Јас пишувам со десна рака, иако сум пробала да пишувам и со лева, ама тешко Ни јас самата не си го разбирам ракописот со лева рака - ногопис
Десничар! Левата ко да ја немам за ништо не ми служи. Само бог знае како успевам да се излакирам со лева
Левучарка скоро се работам со лева, но некои работи можам да ги завршам и со десна без преголем напор.
Деснучар со лева не можам да пишувам ни пак да цртам но ако нешто работам понекогаш работам и со лева
Со десна се правам, а левата ми е златна резерва. Се што правам со десна можам и со лева, ама нормално подобро го правам со десна, подобар ракопис, подобро цртам, подобро мијам садови , подобро се шминкаам и сл. Но кога бев мала, мајка ми инсистираше паралелно со двете да цртам и пишувам, но потоа на училиште се навикнав строго со десна, па способностите на моето лево раче ми останаа недорзвиени .
Јас пишувам со лева рака... можам да пишувам и со десна но кратко време...секако си пишувам со лева и сум горда левучарка
Имам напишано на темава дека сум горд левучар, и дека се фалам многу со тоа хуху. Но не напишав за едно истражување што го прочитав, то ест ми го раскажаа пред многу години. Мене ми нема никаква поврзаност, и ми нема логика воопшто, ама интересно ми е Епа така, ние левучарите кога сме биле сеуште во форма на меурче или зиготче, тоа мало меурче требало да се подели на два дела - т.е сме требале да бидеме близнаци - а не едно дете. Но не знам таму мајка природа вмешала прсти и рекла - подобро е едно бебуле да се роди, а не две. Таа најдобро си знае И ете, мене интересно ми е ипак, покрај овој лејм трач рисрч, могуче било да имам сестра близначка - ама не се десило.
Со десна рака правам се.. Но добро функционирам и со левата рака. Пред 2-3 години правев операција на раката па некои добри 3 месеца неможев да фукнционирам со десна рака и поради школските обврски бев принудена да почнам да ја користам левата... Бев изненадена за колку кратко време научив да пишувам, да држам лажица, да сечам итн..