DA! Posto so samata legalizacija prostitutkite ke mora redovno da odat na lekarski pregled i takvi stvari ...taka da ke se namali procentot na prenesuvanje na seksualni bolesti a prostitucijata od sekogas postoela i ke postoi taka da ... DA!
А на секој нов клиент ќе му даваат пусулче со потврда дека со претходниот клиент имала секс со заштита?! Ма немој молим те...Тоа обичен човек ќе фати пренослива болест од шољите по вцњата во кафичите па проститутките ќе биле чисти,здрави прегледани... Не осудувам и не му ги знаам причините за таков чекор во животот но доколку се одлучила тоа да го работи нека си се сноси со последиците и затоа цврсто НЕ за легализација!
Јас сум за легализација на проституцијата. Ако тоа е единствен начин да се заработат пари-да. И можеби погрешно размислувам,но сега за сега таков имам став. Некој кој не го допрел дното,и не преживувал,се сомевам дека ќе разбере.
Сосема небитно доколку наредниот клиент користи заштита. Ако има закон, може во било кое време да дојде инспекција во јавната куќа, но ако нема тогаш можностите за дејствување значително опаѓаат. Хотелот кој служи како нелегален бордел, може да рече на инспекцијата нема кај нас такво нешто, инспекција ќе рече како нема пола гости низ собите се сексаат се слуша на километар, хотелот ќе рече па нивна работа можеби се дечко и дебвојка, можеби се љубовници и тн. Но кафичите има кој да ги провери, предупреди, затвори, и тн. затоа што се легализирани! Проституцијата пак засега не е легализирана и поради тоа ризикот е далеку повисок. Не станува збор за снемување на ризикот, туку за негово драстично намалување. И да има и да нема закон за чистотија, луѓето технички гледано можат да фрлаат ѓубре, но ако има закон и правилно се спроведува, тогаш бројката на таквите значително ќе се намали. Тоа е како да кажеш дека не ги осудуваш луѓето што пијат и јадат по кафичи и ресторани но ако добијат труење со храна, наместо да превземат правни мерки, нека си се сносат со последиците.
Абе не знам дали некои се читате што пишувате ама колку за илустрација, идете у Велешта, струшко и таму кажете им дека треба да легализираат нешто и да плаќаат даноци на државата, па видете тогаш со колкав успех ќе се вратите (секако, ако се вратите). А проституцијата е инаку легална во доста мал број на држави. Што скокање за во Македонија да се легализира?
Не ја оправдувам воопшто,но проституцијата ја имало и ќе ја има.зошто да не се легализира барем ќе имаат некаква заштита тие што избрале таков начин на живот.
Немам некое мислење на оваа тема, единствено нешто е дека ако се легализира и тие ќе си плаќаат данок и социјално како и останатите жители и ќе си имаат право на здраствено осигурување
Не предлагам да стане општествено прифатено, но од друга страна многубројни се професиите кои се дискутабилни по морално прашање. Прашањето гласи дали да се легализира проституцијата, а не трговијата со луѓето и нивните тела. Легализацијата значи озаконување, под дифолт секој вработен би бил евидентиран и забележан од властите. Оние кои имале за намера да скријат нешто на тој начин ќе бидат откриени. Животот на овие луѓе е нивен избор ( во случаите кога е, а ако не е со законската обврска кон легализацијата ќе бидат откриени тие кои се принудени на тоа) , и заслужуваат поинаков третман, за доброто на сите. Веројатно ќе се принудени да се тестираат за ХИВ и СПБ што оди во прилог на спречување на ширење на истите. Осудувано ќе е од општеството без разлика дали ќе е или нема да е легализирано. Само затоа што не е законски незначи дека не постои.
Мене не ми пречи и да ја легализираат проституцијата.Мене ми пречи што они бараат легализација,демек за контроли и заштита,ма немој.Како ќе и биде на една проститутка што има деца, ќерка и од се што може да работи избере да зима пари за сексуални услуги? Ќе и биде ли мило тогаш дека е легализирана професија? И дали кога би ја легализирале проститутката би се декларирала како таква? Друга работа,треба да се спречи експлоатирањето и малтретирањето на проститутките,ама не знам колку легализацијата би им помогнала таму,секогаш ќе постои криминалното во дејноста,истото важи и во легализацијата на дрогата,секогаш има луѓе што работат на црно. И стварно не разбирам како мажени жени се даваат на различни мажи секој ден,па легнуваат во кревет со сопругот,алал да им е на храброста. Нивно тело,нивна работа,мое мислење е дека легализација не би сменила ништо.
