1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Легализација на проституцијата - Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од UnknownLadyDi, 15 јануари 2013.

?

Дали проституцијата треба да се легализира?

  1. Да

    100 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    64,3%
  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Порано бев голем противник за легализација на проституција.Најповеќе од морален аспект дека не оправдувам продавање на човечкото телото за пари.
    Ама сега сум за легализација.Ете доказ дека човек мислењето пред пет или десет години може да го смени ;)
    Прва причина ми е тоа што ако е легализирана проституцијата, ќе бидат обврзани да прават редовни контроли за СПБ и ХИВ.Тие ќе бидат заштитени, а и клиентите кои користат услуги.
    Таа/тој што решил да си го продава телото за пари, не можеш да ги предомислиш.Се одлучиле да не се трудат многу,а лесно да заработат пари.Тоа дали ќе го прават во јавна куќа или на некој автопат, парк или паркинг е исто.А, и тој кој решил да фрла пари по проститутки ќе оди и ќе ги најде кај се наоѓаат, без разлика дали е тоа легално или не.
    Второ, зошто да не плаќаат данок на државата, ако веќе земаат пари за тоа што го работат.За возврат ќе добијат пензиско и здравсвено осигурување :).Сами си се клсифицираат како работнички/ци кои даваат сексуални услуги или како жени/мажи кои го работат најстариот занает.
     
    На cresa-jagoda и daylight им се допаѓа ова.
  2. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    @fairy88 ако проституцијата е продавање на сопственото тело, дали и физичката работа како, зидање куќа, куќна помошнича каде лугето здравјето си го оставаат и навлекуваат разни болести е исто така продавање на телото?
    Ако твојот одговор е не, тогаш објасни ми како тоа едново од кој уште никој не умрел е продавање а другово од кој секојдневно гинат луге не е продавање на сопственото тело. Да не напоменувам што во одрефени фирми лугето буквално треба да бидат на располагање 24/7.
     
    На macedonec15 и ninja35 им се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Еднаш, една као старлета, дојде на моја маса во диско, виде дека сум open minded и ете ти ја после извесно време ми понуди да ја поминам вечерта со неа и некој тип, за и на двете да ни плател по 200 евра.
    Ѝ викам: - Боље цел месец клозети ќе чистам за 100 евра, отколку за една вечер да заработам 200 со некој мрсул и со тебе.

    Ми вика: - Па до сега викаше дека те нервирало кога некој ќе каже за некоја дека е к*рва, ако спиела со многу мажи.

    Ѝ викам: - Види маче. Јас може и од тебе со повеќе да сум била. Ама тоа сум го направила затоа што во тој момент сум сакала да го направам, не за некој да ми го плати. И со еден да сум била, а тоа да било за пари, курва си е курва.

    Мразам вакви жени, не од конзервативни причини, туку од тоа што се свесни дека телото им е единствена алатка за да дојдат до пари. Има пари и се прчи со телефони нови, одмори и свашта, ама тоа ќе помине. Ќе стане ружна и ќе си остане сама со техничката опрема и сликите кај што пие коктел на Канарски со некоја масна старкеља.
     
    На cresa-jagoda, Rama и NightBreaker им се допаѓа ова.
  4. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Никако не ми влегува во глава како би изгледало кога на шалтер ќе прашаат проститутка
    - А кај сте вработени ? :lol:
    Или кога во банка ќе уплаќа платен промет...(facepalm)
    И како ќе стои во работничка книшка...сексуален работник...:?:
    Па кога ќе аплицира за работа на друго место, што ќе напише во графата, досегашно работно искуство....:inlove:
    Едно се нашите прогресивни размислувања, друго е реалноста...ова е Македонија и далеку сме светлосни години од нешто такво како што е легализацијата на оваа дејност
     
  5. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Овакви девојки има многу со лопата да ги ринеш, среќен сум што сум нормален дечко па не се движам во тој круг на старлети т.е. скапи проститутки (така се замислуваат) пошто тоа се.
    Вакви девојки можат да се забележат на фејсбук и инстаграм профили кој има око соколово, не можат да си ги скријат прљаво заработените пари и раскошот... и си се издаваат... кај пијат коктел на некоја плажа во Малдиви со iPhone 6 до нив или кај уживаат во вечера во некоја висококатница во Дубаи и слични примери. :D
    Е баш заради такви вреди да се легализира проституцијата и да си плаќаат данок наместо да фрлаат пари по острови и океани.
     
