Верувате ли во тоа дека човекот е способен да лебди без да се допира до земјата? Јас мислам дека тоа може да се постигне само со хипнотизирање на луѓето околу магионичарот, Вие што мислите за ова? http://www.youtube.com/watch?v=xgs9fDic ... re=related
Ред Бул - ти дава крилјааа Да беше способен секој ќе лета и нема да оди или вози. Не верувам се се тоа трикови
Eпа кога се надувал со 50 грами холандска, има да лета, цел свет да го прелета се шалам де... Hе знам, го имам гледано типов, и интересно е сето тоа, али како и да е, не знам во што да верувам
Кој бе не верува? Дај те ми CD од photoshop па ке видите како лебдам Левитација не постои буквално. Не може човекот туку така да ја совлада земјината тежа (гравитацијата) и да си лебди низ просторот.Човекот што левитира ги хипнотизира другите оклу него или прави некои трикчиња така да тие мислат дека тоа уствари левитирал. Станува збор за измама-илузија. Некој постираше видео од Chris Angles како лебди од една до друга зграда, епа еве да видите како Chris Angles ''лебдел'' од едната до другата зграда. http://www.youtube.com/watch?v=gKE0b4a9 ... re=related На ова видео самиот покажува некој друг трик на лебдење. http://www.youtube.com/watch?v=IAL-Czl5 ... r_embedded
Не постојат вакви работи!!! а и овај Крис Ејнџел е измамник! Гледај те го видеово и кажете дали не е така: ќе забележите при крајот, кога ќе трча, од под чаршавот ќе излезе друг човек кој е облечен како него, а и се познава дека "сцената" му е наместена! http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=23
Јас ја знам финтата бе ке се завртиш така шо ке ти ја гледет само едната нога и со таа шо ке ти ја гледет ке се поткрениш а со таа шо не ти се гледа ке стојш на прсти и така инаку извинете шо ви пишам дијалектно ама полесно ми е
Јас на човеков му се восхитувам.Знам порано многу го даваа на Алфа и секојдневно го пратев додуше тогаш верував во ова па брат ми ми објаснуваше дека не е вистина.За разлика од сега на оваа возраст не верувам баш во овие работи но неможам некои да си ги објаснам па се колебам дали е вистина или не А дали се вистина или не не знам само знам дека човеков е фантастичен,ризикува и знае да те остави со отворена уста
Не е ни можно човек да лета, а камоли да се верува дека може да лета.Го имам гледано Крис Ејнџел на телевизија го даваа едно време, како си прелетуваше од едно место на друго Ги видов видеава постирани тука, мене тоа и претходно ми беше јасно, оти нема никаква логика дека тој може да лета, со тоа не постои можност да прелаже некого, па и уште таму каде изведуваше магионичарски работи, луѓето така фасцинирано го гледаа мене смешно ми беше Прво нормално дека за да го направи тоа, тој мора да биде врзан и да биде кренат високо, па тоа да делува демек стварно лета, второ од едноставна причина што општо е познато дека човекот не може да лета.Тие две работи ја побиваат целата таа негова манифестација, иако нормално дека се тоа трикови кој само тој ги знае, но не се нешто со кое би биле другите луѓе убедени, па дури и да се знае дека тоа е илузија.Воопшто не верувам, а нити се воодушевувам во/од тие магионичарски трикови со кои некои луѓе решиле да се занимаваат и да прелажуваат некого.Зошто објаснив претходно.
Постои али тоа е тотално владеење над материјата и просторот и само малкумина би можеле тоа да го направат исто како и телекинеза, телепатија и останатите тие моќи. Науката го нема докажано сеуште тоа , али според некои истражувања и логики , човекот како битие се стреми кон тие совршенства и таа еволуција би можело да настане за 1000 години , кога и самиот наш мозок би работел многу повеќе % од сега.