1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Легализација на проституцијата - Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од UnknownLadyDi, 15 јануари 2013.

?

Дали проституцијата треба да се легализира?

  1. Да

    100 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    64,3%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што примарниот концепт за проституција ја опфаќа деловната активност за вклучување во сексуална активност во замена за плаќање, истиот претставува комплексна структура од испреплетени елементи кои се дефинирани како социо-економски проблеми.

    Овие социо-економски проблеми вклучуваат изнуда и уценување, трговија со луѓе каде жртвите се принудени на проституција, детска проституција, пораст на организираниот криминал, ширење на сексуално преносливи болести и илегална имиграција.

    Така, легализирањето на проституцијата не би требало да се перцепира како "правење услуга на проститутките", туку како заеднички бенефиции за државата и за невините жртви и деца кои се присилени да работаат во секс индустријата и со тоа нивните животи се изложени на голема опасност.

    Правните теми имаат тенденција да се фокусираат на четири видови на проблеми:
    • Виктимизација
    • Етика и морал
    • Слобода на избор
    • Генерална корист или штета за општеството
    Главните причини за неподржувањето на легална проституција потекнуваат од конзервативни и/или религиозни размислувања кои се повикуваат на морална основа од една страна, и одредени феминистички ставови кои проституцијата ја перцепираат како форма на консензуална злоупотреба, од друга страна.

    Кога станува збор за првата причина, би се согласила со @Anon дека често се мешаат субјективни размислувања за неморалноста на проституцијата и генералното прашање за правното регулирање на проституцијата, што претставуваат две сосема различни концепти.

    Исто така, би рекла дека ваквото осудување е доста ограничено бидејќи се земаат во предвид само оние жени кои се проститутки по сопствен избор, а притоа забораваат на жените и децата кои како жртви се принудени да бидат проститутки - факт е дека и тие претставуваат дел кои го сочинуваат концептот за проституција, меѓутоа за нив не се изразува никаква емпатија.

    Што се однесува до втората причина, постои размислувањето дека се додека проституцијата постои, замислата за феминистичко општество не може да биде целосно манифестирана.
    Во реалноста, ако се водиме по таа логика, тогаш никогаш и нема да постои такво феминистичко општество поради тоа што се заборава примарната цел на феминизмот, а тоа не е да ги осудува и понижува проститутките, туку да ги заштити истите.

    Дополнително, со тоа само се зацврстуваат двојните стандарди меѓу половите, како што човековото општество секогаш ќе ги осудува и критикува жените кои работаат како проститутки, а од друга страна не ги осудува мажите како муштерии кои плаќаат за сексуални услуги и со тоа всушност ја креираат побарувачката за тој вид на пазар.

    Освен тоа, како што и претходно беше споменато, не сите проститутки работаат по своја волја, туку голем дел од жените и децата се жртви на трговија со луѓе и организиран криминал, што повторно би значело дека феминизмот не успева да ја исполни нејзината примарна цел, а тоа е заштитата на сите припаднички на женскиот пол, генерално.

    Всушност, факт кој многу луѓе не го знаат е дека проституцијата, всушност, се смета за природна појава бидејќи неколку научни студии сугерираат дека проституцијата не постои само во човековото општество, туку и меѓу одредени животински видови како пингвини и шимпанза, кој често е дефиниран како "трансакциски" секс, кој се извршува во замена за храна или други неопходни ресурси.

    На пример, Adélie пингвините користат каменчиња за да градат гнезда. Недостатокот на каменчиња ги наведувало женските Adélie пингвини да имаат сексуални односи со мажјаци кои не се нивни партнери во замена за каменчиња кои потоа ги носат кон своите гнезда.
     
    На senjorita-v, IRBBB, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ми даваш сапиосексуален hard on кога те читам.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Што би рекле за шведскиот модел? Тамошното општество генерално проституцијата ја перцепира како експлоатирање на жената, нејзино потчинување и угнетување, така во Шведска веќе 20 години плаќањето за сексуални услуги претставува кривично дело (гонети се муштериите, а не проститутките).
    https://en.wikipedia.org/wiki/Prostitution_in_Sweden
    https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/...ne-probal-shvedski-da-ja-reshi-prostitucijata
    Но, сите знаеме дека свеста е назад за такви размислувања овде на Балканот, каде се јавува интерес единствено за копирање на чудни и во ништо позитивни трендови и појави од надвор. Човековото достоинство тука кога не е шега, е предмет на лукративни пресметки.
     
