1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Легализација на проституцијата - Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од UnknownLadyDi, 15 јануари 2013.

?

Дали проституцијата треба да се легализира?

  1. Да

    100 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    64,3%
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Незамисливо ми е "утре" една никаква проститутка и мајка ми која цел живот работи чесно и напорно да имаат иста пензија. Може сега ви изгледа глупав примеров и споредбава ама баш така ќе биде доколку се легализира оваа "професија".

    Еднаш се имам изјаснето на темава, никако не одобрувам легализација на оваа глупост. Да, за мене е глупост. Колку сака нека е "најстариот "занает" во светот", за мене тоа не е доволен аргумент ниту пак можам да ја наречам "занает". Колку само глупаво звучи и е навреда за вистинските занаети кои некогаш па и денес се културно богатство за земјава.

    Апсолутно ништо добро нема да добиеме доколку се легализира. Пак ќе има проститутки кои незаконски ќе работат и ќе се кријат. Мислите ако се легализира одеднаш сите памет ќе добијат? Пак ќе се кријат и нема да прават прегледи, пак нема да користат заштита и пак "клиентите" ќе одат по вакви "услуги" зашто и онака се без мозок, само сега ќе имаат уште една причина плус да не користат заштита зашто нели прегледите ќе бидат ставени во закон, а колку навистина тој преглед ќе биде направен е друга приказна. Па ете ти уште поголемо ширење на болести. Ситуацијава е хипотетичка ама не и нереална.
     
    На Madam-A, Umbrella22, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Кој дел не ти е јасен за да ти образложам?
    Подобро место за кого? Како легализирањето на проституцијата ќе придонесе кон подобар свет? Малку си ги помешал лончињата. Цело време пишуваш за работење на црно, непријавени, кој ќе ги натера да се пријават кога ќе се легализира? Ти ќе направиш да престанат да вршат дејност во приватни куќи и да преминат во јавни? Нема никаков општествен бенефит од ова, апсолутно никаков. Ако не го земеме предвид данокот кој би требало божем да го плаќаат. Но и тоа не е никаква компензација за постепеното воспоставување на изместени вредности кои следат со озаконувањето на ваква појава. И тоа со болестите не можете да го држите под контрола, бескорисен аргумент.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Нема промената да се случи преку ноќ, но ќе се почувствува бенефит од обврските кои ќе им се наметнат. И за законите за пушење негодуваа и предвидуваа дека ќе останат само на хартија, но во пракса, чинам веќе 3-4 година во ред се покажува спротивното. Верувам дека ќе успее, со тек на време.

    Зошто секогаш настапувате со негатива ? Вашите приоритети не се сечии, сите ситуации мора евентуално да се решат, само е прашање на време, а идеално време никако да дојде. Знам дека порационално ви изгледа решавањето на поактуелни проблеми, ама тоа е така само затоа што вие лично сте позасегнати и директно поврзани со тие проблеми. Е па, постојат луѓе кои се погодени и од оваа ситуација, со проституцијата.

    Ама веројатно, не сте вие проститутка, или не се сомневате дека маж ви бил кај некоја. Уште подобро за вас што не сте претепана девојка увезена од Украина, на која и е наметнато да биде анимир дама на муштерии кои се изживуваат врз неа во некој ноќен клуб во Гевгелиско.
     
    На Glasna и daylight им се допаѓа ова.
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Не одобрувам од чиста причина што сметам дека тоа не е начин за заработување на живот.
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Делот со откривање лек против рак.
    Не јас, туку законот и самите тие бидејќи ќе се чувтсвуваат посигурни, побезбедни (никој не сака непознати воасопствен дом постојано), со поголем избор на клиенти (сè се концентрира на едно односно неколку места). Тогаш веќе има рамка и за синдикат (на пр. ако газдарицата им прави проблеми и сл.).
    Се разбира, многу е важно законот правилно да биде составен во сите детали и правилно да биде објавен (во упростена форма за сите го разберат).
    Нема бенефит бидејќи нема закон. И зарем сега во моментов додека сеуште не е легализирана, зарем со тоа вредностите се автоматски неизместени? Поентата е ако веќе е присутно како нужно зло, тогаш барем општеството да го пригати помалото!
    Или уште полошо дечковците ваши!
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ^ Друг пат вака да не ме цитираш, сум забележала и со други членови го правиш истото, немам намера да објаснувам збор по збор, ако не знаеш да ја извлечеш поентата од целокупен пост, не мора воопшто да реплицираш.
    Грешиш во однос многу работи, ама читајќи твои мислења во повеќе наврати на повеќе теми низ форумот, немам волја и желба да ти објаснувам.

