Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Леб - колку и каков сакате да го јадете

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mishela, 15 март 2013.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    54.988
    Пол:
    Женски
    Знам дека по некоја логика сите го ставаат црниот леб пред белиот, ама што да правам повкусен ми е белиот, го обожавам и покрај тоа што има разно разни адетиви :( не ми оди ни едно јадење без малку леб макар :D:D
     
  2. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    Leb recisi i da ne jadam, retko nekogas so namaz inaku so druga hrana ne..
     
  3. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    Само Бриош во последно време, ама не конзумирам леб често
     
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    не јадам многу често, само за сендвич или со манџа, а го сакам само Бриош, хохохоо
     
  5. stojne-21

    stojne-21 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ja pojse jadam bel leb,za beliot leb vikaat deka e steten,ama imam slusnato za crniot leb deka e praven od istoto brasno kako i beliot leb i deka pak podobro e bel leb da se jade
     
  6. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Порано не ни можев да замислам да не јадам леб,бел цело време на секое јадење.Потоа почнав со црн,ми неше многу чуден вкусот на почетокот,но со тек на време се навикнав сосема.Сега леб ретко и кога јадам.
    Исто многу ми се допаѓа и мидетеранскиот од жито лукс.
     
  7. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    не јадам леб, 2 пати во недела и толку, се без леб
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Кaкoв е тпј безглутенски леб?
    (Кaде гo имa,кoлку чини,пo штo дa гo препoзнaм?)
    :whew:
     
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Глутенот е протеин кој го има во житариците (пченица,рж и јачмен),во мал дел во овесот, а го нема во пченката,хељда и оризот.Луѓето кои имаат целијачна болест мора да јадат безглутенски производи.
    Значи безглутенски леб е оној правен со брашно од пченка,хељ или ориз,да не содржи глутен.
    Го има во продавниците за здрава храна,знам имам видено во Биокосмос или Марвик,од 130 до 160 му се движи цената зависно од што е правен.
     
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Обожавам лебче... И сите видови на теста... Најмногу ги сакам врели, штотуку извадени од рерна...
     
    На rainbowec и Rama им се допаѓа ова.
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Се што е месено ОБОЖАВАМ, лебар тежок сум и знам дека не треба толку да го јадам али што да правам кога ми е вкусен... :lol: не ми иде манџа да јадам без да си го мацнам лепчето внатре. :D
     
    На lealealea, sinorinJa и Rama им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Нaјубaвo ми е пченкaрнoтo лепче :inlove:
     
  13. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Багет најомилен :inlove:
     
  14. Leela

    Leela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Многу сакам лепче... Посебно бело кога е тазе топличко и меко - душа. :mm:
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.844
    Во последно време јадам само леб што сама го печам и месам, со интергрално брашно, понекогаш и бело брашно. Се трудам и да не купувам квасец, туку сама да го правам, поздрав е. Со пола кило брашно, јадеме леб цела недела. Мек е како душа и по неколку дена.
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Цка, како го правиш сама квасецот?
    Тој леб чинам се вика наут, можеби се користи леблебија во изработката па затоа се вика така?

    И јас многу сакам домашен леб (со бело брашно, со пченкарно или мешан, со зачини), или ако купувам барам некој печен на дрва, другите се никакви- кората е тврда не се џвака, а средината ја нема, толку е мека, да се задави човек. Којзнае со што го прават тестото.

    Домашно си е најубаво, знаеш што си ставил, си го правиш за своја душа што се вели.

    Инаку за да ви биде како печен во фурна, тавчето за печење не го вадете кога ја вклучувате рерната, оставете го добро да се загрее, па потоа внимателно извадете го за да не се изгорите и ставете го тестото или во тавчето или превртете го тавчето и наредете го лебот врз него.
     
    Последна измена: 17 март 2015
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.844
    Ставам брашно со вода да отстои.

    Иначе, сакам леб со маслинки, многу е вкусен. Купувам од оние зелените, ги сецкам, и на последното месење ги ставам. Се пече во загреана рерна. Ако сакам да крцка, не го покривам лебот со водена крпа, ако сакам да е мек, го покривам.

    Леб со наут не сакам, јак ми е мирисот, а пченкарниот е тврд и мора да се меша со бело брашно и не сакам така. Останувам на интегрален. Погачи, само со бел леб, иначе не ми се убави на изглед.
     
    На joy1, sesilija и Mishela им се допаѓа ова.
  18. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Интегрален со сончоглед.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Од минатиот месец почнав да јадам интегрален леб, а белиот го исфрлив од употреба. Јадам пченичен леб грахам, пченичен леб баварски или нутри леб со сончоглед.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    И мене ми е јак мирисот на лебот со наут, ама прво на него ми текна дека се прави така со домашен квасец.
    Баш овие денови се отвори ваква тема на Кајгана, и се споделуваат искуства за домашен леб како од фурна, и читам демек таквото тесто од брашно и вода требало да отстои подолг временски период, бидејќи можело да биде опасно по здравјето ако не биде добро стасано.
    Таквиот квасец се викал маја,па од таму веројатно и поговорката- “Да фати мајата“.
    Секогаш се одделувало дел од тестото што се замесувало и тој дел се користел при месење на иден леб.

    Ти како правиш, навистина ме интересира оваа постапка, ама не би сакала експериментирајќи да си направам некакви здравствени проблеми, сепак е ова на некој начин биологија.

    Баш ќе пробам леб со маслинки, имам купувано од Тинекс, ама не ми текнало да си направам во домашни услови.
    Во право си за пченкарниот, обично се рони кога е само со пченкарно, ама кога е мешан и со зачини е доста вкусен.
    Исто така пченкарното е убаво и за посипување при сукање, дава убав шмек на суканото, но сепак сите имаме различен вкус и не ни се допаѓаат исти работи.