    На Feminka22 и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Шведскиот модел, иако се чини дека оди во прилог на феминизмот и звучи убаво во теорија, сепак сметам дека истиот содржи повеќе недостатоци отколку предности;
    Имено, Шведската Влада за ова законодавство тврди дека е од важност за човековото општество во врска со борбата против проституцијата:

    Prostitution is considered to cause serious harm both to individuals and to society as a whole. Large-scale crime, including human trafficking for sexual purposes, assault, procuring and drug-dealing, is also commonly associated with prostitution. (...)The vast majority of those in prostitution also have very difficult social circumstances.

    Според оваа дефиниција, главен аргумент против проституцијата е дека истата се манифестира против волјата на проститутките, која истовремено претставува резултат на активности кои се сметаат за криминал во вистинска смисла на зборот.
    Секако, трговијата со луѓе, принудната проституција, организираниот криминал и детската проституција во секоја држава се сметаат за сериозни кривични дела каде виктимизацијата е доста очигледна, но тоа сепак не ја опфаќа целосната содржина на проституцијата.
    Со ова, би рекла дека еден од предностите на Шведскиот модел е што има потенцијал да ја спречи принудната проституција меѓу жените и малолетните девојки и ако истиот сака да има поголемо влијание, не би требало да го криминализира само купувањето секс, туку и продавањето, односно не може од една страна да очекува да се елиминира побарувачката кога очигледно е дека понудата сеуште постои, од друга страна.

    Меѓутоа, ако ги земеме во предвид проститутките кои по своја волја ја вршат нивната професија, тогаш од правен аспект е малку потешко да се утврди штетата и виктимизацијата од таа активност. Така, од општествено гледиште, своеволната проституција можеби се перцепира како облик на "male dominance over women, and as a practice which maintains patriarchal hegemony", но малку е парадоксално да се претпостави фактот дека постојат жени кои едноставно сакаат да бидат дел од секс индустријата, односно имаат слобода на избор и тие ни најмалку не се чувствуваат како жртви.

    Ова истовремено ги става во загрозувачка положба оние проститутки кои по сопствен избор ја работаат оваа професија, како и нивните клиенти. Со други зборови, Шведскиот модел не може да придонесе кон целосно елиминирање на појавата на проституцијата, барем не своеволната проституција, туку само успева да ја "премести" истата во многу понеповолни услови.

    Освен тоа, истиот успева да креира одредени стереотипи и претпоставки/очекувања кои не се точни, односно:
    • Дека жените ќе бидат побезбедни.
    • Дека ова ќе ја запре побарувачката за проституцијата.
    • Дека сите жени/девојки се принудени да се проституираат.
    • Дека проституцијата ќе биде целосно елиминирана.
    • Дека проституцијата се подразбира во границите на контекстот дека само жените продаваат секс на мажите.
    Во овој научен труд се наведени одредени непосакани последици на Шведскиот модел и врз проститутките и врз клиентите: http://www.bayswan.org/swed/ClaimedSuccess.pdf

    "The most common and perhaps most serious complaint regarding sex workers themselves is that they experienced an increased stigmatization after the introduction of the Sex Purchase Act.
    Some also state that the ban is a violation of their human rights, and many say that they don’t feel fairly or respectfully treated: they are not regarded as fully worthy members of society."


    Бидејќи луѓето се социјални суштества, нивното достоинство и репутација во човековото општество се сметаат за најголемите општествени вредности. Стигматизацијата, односно социјалната стигма би претставувала сериозна дискриминација врз проститутките и оваа негативна последица е спротивност од целта на Шведскиот модел, а тоа е заштита на проститутките, бидејќи главно се перцепира како феминистички чекор. Сепак, би рекла дека во овој случај треба да има разлика меѓу стигматизирање на своеволни проститутки и принудени проститутки.
    Имено, постои опасноста принудните проститутки, и покрај тоа што истите претставуваат жртви, да бидат делумно или целосно стигматизирани како и своеволните проститутки.