Исклучете ги персоналните гледишта на проблематикава, емотивните мислам. Во мнозинство целосно надвор од темата се мислењата споделени во врска со неа. Повторно и повторно го преформулирате прашањето во "Дали би сакале вашите деца да се проституираат и зошто не ?" или " Дали го поддржувате проституирањето ?". Живеете во негација, повторно, без разлика дали е легално или не постоело и ќе постои. Не е џаба наречено најстар занает на светот. Кога вашата ќерка би го избрала ова за професија, верувајте среќа во несреќа ќе е ако е задолжена да користи кондом и редовно да посетува лекар, а за истиот да може да си го дозволи да има здравствено осигурување. Ќе има евиденција кој кога и со кого е, дали е злоупотребен, центрите за помош ќе се поактивни затоа што проблематикава верувам со легализацијата ќе излезе малку надвор од кутијата наречена табу тема. Секусалните работници , колку и да звучи неверојатно на крајот на краиштата се обични луѓе, и покрај тоа што избрале нешто несекојдневно за професија не заслужуваат да бидат дискриминирани и без права, основни. А за тие што се принудени, нивниот глас заслужува да биде чуен, тоа е ужасно нешто. Ако се легализира, контролите ќе се засилени, мерките ќе се посериозни, така на жртвите ќе им се излезе во пресрет, ќе бидат откриени и ќе им е помогнато со тоа што ќе ги казнат оние кои ги принудиле на таква работа на прво место. Запрепастувачки ќе е фактот за вашето слепило дека во Македонија има многу проститутки и истите се многу посетени, а свеста за СПБ кај популацијата е на ниско ниво. Ова е одлична превенција. Значи за загрижените родители, вашата ќерка може да стане проститутка дури и ако тоа е забрането со закон. Исто, не верувам дека со овој потег индиректно ќе ги советуваат децата да направат таков избор за професионална определба. Од друга страна, веројатно вашиот син без ваша дозвола ќе оди со другарите кај некоја мадам, и ако таа не инсистира, тој нема да користи кондом, па ќе му израснат брадавици на половиот орган .
Не ми се верува дека е предмет на дискусија. Откако вие пронајдовте лек за ракот, нели, решивте и на проститутките, макроата и на сета таа мафија заедно со психички оштетените клиенти да им ги подобрувате општествените услови. Да ти се плукнам во светот, до каде паднавме.
Ќе и биде драго барем што ќерка и колку-толку ќе биде позаштитена за разлика од нејзе која почнала во време кога тоа не било легализирано па морала можеби да јаде ќотек од макрото и клиенти-психопати а неможела да ги пријави (бидејќи и нејзината дејност не била легална), кога немала здравствено осигурување за да се лечи и излечи од болеста (и со тоа спречи ширење на истата). Освен тоа има и такви кои и сопствените деца ги принудуваат на проституција. Во српскиот документарец за малолетничка проституција „Наша деца„ беше изнесен случај каде проститутката која е и млада мајка го изнајмувала за пари својот 12 годишен син на разни напалени чичковци. Кога би било легализирана проституцијата полесно би можело да се влезе во трагата на вакви злоупотреби и би можеле полесно да се превземат соодветни мерки. на пр. не е исто инспекција да затекне 12 годишник во јавна куќа или во приватна куќа. Во последнава не можат тек така да влезат, освен тоа домашните може ќе речат наше дете е, голо е дека штотуку се избања, а возрасниот господин или госпоѓа се невенчана сопруга/сопруг на таткото/мајката, дома прават што сакаат, па ако сакаат си седат и голи. Не би било неопходно. Таа/тој може да остане танчарка, продавчка, масерка, и тн. попрофесија а како дополнителна дејност т.е. хонорарно да биде проститутка. Разликата е што кога нешто е легализирано, можеш да пуштиш инспекција (на пр. во бордел т.е. јавна куќа). а ако не е, тогаш потешко се докажува. Некој може да пријави дека во паркот пола се проститутки, но тие можат да речат нема врска, го чекам дечкото. Воопшто не мора да значи дека легнуваат. Бракот не гарантира и имање сексуални односи. ВО некои бракови за жал, токму сопругот е макрото. Освен тоа користењето на кондомот може да си остане присутно. Или уште полошо, може да почине од ХИВ. Каква врска има тоа едно со друго? Па зарем општествените услови би требало уште и да им се влошат? Уште подлабоко да се падне? Ние би требало да се трудиме светот да стане подобро место за живот, но тоа не е можно доколку се преправаме дека нема проблеми.