Јас сум левучар, ама ја користам и десната рака. Ние левучарите, принудени сме да ја користиме десната рака, сакале или не. Пишувам претежно со десната рака од практични причини, но можам и со левата без проблем. Ама со десната не можам да цртам никако, не ми оди. Права црта една не можам да повлечам.
Како мала изгледа бев левучар, сѐ започнував со лева, ама мајка ми упорно ме тераше да префрлам на десната. Татко ми ѝ велеше да не инсистира, да ми дозволи да се учам и со левата, ама она не го слушаше, си истера по свое и така сега сум деснак. Мислењево моментално го пишувам со лева.