Јас сум десничар, дечко ми е левичар. Најсмешно е кога ќе излеземе во ресторан и нели, ножот во десна рака треба, вилушката во лева, е тогаш сум комедија Со лева рака ни вилушката не можам да ја држам
Со десна само пишувам, а друго се правам со лева...јадам, држам прибор, пијам, мијам заби, фрлам, некако повеќе доминанта ја чувствувам левата....
50-50 сум, можам да пишувам и да цртам подеднакво добро и со двете раце, а ова второво многу ми се најде за факултет, посебно кога полагам цртачки предмети, чии испити траат со саати. Најинтересно ми беше во средно додека решавав задачи или пишував текст на табла - кога ќе почувствував нелагодност во десната рака на пример, ја менував и на останатите им беше интересно. Fun fact: не знам да исечам леб или било што со лева рака, ама затоа пак не знам да избришам прашина и не умеам да држам четкичка за заби со десна рака.
Ооо женска па ти си многу интелегентна. Двете хемисфери во мозокот ти се развиени. На десничарите повеќе им е левата, а на леваците повеќе им е развиена десната хемисфера. Јас сум десничарка, но отворање на шише на пример секогаш подобро ми оди со лева рака
Ме изнасмеа, @pupi.girl. И јас читав доста на оваа тематика, многу ми е интересно за проучување. На прво место е практичноста, како најголем бенефит од ова, а потоа сето останато.
Толку многу левучар, што ми се појави рскавец на левата од премора па по препорака на лекар морав да почнам и со десна да си играм.