Средно-тешка категорија Мислам да ме оставеле од мала сама да си бирам не можам да одлучам што ќе било Ама како ме навикнале-така и си работам со десна, но открив дека не ми е воопшто тешко да експериментирам со левата, речиси се излегува како да сум го сработила со десна... Пишување, цртање, шминкање, ракување со било што-нема разлика...
Десничар, со потенцијал и на левата рака Чудно како со лева никогаш, ама баш никогаш не сум утнала кога фрлам нешто, хартивче во корпа, шише.. А со десна никогаш не сум погодила Можам да пишувам делумно, некогаш се чита некогаш не
Родена левичар но моите ме направиле десничар. Пишувам јадам, сечам со нож со десна но многу работи кои не ме терале уште од мала да ги правам со десна-ги правам со лева
Јас пишувам со десна ама скоро се друго правам со левата, да отворам тегла со десна неможам а со левата и мајка ми тегла што неможе да отвори ја отварам, кога возам ролери, кога се лизгаме на лизгалиште секогаш со лева нога тргнувам ( не дека намерно туку едноставно така ми доаѓа ) некако постабилна сум на лева страна. Такви некои мали ситници
Закоравен десничар . Левата рака ретко кога ја користам, скоро па ич. Сум пробала нешто да правам со лева, наместо со десна и никогаш не ми успеало.
Десничар Но многу покомотно и полесно ми е кога носам нешто тешко да го носам во лева рака. Можам и да јадам со лева, а да не се направам лом
Десничар сум! Се скоро правам со десна, а некои работи кои не се толку прецизни можам и со лева рака да ги направам!