкови и колку е популарен. Сметам дека не треба да се штеди на лајкови, особено ако некој одвоил време да ти одгвори.
Кога ќе ставам лајк тоа значи дека навистина ми се допаѓа мислењето или пак го делам истото мислење. Не сеам лајкови туку така
Кога се согласувам со нечие мислење. Инаку еве сега на оваа тема популарни истакнати членови си заработија по 20 лајкови.И едно прашање,какви ви се тие кланови на форумов?
Бидејќи ми се допаѓа нечие мислење, ама има и некои кои почнуваат само заради неколку мислења што многу ми се допаднале ,да лајкувам и онаму каде што можеби се врви и без лајк.Сепак таква сум во се....како викаат ,оној што не ти се допаѓа ке му најдеш 1001 причина за да го поткрепиш тоа...никого не знам лично ама си дозволувам за некои да оформам своја слика во глава па според тоа се носам засега.
Ставам лајκови на оние мислења што ми се допаѓаат, односно со κои што се согласувам. Не ми е битно дали се од нови или постаρи членови