1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Леб - колку и каков сакате да го јадете

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mishela, 15 март 2013.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Денеска на утринското мени имавме домашно бабино лепче, па си реков да ставам тема и да дискутираме малку околу него. :lol:
    Диеталките го избегнуваат, оние што сакаат да добијат на килажа (ако ги има) постојано добиваат совети да го зголемат количеството на внес - некои го обожаваат, некои и не толку. :?:

    Дали и колку внесувате леб во вашата исхрана?
    Каков леб повеќе сакате - домашен, купечки, обичен бел леб или пак интегрален?
    Кога купувате леб, каков најчесто бирате и кои „фирми“ според вас го имаат најубавото лепче?

    Мене домашниот секогаш ми е на прво место - мајка ми и баба ми го подготвуваат совршено, ама сепак покрај многубројните обврски, почесто си купуваме од Жито Лукс - најчесто од најобичниот, а понекогаш и од исечениот на тенки кришки кој освен за сендвичи и по некој мини-тост, не ми е вкусен за ништо друго. :)

    Ај елајте ми сега на кришка домашен. :P :D
    [​IMG]
     
    На kLem23, molikaMk, tinan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Откако почнавме и јас и мм да реагираме на купечкиот леб, јасно ни стана што има во него, па го исфрливме. Си земавме апарат за леб, и секои 2 дена си правиме во него. Претходно кога купувавме леб, јадевме по еден цел на ручек, зошто се такви пуфкасти, никакви, полни само со адитиви, исто ко да не јадиш ништо :D

    Сега навечер си ја ставаме смесата и си местиме сабајле во 7:30-8 да ни е готово лепчето, за кога ќе станиме да ни мириса домот на убавоооооо пециво мммммм

    [​IMG]

    Користиме германски мешавини за леб (слично вакви)

    [​IMG]

    И благе везе нема со купечкиот, било на Жито Лукс, било на мала маалска пекара....единствено добар и селски леб се` уште има и пробав летово во Лазарополе, фурната таму се` уште си го прави на стариот добар начин.
    Ова денес е далеку од она што ние сме го јаделе во детството....мене кога мајка ми ме испраќаше по леб секогаш ми велеше: Земи 3 ако планираш пак да го изедиш едниот додека да стигнеш до дома, за сите да јадиме! :D
     
    На Annath, tinan и kravce им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Како домашниот, нигде нема :) Јас во последниве месеци некои маки имав со желудникот после јадење, менувај една исхрана, друга, трета...на крај испадна дека до лебот е. И сега го одбегнувам барем белиот, па и интегралниот. Многу подобро ми е кога не јадам леб.
    За купечките, црниот е најдобар, другите ми се ептен за никаде. Не дека и овој е нешто добар, ама мене ми прави барем разлика. Од Жито Лукс, баварски ли беше :^) :D Од фурна лебовите се воздух. Ако овие купечкиве имаат по 400гр. од фурна лебот 100гр дали има. Ептен се надувани и внатре празни. Ние дома уште го оплакуваме жолтиот леб од Грција :$ од фурните таму. Полн, вкусен, абре така да го јадеш. Овде нема таков :(
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Сега купувам нутри со сончоглед на Жито Лукс. Иако има долг век на траење пред да мувлоса, сеуште ми се случува да фрлам леб.
    Иначе Моира има право. Машинчето за леб е закон. Едно време имав позајмено од другар кој не го користеше и бев мнооогу задоволен.
    Неколку пати и месев леб но децата го јадат ко термити и почнаа да се жалат дека ќе сум ги здебелел :worried:
    Не дека јас можев да одолеам па во тој период и си качив некое кило ;)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Правам домашно лепче. Со тетовско брашно исклучиво :!: Или пак кичевско, ама го има во продажба во големи пакувања (читај вреќи), па купуваме на одреден период и го користиме заедно со свекорот и свекрвата. Нема поубаво од домашно лепче. Ако ми остане вишок, го замрзнувам и си вадам по потреба (ова повеќе кога сум сама со малиот, оти јас слабо јадам леб). Заклучив дека ми е поубаво вака, кога сама си го правам дома, отколку да го купуваме. Ако купиме, скоро цел го фрламе, башка полни со адитиви и конзерванси... порадо домашно.
    Инаку, немам апарат за леб, сама си го месам, сега засега го печам во рерна, а кога мм ќе ја направи фурната што ми ја вети, ќе си печам и во фурна :D
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Моира сакав да те прашам од каде ги купуваш тие мешавини, и јас многу сакам домашен леб, и сакам да пробам таков да направам?
    И мене омилен леб ми е домашниот и често кај нас таков се јаде, едноставно на домашно приготвен леб тешко може да се одолее.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Од Тинекс, ама верувам дека и по другите маркети ги има.
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. seme

