Ја отворив оваа тема за да продискутираме за тоа дали сте левучари или десничари ? Односно дали пишувате и правите се со лева или десна рака. Во светот околу 4 % од луѓето се десничари меѓу кои и некои биле многу познати Александар Македонски, Наполеон Бонапарта, Леонардо да Винчи, Микеланџело Буонароти, Бетовен, Бах, Чарли Чаплин, Ајнштајн, Максвел, Пол Макартни и др. И 13 август е прогласен за ден на левучарите Јас се правам со десна рака, со лева не можам ни да пишувам ни ништо .
Тешка мешавина.До прво оделение и пишував со лева, ама ете учителката ме одучи Сега пишувам само со десна а друго знам и со лева, да јадам, да сецкам. Чорба каша правам со рацеве
Десничар Ама додека бев основно доста се трудев да пишувам и со лева, онака да разбијам монотонија Ама ај што пишувам така од доле нагоре, никако правец не држам прав , туку и некако градите ме стегаа од нервоза што не можам да функционирам како со десната Сакав да ја навежбам за да бидам феномен? Грешка у залет, не успеав ноу, ноу... Не успеав за да пишувам, ама за по некое китченце да си нацртам на ноктите од десната рака, понекогаш успевам
Десничар. Иако, некои работи да ги правам со лева рака или нога ми се многу полесни (свирење гитара, шутирање топка). И маусот умеам подобро да го движам со лева рака, само што стои десно поради брат ми (т.е. ме мрзи да го префаќам ). Да пишувам можам и лева да кажам читко да пишувам, ама није то то.
Јас сум десничар.Со десна пишувам,инаку со лева знам да правам се,освен да пишувам,цртам,неможам да држам лажица и нож.
Десничар - за пишување ,а се друго можам и со лева рака.Кога бев помала се сеќавам сакав да научам да пишувам и со лева,за да можам и со двете,толку многу се трудев ама џабе ми беше
десничар,а левата рака ми служи само за прифаќање едвај се научив убаво да се лакирам со левата на десната.
Тука вајда си сакала да кажеш дека 4% се левичари... Инаку јас сум десничар. Ама мислам и дека имам објаснување зошто станав десничар. Се сеќавам дека додека учев 1,2 одделение, немаше шанси (барем во моето одделение) некој да пишува со лева рака. Не знам зошто тоа се сметаше за ненормално. Подоцна почна да ми станува интересно да ги користам и двете раце, ама за пишување сум како фатена со левата рака Сега веќе не ми е така интересно да испробувам што можам да правам и со левата рака.
Левучар..! оффи, не си сама! само што мене баба ме одвикна да пишувам со левата рака иначе убаво си пишувам и со левата, не толку убаво како со десната ама сепак убаво.. лажицата ја држам во левата рака додека јадам, ножот исто така кога сечам нешто, вилушката. ако јадам со десна нема да знам како да си ги наместам ама глувчето го држам во десната, пред неколку години го држев со левата, ама зашто брат ми го мести на десната страна и јас почнав со десната рака..
Слично ко другарка ми Таа со десната само пишува, се друга подобро прави со левата хахаха ЈАс сум десничар, но сметам дека не треба да се форсираат децата да пишуваат со десна, некако ми е тоа како хитлерска диктатура . Секое дете најверојатно има инстинкт и почнува да пишува со таа рака што според инстинктот повеќе му одговара.....па наставници и родители, оставете ги левучарите на мира !
Јас сум десничар, ама некои работи подобро ги правам со лева рака. На пример косата си ја мијам со лева рака со десна го држам тушот, кога играме карти со лева ги мешам со десна ги држам,и не знам зошто ама со лева менувам програми со далечинскиот
Одучен левучар како мала сум била левучар, моите ме одучиле, што е и добро, затоа што немаше да можам да го работам ова што сум, т.е ќе требаше да имам посебна машина која е секако поскапа. Како и да е, и двете раце ги користам скоро подеднакво. Можам уште да пишувам со лева рака, секако, не толку добро како со десната, ама и после 25 години добро е има и доста работи што се' уште ги правам со лева рака (мијам заби со лева, мачкам леб, држам четка за фенирање итн.), освен тоа, ми се чудат како при шминкањето ги користам двете раце (посебно за маскарата - лева рака лево око, десна рака десно око).
^^ Заборавив и јас за ова, маскара многу поубаво ставам со лева рака на лево око пример. И знае многу поубаво да ми излезе левото око, од десното.
Јас сум десничар но можам се да правам и со лева рака (можам и да пишувам) само при шминкањето потешко ми е да ја користам левата рака...... И навистина дечињата што пишуваат со лева рака треба да ги остават да си пишуваат со лева да не ги малтретираат и да ги тераат да пишуваат со десна.Имам внука сега е во прво одделение и е левучар, дома ја учат да пишува со десна рака и кога правеле тест нашколо она истите покрети како што ја терале со десна ги правела ама со лева и сите бројки и биле наопаку како да се пресликуваат по симетрала.Се и било точно решено и добила 2ка на тестот и многу плачеше и на крај ја оставија да си пишува со лева за да не прави грешки
Десничар Ама како и повеќето и јас се обидувам да си ја извежбам левата рака и да научам да пишувам и со неа.Претежно на досадните часови го правам ова,за да не заспијам Инаку се,ама баш се правам со десна рака.Оваа левата само за украс ми е,секогаш поубаво налакирана од десната