Мојот став е дека проституцијата треба ДА се легализира. Проституцијата постоела и ќе постои- никој не може да го смени тоа. Девојките и мажите си имаат свои причини поради кои го продаваат телото (најчесто од финансиски причини)- не навлегувам во тоа и не ги осудувам... Легализацијата на проституцијата може да има само позивитни страни: - задолжителни лекарски прегледи би спречиле ширење на полови болести - бизнисот ќе биде контролиран- проститутките нема да бидат искористувани (во парична смисла) од страна на макроата - проститутките (и мажите, ама и жените особено) своеволно ќе работат, без присила од ничија страна - сите проститутки ќе бидат полнолетни (со што ќе се заштита правата на децата) - клиентите ќе бидат контролирани- нема да е дозволено насилство
Ме потсети темата, знам една девојка која е поборник за легализација на проституцијата. Од друга страна, според неа бившата на дечко и треба да се нарекува ку*ва.. Fuck logic. ..многу го силувате тој збор храброст во денешно време. Да не почнувам какви се појави не стигнаа да бидат предмет за восхит. Но, ако, што и да прочитам веќе по нет не ме чуди, имајќи во предвид колку извитоперен и изопачен стана овој свет. Гласав против од причини што нема да ги образложувам зашто ќе треба да дебатирам, а мене некако не ми се пишува.
Многумина мислат ако проституција не се легализира, тогаш нема ни да ја има. Но во реалноста не е така. Ако замижиме пред проблемот, проблемот нема да го снема. Патем ја препорачувам книгата според кја е и снимен францускиот филм Mes cheres etudes/досл. Мои драги студии/ преведен и како Student Services снимен според исповедта во истоимената книга од француската тинејџерка Лаура Д. сиромашна студентка на филолошкиот факултет во Париз. Таа иако работи легално во попладенвните часови по факултетот, од платичката не и стигаат пари за да ја плати школарината, киријата, храната и се решава на проституција нудејќи сексуални услуги преку интернет како и не мал број на студенти низ Франција - поенатата не е браво, само продолжете така туку каде е општеството да овозможи подеднакви можности за сите: храна, кров над глава и образование за младината и останатите граѓани. (Трејлеров што го најдов е на италијански) http://www.youtube.com/watch?v=KcjKcgJNyYU
Не,напротив,треба да се превземат поригорозни мерки за `истребување` на проститутките. Сметам дека образложенијата од типот `неможе на друг начин да заработува` се апсолутно неточни. Да,живееме во земја со ниска стапка на вработеност,но не постои изговор за себепродавањето. Мислам дека треба да се почне некој проект,малце воспитно,предвања да почнат да се држат,ама интересни,по средните училишта.Доколку може нешто да се смени,време е сега. Или некоја забава,како што прават по Црвен Крст,што ќе привлече внимание.Концерт,било што.
Зашо бе, дебатирај, форум е. Еве ја ќе те буцнам да дебатираш дури. Проституцијата дефакто треба да се легализира, бидејќи се работи за чиста трговија. Таа или тој, има нешто што некој друг го сака и спремен е да плати за тоа, се договараат за цена, и секој го добива она што му треба. Не гледам во што е проблемот ова да не биде легално. Дури, државата може да профитира од тоа, да се полни буџетот. Си издава девојката фискална, ти покажува здравствено досие дека нема болести, све е контролирано... многу подобро отколку да носиш три кондома еден врз друг за секој случај. Инаку, проститутка е онаа позади МТВ, а курва е бившата на дечкото на другарка ти. Сосема на место и` е муабетот.
Јас лично сметам дека не треба да се легализира. Ако гледаме на тоа дали проститутките ќе фатат болести или не...со свој памет и тело го прават тоа. На жената не треба да се гледа како на роба која секогаш може да се проба. Ова е неморално и јадно!!
Легализација како инаку. И да не заборавиме, мора да пишува во "работничкиот картон", а и електронската здравствена картичка кој по колку пати има одено сексуално да се општи на овој начин. Доколку треба да се пријави абортусот, морално е да има пријавување и заверување и за оваа појава. Апел до владата на Р.М. Легализација и ништо поинаку. Spoiler
Едно големо ДА !!! Тоа е единствен начин да се намали бројот на борделите кои работат на црно во западна македонија, каде девојките се киднапирани којзнае од каде, без документи, спијат и живеат во миерни услови. КОга би се легализирала проституцијата ваквите бордели нема да имаат муштерии. Во борделите ке работат само жени што сакаат да го работат тоа, а не принудени жртви на трговијата со луѓе. Второ, кога е легално, тие мора да имаат здравствен картон, редовно да одат на прегледи и слично, а не како сега што се цела микробиолошка станица што носат меѓу нозе. Трето, не знам зошто ама и понатаму мислам дека во државите со легализирана проституција бројот на жртви на сексуално насислитво и педофилија е помал. Легализацијата би донела само поволности, нема да го зголеми бројот на проститутки. Жена што решила да се занимава со таа професија ке се занимава и така и така. Маж што решил да плати за секс, ке си најде проститутка па колку сака нека е забрането тоа. Негативно-- Стварно глупо ми изгледаше во Амстердам кога видов татко како си ја шета ќеркичката и поминуваат покрај излог на проститутка. Ама и за тоа има решение, може таквите јавни куќи да бидат на крајот од градот како што се на пример во Германија.
