Со двете умеам, инаку можам и во исто време ама споро многу А онака, со десната пишувам, со левата цртам...со двете мавам шлаканици
левак !!! десната за во канта е . сакам да научам со десна да пишувам ама не иде , ви се чудам на вас десначите како можете
Правам се со лева, освен пишување Тоа го имам наследено од мајка ми. На пример и како мала кога одев на карате, десната рака секогаш ми беше по цврста и позгодно ми беше со лева да замавнам. Исто порано на физичко кога сме играле фудбал, јас со лева шутирав. И така можам да си редам, но кога ќе дојде ред за пишување, тука настапува десната. Името и презимето можам убаво да си ги напишам со лева, не се приметува дека е со другата рака, но не и нешто друго. Мислам дека тоа е така затоа што името и презимето ги имам безброј пати пишувано со лева и најверојатно и самата рака и мозокот се научиле Инаку имам читано дека левучарите живеат подолго од десничарите затоа што поактивна им е левата страна, каде што се наоѓа срцето и срцето станува по издржливо. Мене ова ми е малку чудно и смешно, се сомневам дека е вистина. Инаку monii91 и јас им се чудам на левучарите како успеваат, никогаш ништо не успеав да напишам со лева, освен име и презиме и покрај тоа што скоро се друго правам со лева
Пишувам со десна рака, а со лева можам само нешто да држам, а најтешко ми е кога мора со левата рака да ја лакирам десната рака
Левучар. Се сеќавам у прво одделение наставничката ме караше оти пишував со лева, забегана една. И не сакав нашколо да одам. А толку убав ракопис имав... Мамата нивна.
Десничар. 'Се правам со десна, само кога возам велосипед, кога се држам со една рака, можам со левата, а со десната не, би паднала од велосипед со неа хаххаах
Десничар. Навистина им се дивам на лугето кои можат да пишуваат со лева рака, јас неможам ни една буква да напишам а да не е искривена