    "Sex workers object to the fact that they were not consulted in the making of the law. Since sex workers feel they are not able to influence their legal or societal situation, they feel powerless. And since the ban builds on the idea that women who sell sex are victims, weak and exploited, many claim that the law propagates stereotypical notions about sex workers."

    Очигледно е дека овој дел од трудот се однесува на изјавата на своеволните проститутки, со фокус на истата критика која беше спомената и претходно, односно дека Шведскиот модел има тенденција да излезе во пресрет главно на принудните проститутки, врз основа на стереотипот дека сите жени/девојки се принудени да се проституираат како жртви на трговија со луѓе или организиран криминал.
    Своеволните проститутки сметаат дека не биле консултирани при креирањето на овој закон бидејќи нивната слобода на волја воопшто не била земена во предвид и како резултат на тоа, додека Шведскиот модел можеби има позитивни последици за жртвите на принудната проституција, истовремено создава уште полоши услови за своеволната проституција.

    Од сето ова би извлекла заклучок дека Шведскиот модел, секако, како што има свои предности, така има и одредени недостатоци. Односно, предностите главно се однесуваат на принудната проституција, додека недостатоците се однесуваат на своеволната проституција.
    Исто така, криминилизирањето на побарувачката (клиентите), а не понудата (проститутките) не успева целосно да ја манифестира успешноста на борбата против проституцијата, туку само ги изместува нејзините услови.
    Примарно сметана за феминистички чекор, истата не успева во целта да обезбеди генерална заштита врз припадничките на женскиот пол во секс индустријата, туку наместо тоа, врши субјективна селекција.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Шведскиот модел е најдобриот, бидејќи речиси темелно навлегол во суштината. Нема своеволна проституција, оние кои сакаат да го продаваат своето тело, не знаат за подобро во животот, такви вредности попримиле по игра на случајот, и затоа мислат дека сакаат тоа да го работат. Не сметам дека општеството треба да даде зелено светло за проституцијата, бидејќи има лекомислени млади луѓе, особено девојчиња на кои им се испраќа лош пример. Иако веројатноста подоцна да се покајат е голема, општеството последиците по индивидуата не ќе може и нема да ги санира. И напоменувам дека многу мал дел од оние кои не би се согласиле со мене, сами би влегле во занаетот и би посакале нивните деца да земат учество.
     
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Шведскиот модел е соодветен и доста прецизен за оние жени и малолетни девојки кои претставуваат директни жртви на организиран криминал, измама и принудна проституција. Меѓутоа, дури и со нивното отстранување од тие кругови, проституцијата како активност сеуште не може да биде целосно искоренета, главно поради тоа сеуште постојат елементите на понуда и побарувачка, каде додека побарувачката е независна, понудата не зависи целосно од жртвите на организиран криминал, измама и принудна проституција.

    Би рекла дека поимот за "своеволна" проституција е сеуште дискутабилен, во однос на спротивното мислење кое ја дефинира проституцијата како облик на експлоатација.
    Простутуцијата, како и секое друго инволвирање во секс индустријата, можеби претставува слобода на избор, меѓутоа тоа не значи дека истото секогаш претставува и добар избор за било која припадничка на женскиот пол, со оглед на развиеноста и софистицираноста на модерното човеково општество.

    Сепак, во теорија постојат повеќе аргументи кои одат во прилог на гледиштето дека своеволната проституција има праисториски корени за луѓето, па дури и дека истата претставува природна практика која е присутна меѓу одредени животнински видови според спроведени научни истражувања.

    И покрај изреката "prostitution is the world's oldest profession", првите почетоци на активности кои потсетуваат на модерна проституција најверојатно се појавиле во примитивните заедници каде сеуште не биле измислени парите како соодветно платежно средство, туку наместо тоа постоела т.н. размена на добра/услуги, каде сексот бил сметан за услуга која се давала во замена за друга услуга или добро, најчесто за прехранување или вдомување.
    Подоцна, со појавата на човековите општества и парите како примарна валута и платежно средство, секако, сексуалните услуги биле во значително поголема мера извршувани во замена за пари.

