Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Леб - колку и каков сакате да го јадете

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mishela, 15 март 2013.

  1. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Порано јадев бел леб многу. :x Ама многу.
    Сега се фрлив на интегралниот и супер ми е, ич не ми го подува стомакот. :)
     
  2. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    иако дефинитивно црниот леб е многу поздрав, јас сепак го преферирам белиот леб затоа што ми е повкусен
     
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Не сум љубител на леб. Кога би можела, се би јадела без леб.
    Инаку, повеќе го сакам интегралниот. Повкусен ми е.
     
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Бел леб :(
     
  5. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Обожавам леб,особено домашен :x :inlove: сега јадам црн на кришки сечен и бел понекогаш :)
     
  6. BORKA

    BORKA Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    2.224
    Пол:
    Женски
    Го обожувам тој со лук и оригано од Жито лукс
     
  7. ljubovche

    ljubovche Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    68
    Леб јадам ретко, но кога јадам тогаш црн леб јадам бидејки ми е поубав. :)
     
  8. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    бел леб оној што е сечен на рибанки знам понекогаш и црн но само исечен на рибанки :!:
     
  9. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Јадам од црниот исечен на рибанки, бел многу ретко. :)
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Чијабата :mm:
    Си имам една омилена фурна, татко ми од таму ми го купува. Секогаш се тазе, малку мрснички, па и со брашно на нив... леле леле!
    Лебарка сум си, обожавам леб, можам со сол да го јадам и да не барам ништо друго.
    Арно ама, внимавам колку јадам. Еве последниве неколку дена воопшто не сум каснала, дури и татко ми веќе не го купува мојот омилен, за да ми биде полесно да се воздржам :wasntme:

    Утре си реков ќе каснам една кришка, сакам да го пробам бриош од Жито Лукс
    [​IMG]
     
  11. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Црн леб од жито лукс , оној со парчиња од сончоглед ... му нема замена ... :inlove:
    Сабајле јадам 2 парчиња , за ручек 3 и навечер 1 или 2 парчиња сецкано лебче .
     
  12. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Јадам и бел и црн ама црниот е многу подобар за дигестивниот и не ми го подува стомакот, кога ќе забележам дека сум качила некое килце одма се префрлам на црн леб, се забележува топење на масното ткиво особено околу стомакот
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ние по дома имаме периоди, еден период јадеме леб како нездразви, еден период цела недела со еден леб го поминуваме. Е сега сме во првата фаза, ги навлеков сите на бриош, новиот од Жито Лукс. Прекрасно лебче, мекичко, не се суши брзо и има одличен вкус. Плус не е полно со дупки, како што знаат да ги прават џоа воздух јадеш |(

    Од интегралните исто си ги сакам на Жито Лукс, ем исецкани ем таман големина. За мерак со путерче и сол ми е оној од Тинекс, со многу сусам и крцкаво кориче ама само топол кога ќе се начека.

    Во Карфур има едно швајцарско за лебови, тоа изгор скапо што е, ама имаат ептен фини округли земички по 7 или 9 денари мислам се, за сендвичи се топ.
     
  14. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Лелеее колку леб јадам,срамови живи :tmi: Пробувам да намалам ама тешко оди,инаку најмногу го јадам белиот леб .
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    лебар сум најголем значиии, по скоро цел леб на јадење јадам :inlove: инаку бел леб обожавам на кришки сецкан и селски уфф-тој и само така го јадам без ништо :lol:
     
  16. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Највкусно ми е домашното лепче на мамичка.Мене по вкусен ми е црниот леб,од белиот но почесто бел купуваме и тоа од Пекарата „Филип“,порано од „Ана“ ама сега не е баш вкусен. :D
     
  17. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Бел леб од Жито лукс
     
  18. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Многу сакам леб и тесто генерално! Најголем грев ми е лебот мислам :D И бел сакам и интегрален секаков а највише уживам кога е топол од фурна и крцка таков со сусам одозгора...кај ми текна сеа лига ми потече а не смеам :lol:
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.341
    Пол:
    Женски
    Порано не ми идеше јадење без леб. Има веќе скоро година, не јадам ни цела кришка во текот на денот. За ручек со некоја манџа така колку да џвакам нешто, иначе ич. Како ќе се стоплува времето, се префрлам на свеж зеленчук, тогаш па воопшто нема да јадам леб.

    Ама затоа тазе кифли од мама... Иди па застани ме да не изедам едно кило... :D
     
  20. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Јас бев убедена дека не можам да се откажам од бел леб, ама еве си докажав дека можам... Од пред околу еден месец се префрлив на диатален, црн и сл. Најчесто изборот е Жито лукс.