Десничарка сум, сум пробала да пишувам со лева ама изгледаше како бушавата азбука и живци искинав додека напишам нешто
Пишувам со десна, ама забележувам дека многу работи ги правам со лева рака. Сум пробала да пишувам и со лева ама не ми оди.
За пишување десничари со десна иако и тоа е субјективна работа, ама за спортот повеќе се бараат со лева зошо се потребни како таква позиција а малку ги има
Левучар! Неможам со десна ништо! Многу од вас како мали биле одучувани.За среќа јас немав проблем за тоа со коа рака пишувам и навистина сум среќна што не ме принудувале да се менувам.Се сакам таква каква што сум и не би се сменила за ништо.
Десничар, левава рака одвај ја корситам ни асално не можам ноктиве од денсната рака со левава да ги исечам.
Десничар, до второ бев и левичар и десничар, но со тек на време се преориентирав на десна рака, денес левата и не ми е толку активна, всушност си имам и проблем со левата страна кога нешто со лева треба да направам јас сум потполно здрвена. јас незнам оние на веремто кои си имаа проблем со левичарите, што луѓе беа, колку порано не ги прифаќаа дури знам луѓе што ден денешен имаат трауми, а за што? се сеќвам кога домашната ја напишав со лева рака, професорката ми ја зема тетратака и ме критикуваше силно за на крај да ми мавне единица, дури ги свика и моите родители, после долго време се соочував и борев со нејзината омраза, Боже Боже што беше тоа јас незнам, се прашувам дали уште постојат такви мрднати.
За пишување со десна рака, а инаку за извршување на секојдневни обврски полесно се снаоѓам со лева рака