    На daylight и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.409
    Не знам зошто викате дека си го продаваат телото, тие не си го продаваат телото туку продаваат „услуга“.
     
    На Bender Rodriguez, daylight и Strumka22 им се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Прво мислам дека си се преценила дека некој би ти платил 200 евра мало морген.
    Второ како тоа девојка која се растура со кого стигне не е курва а таа што наплатила за својот труд е, каде е тука локиката, дали само цената одредува кој е курва а кој не?
    Во нашиот народ за курва се смета секоја промискуитетна жена а веќе ако се е*е зошто да не го наплати тоа. Парите не ја прават ни помалку ни повеќе ку*ва.
     
    На joy1 и ninja35 им се допаѓа ова.
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ок. Колку му наплаќаш на дечко ти?
     
    На Valerin и daylight им се допаѓа ова.
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Да ама кај ѕидар или куќна помошничка имаш само извалани раци, а душата и совеста ти е чиста.Дали проституцијата ќе се означи како професија или не секгоаш била и ќе се коси со моралните норми.И затоа за мене тоа е продавање на телото.Во вториот случај повеќе ми личи поимот работна сила.
    И кој вика дека проститутки не умираат?Закачуваат разни болести и се физички малтирани и претепувани од клиентите(малку ли имаа статии на оваа тема).
     
    На cresa-jagoda, Rama и NightBreaker им се допаѓа ова.
  10. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Брилијантна формулација. :D Во суштина така е проститутките продаваат услуга, не тело. Продавање тело би било продавање бубрег, коскена срцевина итн. но тоа е трговија со органи и сосема друг бизнис. :D

    Проблемот со присутноста на проститутките лежи кај нас мажите. :swear: Се додека има овчички ќе има и волна. Се додека некој сака да фрли 50, 100, 200, 500 евра за најелитните факерки ќе има девојки кои ќе тргнуваат по патот на лесните пари. Не им се работи во бутик за 100-150 евра цел месец кога за 1 час можат да ги извадат тие пари, а се што треба да направат е (mooning) Но таков е светот нема тука лутење ниту може да се направи нешто да се промени. Факт е жената е “производ“ кој секогаш ќе биде баран на пазарот и затоа копнеете да направите топ тело (имате повисока цена :D), додека кај мажите ин е да се бизнисмени и финансиери, нормално згодно тело е плус. Генерализирам малку, меѓутоа мора така инаку не можам да извадам поента.
     
    На Bender Rodriguez, daylight, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    @NovusOrdoSeclorum ако некому наплаќам тогаш тој не може да ми биде дечко и воопшто да го нарекувсм така.
    @fairy88 Не би се согласила со тебе. Според мене попониѓувачки е да им ги переш валканите гаќи и да чистиш нивни г... отколку да бидеш ку*ва.
     
  12. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Не пошто рече дека сексот е труд или жртва, кој треба да се наплати. Сексот е рамноправен и нема тука жртва, освен ако не страдаш од фригидност па да си ја наплатиш болката. Мене ми е супер кога имам секс со некој што сакам да имам и не гледам зошто би му земала пари за тоа.
    И секако, подобро да му ги исперам гаќите на тој што го сакам, отколку да му го пушам к*рот на некој што не ме смета за човечко битие, за да ми фрли некој денар.
    За ова тарифифе, изглеа ептен се разбираш, па 200 евра многу се.
     
