Еве уште еден левучар, десната исто како да ја немам, ништо не правам со неа освен кога бев мала плетев со десна Се сеќавам одев на село кај баба ми каде што сите плетеа и јас сакав да се научам. Баба ми сирота ме учи јас со лева никако неможам да научам, како луда, после една тетка дојде и ме научи со десна
Со десна рака се,најлесно ми е со лева одредени работи али не можам се...сепак десна си е десна а од секогаш сум имала желба да пишувам со лева рака ...
Левучар и не ни пробувам да се одвикнам од тоа Нити пак ме терале - само еднаш добив закана од една страшна учителка дека ако не научам да пишувам со десна нема да поминам второ оддление Ух колку се плашев тогаш Инаку левава рака многу проблеми ми правеше - и требаше долго време на мама да ме научи да отварам и затворам чешма ( кога ги има оние за топло и ладно ) јас наместо да отварам - затворав и обратно Инаку и левата страна од мозокот ми е поразвиена од десната па така ми требаше време да сфатам како се движи саатот А да и на играорна полно пати ми се случуваше левата нога да ми прави проблем - сите со десна јас со лева - сите на десно јас на лево Али секако вежбав и се поправив Инаку со лева мијам заби,вилушка - лажица во лева рака,пишувам секако со лева ,шутирам со лева ( е тоа не би сакале да го видите - топката лета на сосема друга страна )
Десничар, со успешни сработувања со лева Јас можам се да работам и со левата, освен да пишувам Често пати мајка ми се смее, дај смени ја раката, вака не ми е нарачно И за шминкање се шминкам со двете, чаша дршам со лева, не ми смета која било рака да ја користам. А едно ме чуди, зошто сите се обидуваат да ги одучат своите деца да пишуваат со лева? тетка ми за едното дете се дереше кога го учеше, немој левата, со десна, ами ако не може да пишува што? Не е греда, мене левичарите ми се симпатични. Сега и другиов братучед пишува со лева, и не оставив да го караат, така може и точка!
Десничар, со особена необразованост на левата рака. Со лева пишувам како со нозе, ама буквално името едвај ке го нашкртам . Порано кога седев со една другарка која пишува со лева рака се удиравме со лактите па моравме да си ги замениме местата Ааа Има и една бабина деветина дека леваците живеат 7 години помалку од десничарите Не верувам Сепак ми треба мене вежбање на левата рака..
Десничар. Неможам да се замислам себе си да пишувам со лева рака а и ретко правам нешто со неа. Одвај можам името со лева да си го нашкрабам.
Левичар, ко мала моиве сакаа да ме одвикнат да јадам со лева али не им успеало. Ако јас пишувам, правам се` со лева кога ќе видам некој левичар кај што пишува чудно ми е, навикната сум повеќе десничари да гледам кај што пишуваат
Горд десничар. Ништо неможам со ова левава рака, само да типкам по тастатура. Ама ако си ја сакам и неа, супер ми е.
Уф, добро е, си реков уште една политичка тема Јас само не можам да пишувам со левата, инаку се друго претежно со левата правам.
Ние кога пишуваме истовремено и сенчаме по листот Секој ден на училиште левата дланка ми беше фарбана сина од мастило. Ја влечеме раката и се се замачкува
^^ Малце офф топик, ама другарка ми е левучарка и секогаш кога седи десно на клупа, а јас лево се маваме со рацете.
Ние левучарите сме на тешки маки. 1. Ѓезвињата се направени стриктно за десничари. 2. мењачот во кола е од десна страна и уште некои работи што моментално неможам да се сетам. Дискриминирани сме!
Незнам дали само јас сум мрднана левучарка но кога пишувам тетратката ја свртувам скроз и пишувам во правец така ми е најзгодно
и јас сум левучар тра ла ла ла ла и многу ми е убаво кога се си правам со лева ва ми рака и сите ми се чудат. не дај боже некој десничар да ме посматра како сечам леб. готово се исече секогаш ми викаат хехех. ја подржувам оффи во моабетов за левучарите истото и на мене ми се случува. ах на математика стално грешев затоа што си ги покривав веќе напишаните бројки. но многу сум горда и не ми е некој проблем што сум левучар
И мене секогаш така ми викаат кога сечам Леле пази раката ќе се исечеш Аман бе луѓе им викам лесно ми е мене, исто како што вас ви е со десна
Десничар сум ама почесто работам со лева, освен што не можам да пишувам. Само кога јадам не сакам до мене да седи левак, а сите братучеди ми се леваци, па имам проблем, не можам да се најдам
И јас сум левучар. Не само леб, се кога сечам ми викаат пази да не се исечеш. Не е лесно да си левучар
Во последните 100 години бројот на левораките луѓе се зголемил за четири пати и се смета дека околу 12 отсто од жителите денес пишуваат со лева рака. Децата многу рано ја покажуваат својата определеност дали ќе бидат левораки или не, но има и случаи дека таа склоност се согледува кај некои деца и подоцна, меѓутоа ретко после четвртата, т.е. петтата година. Во игрите и животот на детето, може да се провери со која рака детето црта, ја држи четкичката за заби, со која рака се чешла, дели карти, прави кула, ја облекува куклата, брише со гумичка, која рака прво ја става во ракавот кога се облекува... Ако детето во девет од десет такви ситуации ја користи левата рака, може да се претпостави дека е леворак. Доколку е потребно, вистинско тестирање може да изврши специјалист, бидејќи е познато дека мозокот на човекот има две половини кои не се идентични. Ако е развиена левата половина на мозокот, лицето е деснорак, а ако е развиена десната страна на мозокот, тогаш е леворак. Левата половина на мозокот ги обработува информациите, систематски и етапно, а благодарение на таа половина на мозокот ние ја разбираме смислата на зборовите, апстрактните поими, способни сме да го класифицираме светот околу нас кој не опкружува, да ги планираме своите активности вклучувајќи логички заклучоци и факти, додека десната половина на мозокот ги обработува информациите интуитивно, моментално, со многу емоции и креативно. Познати левораки: Леонардо да Винчи, Микеланџело, Бетовен, Бах, Чарли Чаплин, Пол Макартни, Цезар, Александар Македонски, Наполеон, Ајнштајн, Максвел...