    seme Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Na Zito Vardar lebot e definitivno najubav vo Makedonija.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Ние јадеме леб. Често го купуваме. Се случува и да замесам леб. Домашниот леб ми е повкусен од купечкиот. Интегралниот леб не ми е вкусен.
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    На ова топло време леб користам во минимални количини,организмот не ми поднесува на топло леб.Се сум на овошје,зеленчук,најразлични салати и полесна храна кај што тотално заборавам на леб.И онака сега засега не ми е потребен симнувам неколку килца :P Можам секаков леб да јадам ама оној црниот диеталниот не го можам,самиот мирис ме убива |(
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас усм си лебарка... :lol:
    Порано јадев црн, ама сега јадам бел, и најубав ми е од Специјал крцкав убав.
    Но ми се допаѓа и новиот на жито лукс, Бриош со вкус на путер.
     
  12. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Бел леб сечен :)
     
  13. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    ретко јадеме купечки леб бидејќи имаме фурна и мајка ми меси секоа недела,преубав ми е и не би го менувала за никој друг мммм топол од фурна со ајварче и сиренце мх мх мх мх :lol:
     
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Преферирам `ржен интегрален,но бидејќи останатите дома ретко го јадам почесто јадам бел.Колку?Па по парче на оброк,зависи од оброкот.Понекогаш воопшто нејадам.Зависи кога како ке ме прифатат. :D :D :D
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кога има домашен од него си јадам и најубав ми еее....
    А така од жито лукс исечен ...а францускиот ми е најубав за сендвичи...
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Леб и душа, јас неможам да јадам на пример само манџа или само месо.. обавесно јадам со леб.. најмногу го сакам домашниот месен од мајка ми, наутро топло лебче и сирење мх, мх :mm:
    инаку најчето купувам од сечен на парчиња ем не се фрла, ем не се малтертира да сечиш
     
  17. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Многу сакам леб! :inlove: Сакам црн леб со сусам да си го мачкам со мармалад,сакам франџула да си ја мачкам со маргарин и мармалад или,пак,си правам солен сендвич од него,леб од Житомел печен во фурна,интегрален леб сечен на кришки и домашен леб! :inlove: Мекиот леб е навистина многу добар за јадење,а исто и заситува и е незаменлив во исхраната! :* :inlove:
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Кај ме најде, лебарка прва класа сум! :lol:

    Да можам би јадела постојано, но нели, се лепи за газот, и кај што не треба, па внимавам. Инаку омилен ми е крцкав и топол наутро, белиот багет од Тинекс, или оној со путер и лук, а од обичниве лебови, исто тазе ем сусамест од Тинекс.
    Со пинџур, со манџиче, со тоа водичката од шопската, абе со СЕ’ на планетава леб можам да си апнам...

    Сама си месам домашен со маслинки и рузмарин, е тој е бесен леб. Па дур е топол, со намаз од лук или краставичка, мф мф мф. Мислам дека 100 кила би имала, ако јадам колку што ми се јаде.
    Лебарска нација, тоа е!
     
  19. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Обожавам леб иако пробвам да го скинам стомачето, го сакам посебно селскиот уфф.. Ама ете колку толку внимавам и по малце јадам најмногу 3 лепчиња на ден.. :inlove:
     
  20. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Јадам леб но не со секое јадење. Инаку бел леб :)