    На Valerin, Rama, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Епа јас работам како болничарка и бришам нечиј гз и г*мна.Не знам комплет биографија за луѓето кај мене што се биле тие во животот и со што се занимавале, не ме ни интересира.И да ти кажам се додека ми плакаат пари секој 27- 30 во месецот(за месец кој уште не поминал), ми плаќаат здравствено и пензиско, не се срамам да кажам што сум и што работам. Знам дека можеби раците ми биле валкани, ама имам чиста душа и мирна совест кога си дојдам дома.
     
    На danichap, Bridget, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.409
    Што зборите морал?
    У некои земји не е морално да имаш секс пред брак, па еве повеќето во Македонија имаат.
    Во некои земји им прават на девојчињата обрежување, за да кога во иднина имаат односи со мажот да немаат никакво уживање само болка, зашто жените не смеат да имаат секс за уживање само за репродукција.

    Може некоја си ужива во работата и си добива 2 у 1. Ем пари ем задоволство. Да не збориме дека кај што се ова е легализирано се тестираат секоја недела, се безбедни и сл.
     
    На Valerin, Bender Rodriguez, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Pa vistina malku bi bilo nefer kon onie lugje sho ustvari rabotat neshto vo zhivotot :D
    Ama, koj kako si ja naredil.
     
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Ак ти не се срамиш, зошто тогаш се дрзнуваш да осудуваш некој друг кој исто така мисли дека е ок тоа што го работи и на крајот на краиштата му носи приход. Ако веќе сме кај продавање на душата мислам дека тие ја продаваат душата за многу повисока цена од тебе а не фаќаат нишии измет и не трпам смрдеа..
    Затоа цени си ја својата но не ја осудувај работата на другите.
     
    На izmislena, daylight и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  17. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Не ме засега дали ќе легализираат или не. Ниту сум, ниту познавам некој/а таква.
     
  18. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Пред неколку години во Берлин во еден хотел каде што бев службено со група колеги, еден од вработените ни кажа дека после 9 часот навечер, во сепарињата во фоајето пред барот седат девојки кои прават друштво "за кратко" или "за цела ноќ" .....
    Не сум бил со таква женска а сум
    поминувал покрај нашиве
    проститутки, сум ги гледал и во
    Бугарија и покрај европскиве
    автопатишта и бензински ама
    никогаш не сум видел така од
    блиску и на раат да можеш да ги
    видиш.
    Се симнав околу 10 и прво што ми падна во око беше една црнкиња, со тело како газела, висока околу 175 см, со лице и очи како некој да ја цртал, толку убава.
    Леле, кога сум паднал во едно искушениеееее...никогаш не сум бил со проститутка а со црнкиња пак ич...
    А не ми се даваат пари, дури ми е срам и да прашам...
    Плус, тука ми се и колегите, па ако ме видат од утре ќе биде играње к**ташак на работа, башка цело Скопје ќе дознае...:sweat:
    Барем и се изнагледав...и се частев едни патики наредниот ден...]:)
    И така...тој што сака, ќе најде...тој што не сака, нема....без оглед на закон и морални норми...:^)
     
  19. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    ^^Јас никој не осудувам,оти ако е така нема да гласам за нивна легализација.Само за мене тоа не е морална работа.
    Ако е тоа за тебе во ред , тоа е твој проблем.Слободно можеш да се курваш и нема да те осудам(оти тоа не го правам јас:!:)Јас поубаво ќе си останам таму кај што сум и ќе ја работам со измет и смрдеа
    И те молам преќини веќе да ме цитираш оти упорно се трудеш да ми посочеш нешто, со што не се слагам.Нека си тече дискусијата понатаму да не премине во препукување помеѓу нас.Јас си кажав што мислам.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Јас сум против легализација ама реално гледано проститутки имало и ќе има секогаш. Не сум запозната и не знам дали и колкави казни има, ама дефинитивно треба построги казни и за "ноќните дами", и за тие што плаќаат за нив, и за макроата...
    Од секогаш сум се прашувала дали воопшто имаат барем малку гордост тие жени? Зошто не почнат да бараат нормална и чесна работа? Вистина во една вечер може по 100 евра земаат ама името проститутка...кој би се гордеел?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.