Дефинитивно. Абе сум платил за играње у скут плус ова она у странство. Под контрола е работата и плус цурите се заштитени. Сеа што дома и на другарките им кажуваат дека работат ко фотомодели или манекенки, тоа е друга работа. Една ја познав у спот, на некоја пејачка, мислам од Србија. На шипка боље играше
И јас сум ЗА, но тогаш кога се` ќе се регулира, кога нема да треба да молам Бога за на следното работно место да ме пријават и да ми тече стаж, туку ќе ми биде очекувана и не толку интересна ситуација затоа што според закон ми следува. Затоа што некоја со ширење нозе да има посигурна пензија од мене шо скоро целиот досегашен живот ми има поминато во школување, шо формално, шо неформално и `рмбам ко скот, па нема да ми изгледа како ситуација во која младите ќе се учат дека чесноста и држењето до моралните вредности ВРЕДИ. Затоа што, иако повеќето луѓе се такви какви што се, постојат случаи каде без да бидеш ничиј **ач, без рушвет и без влијателни родители можеш да заслужиш убава и сигурна работа и плата. И тие случаи некако даваат надеж дека доброто сепак победува на крај. А ниедно машко на темава што е ЗА ова, а има ќерка, сигурна сум дека не би ја учел дека оваа професија е добра.
И да се легализира, да биде добро формулиран законот да не излезе после дека секоја будала со 30 квадрати простор и три кревети да може дејност да врши, па во секој град по еден бордел најмалку да има. И државата ако сака да ги гони оние кои присилуваат девојки и кои работат на црно ги знае каде се, може и сега, не и треба легализирање прво па после да тргне по нив. А и такви кои работат на црно секогаш ќе има, нема да може секој да плати за прописна проститутка, ќе кошта ваљда повеќе а и мало место сме, големи се шансите да сретнеш некој познаник во чекална Да си седеме мирни, не сме ние за така...
Зашо бе, нека има секоја будала со 30 квадрата простор и еден кревет можност да врши. Кој е проблемот во тоа? Дејност ко секоја друга. „Кај Мелитка ДООЕЛ“. Никој со сила нема да ја тера да работи. Исто како што сега имаш бурекџилници миљон, никој со сила не ги тера да прават бурек. И зошто не сме ние за така? Као Холанѓанине се напредна раса? Ако има закон, ќе треба и да се почитува. И сега ако направиш бурекџилница, а продаваш алкохол на малолетници, ќе те затворат.
Да. Зошто да не? Од денешен аспект гледаме многу негативно на проститутките, но во иднина тоа ќе биде многу нормална работа. Треба веќе да излеземе од конзервативно општество. Мислам дека секогаш ќе има проституки, дали тоа ќе биде легално или не - ќе ги има! Но, со легализацијата се добива друга придобивка - проститутките би биле постојано изложени на медицински прегледи со што би се вршело контрола дали тие имаат некакви полово преносливи болести, а и хигиената би била на повисоко ниво, би постоеле места наменети токму за таа работа, наместо да се кријат во најтемните предели на градовите. А постојат и луѓе кои многу тешко можат да добијат секс од некоја девојка, дали поради физичкиот изглед или некој друг недостаток... Мислам дека тоа би било придобивка и за тие луѓе кои конечно би можеле да влезат во сексуални авантури со девојки, макар и да платат. Секој треба да си ужива во животот и да си одлучува сам. Можеби ни јас не ги оправдувам денешните проституки, но знам дека во иднина тоа ќе биде многу нормална професија...
постоела и отсекогаш ке постои д ама не несакам да се легализира и шо демек да не сме конзервативни да не треба да бидеме за некои работи али за ова не се согласувам. Да глумиме модерни уау и да растат идни генерации кај што проституција, хомосексуалност ке биде нормално нешо сите вредности ке се извртат во општеството.И јас викам немам нишо против тие луѓе ама утре ден како би ми било да слушнам некој мој близок или дете мое не дај боже ми е у тие води не благодарам !! Ради ова не сум за а тоа демек ке оделе на контроли лекарски ау не држи вода и сега можат да идат ама не се свесни и не се замараат
Ја би да се леагализира. Неможи да се истреби, и сакале неќеле ќе растат иднините генерации и со хомосексуалци и со проститутки.Колку и да ми се гади од таа професија има недоволно совесни девојки кои не си ја знаат вистинската вредност и никој неможе да им помогне.Нема од што да се грижите за вашите блиски ако имаат доволно мозок ќе седат 50км далеку од таквите институции. Нека се легализира барем заради половите болести, а и кога би размислиле се би било полесно секоја во својето јато. Без мешање.
ДА тоа си у право ако се паметни ке стојат подалеку ама ако тоа се легализира ке им се наметне ко да е нормално нешо барем јас така мислам а за болести незнам и тоа искрено
Па да и сега можат да одат на прегледи, ама сега не се обврзани, а доколку се легализира ќе мораат да ги прават тие контроли доколку сакаат легално да работат. А, твоето дете може и денес да залута во тие води, што е уште полоша и понесигурна варијанта, затоа постојат родителите, кои доколку правилно си ги воспитаат децата засекогаш ќе им остане врежано во главите што треба да прават, без разлика каква е проституцијата, дали легална или нелегална.
и тогаш ке најдат изговори да не идаттие на лекар на крај краева болести фаќаат и тие шо не се занимаваат со проституција и не е исто кога некој живее во општество каде е тоа нормално и легализирано и некој кој знае дека тое е забрането и настрана и не станува збор само за моето дете општо за сите генерации понатака и шо демеке коа ке се легализира ке биде посигурна варијанта ноу ноу барем ја така мислам позз Eli.t
Не сакам да се легализира проституцијата. Не ми се допаѓа тоа што многу девојки се продаваат за пари.