    Еден од главните аргументи за легализирањето на проституцијата е фактот дека проституцијата никогаш нема да може да биде целосно елиминирана од човековото општество. Причината за ова не лежи целосно во правните системи и законодавствата, туку во самата природа на Homo Sapiens.
    Пластично кажано, единствениот начин преку кој евентуално би се елиминирала проституцијата е ако истовремено претпоставиме дека и човековиот sex drive би престанал да постои, а тоа дополнително гарантира до изумирањето на човековиот род.

    Кога ќе подразмислиме, исто така е екстремно тешко да ги елиминираме зависноста од алкохол и дрога, и покрај тоа што тие не претставуваат основни и вродени човекови нагони, односно импулси.

    Земајќи ги во предвид законите за supply and demand, агрегатната побарувачка за секс од страна на мажите е поголема во однос на вкупната понуда за секс од страна на жените.
    Со други зборови, кога имаме побарувачка за одреден производ/услуга (во овој случај, сексуалните услуги), слободниот пазар се преместува кон тој производ/услуга.
    Всушност, на овој начин вишокот на побарувачката се задоволува преку проституцијата.

    Како заклучок од ова може да изведеме дека проституцијата како појава во човековото општество е скоро невозможна целосно да се елеминира бидејќи истата не зависи само од правниот систем или законодавството, туку од самата човекова природа.

    Според ова сознание, најдобрата опција која можеме да ја одбереме, е од една страна да се заштитат жените и малолетните девојки кои се принудени на проституција (што може да се постигне преку Шведскиот модел), но од друга страна, да се бира меѓу правно-законските опции legalization и decriminalization за онаа категорија на проституција која не е карактеризирана како виктимизација.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.144
    Пол:
    Женски
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    • Слобода на избор во однос на професија
    • Еднаков третман во човековото општество
    • Заштита од полова дискриминација
    • Заштита и гарантирана безбедност при работа
    Од нивно гледиште, проституцијата треба да биде перцепирана како слобода на избор (во смисла на професија). За разлика од принудната проституција каде жените и младите девојки претставуваат жртви на организиран криминал, кај своеволната проституција, барем од правен аспект, е потешко да се утврди штетата и виктимизацијата од таа активност - постојат жени кои едноставно сакаат да бидат дел од секс индустријата, односно имаат слобода на избор и тие ни најмалку не се чувствуваат како жртви, ниту пак сметаат дека повредуваат некого со нивниот избор на кариера.

    Постојат доста луѓе кои сметаат дека проституцијата е неморална и следствено на тоа, тие се против легализација на проституцијата. Главните причини за неподржувањето на легална проституција потекнуваат од конзервативни и/или религиозни размислувања кои се повикуваат на морална основа од една страна, и одредени феминистички ставови кои проституцијата ја перцепираат како форма на консензуална злоупотреба, од друга страна.

    Никој не треба да му каже и наметне на народот дека проститутките им претставуваат "трн во окото". Ставовите во врска со ова прашање се доста субјективни, односно одредени лица сметаат дека проституцијата е неморална и треба да биде забранета, додека од друга страна одредени лица сметаат дека своеволните проститутки не повредуваат никого со својата работа и треба да имаат слобода на избор.

    За да се даде одговор на ова прашање, треба да се согледа објективната реалноста на проституцијата како поим во човековото општество и како истата може максимално да биде уредена според национално/интернационално законодавтсво врз основа на нејзината природа, и истото не треба да има директна врска со моралните вредности на индивидуите.
     
    На mode-kristina, g8lQQk, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Јас ги поддржувам сексуалните работнички и дефинитивно сум за легализација на нивните услуги.

    Не ми е јасно, зошто ви пречи да се легализира нивната работа.
    Пробувам да разберам, не ми оди. :?:

    Вчера имаа интересен перфоманс (y) Малку колоритност во ова сивило

     
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Затоа што пола град ќе се разведат. :D
     
  11. harizmaticnana

    harizmaticnana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Нормално НЕ!