    Нејасно останува како би им помогнале на жртвите на трговија со луѓе преку легализација на проституцијата. Само би им дале амин на тие што ги малтретираат и се изживуваат врз нив, една своевидна потврда дека таа дејност е сосема нормална. За останати подробности пак ќе постојат дупки во законот и сива економија. Пристапот на општеството кон оваа проблематика треба да се смени, но не во правец во кој вие посакувате. Методи како поригорозни закони и максимална примена на истите (што очигледно не функционира во современиот свет) се потребни за да се елиминира трговијата со бело робје. Што се однесува до оние кои своеволно ја избираат таа „професија“... нема да глумам либерал, јас нив не ги сметам за рамноправни со останатите нормални граѓани и не сметам дека треба да ги уживаат истите привилегии како секој останат поединец кој е во работен однос. Правата на оваа маргинализирана или каква и да е група не ме интересираат и си признавам. A и нивната клиентела ја сметам за нижа форма на постоење.
    Легализирање на испревртени вредности...
     
    На mimiiiii и Abeja им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ако мажот или пак дечкото немаат во главата џабе е легализација на проституцијата. Не мора од проститутки, малку ли ги има промискуитетни девојки од кои исто така може да се закачи болест? Со нив што ќе правиме?
    Ако тој маж не сака или не знае дека треба да користи кондом зарем законот ќе го натера да користи? А и како всушност ќе дознаеме дали користел? Зошто штом е нешто пропишано во закон, секогаш за истото има и соодветна санкција доколку не се почитува. Епа како законот ќе се оствари во пракса и како ќе знаат надлежниве каде се прекршил законот па за да превземат соодветни мерки?

    Пак ќе кажам, ништо нема да добиеме со легализација.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас си реков и на почетокот не ми пречи ако ја легализираат,ама уште стојам на тоа дека нема да смени ништо.Ќе има пак проститутки на црно,башка ако е легализирана,сигурно оние што ги посетуваат нема да кажат одам на една партија секс со Мадам **** :D
    Неморална професија е тоа е работата,народот никогаш нема да ја прифати како легална,што значи нема да им смени ништо.
    А за она легнувањето не мислев само на сексуални односи со сопругот,туку како може во лице да го погледне,во случај каде што он не е макрото.
    Не можам проституцијата да ја гледам како обична професија,кога го продаваат своето тело.Влијае емотивно и на нив и на нивните блиски.
     
  9. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
    -проститутка
    :fubar:
    болно, одвратно, изопачено..незнам кои зборови да ги изберам. Oва да се нарече професија? :o
    некој напален чичко што само д**а дома, да иде да прави "бизнис" со некоја што толку и сече во главата!
    и не е срамота чистачка да бидеш! ако видиш зорт толку подобро тоа отколку проституција!! страшно :!: незнам што да кажам од дамна не сум се изнервирала вака читајќи некои мислења :|
     
  10. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Јас сум за легализација од неколку причини.
    1. Ниту они кои ги нудат тие услови, ниту оние кои имаат потреба од користење на тие услуги нема да се изложуваат на опаснот да бидат уапсени.
    2. Секако условите ке бидат многу по пристојни, а со тоа и хигиенско санитарните услови.
    Сакале ние да признаеме или не, во секое општество има луге кои имаат потреа за вакви услуги, без разлика од кои причини, да не навлегуваме во тоа. А, сигурно дека кога некоја услуга се бара, секогаш ке има оние што ја нудат таа услуга.
    Е, сега друго е прашањето дали и колку се спремни пред се оние што ја купуваат таа услуга да влезат во една таква институција под светлото на рефлекторите, бидејки ние сме мала држава и секо со секого се знае, па така секогаш има шанси да налеташ на некој познат и да пукне брука.
    Но дали со тоа што сме против легализација значи дека на тој начин ке ја уништиме проституцијата?
    Секако дека не, но ние мислиме дека она што не го гледаме и не постои.
    Сега од проституцијата најмногу ќар имаат „макроата“ а оние јадни и бедни кои го продаваат своетотело земаат 200-300 денари, а државата не зема ништо.
    Друго е прашањето дали ние имаме и квалитетен кадар кој ке ја пружа таа услуга.
    Проституцијата постоела и ке постои, само државата треба да стави ред бидејки весницине ни се преполни со огласи и на мажи и на жени кои нудат такви услуги под плаштот на некакви сензуални масажи и слично. А, всушност не се знае ни кој што нуди и кому нуди а се вртат големи пари.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    И што ќе се подразбира како квалитетен кадар ? Ако не да отвориме и факултет за проституција. :^)

    Мене ме нервира што се не се настојува да се протне позади маската на либералност како и наводна емпатија спрема таквите " работнички ".

    Сметам дека напорите треба да ни бидат кон ресоцијализација на таквите поедници кои се деградираат за пари а не да ги интегрираме во општеството во пакет со се што е аморално .. Проблемот со белото робје нема да се реши , полицијата кога би била поажурна може многу да направи ..

    Не би сакала да одгледувам дете каде што проституцијата е легална дејност и професија како и секоја друга . Пораката е многу лоша кон младината и општеството , кога би се легализирала постепено ќе се прифати како нешто нормално којзнае може и посакувана професија :puke:
     
    На Kacjushka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Под квалитетен кадар мислев на убави и згодни девојки кои би ја работеле оваа работа.
    Сега знаеме кој ја работи оваа работа и се далеку од убави и згодни, а уште подалеку од здрави особи.
    Овде зборвам за онаа обична улична проституција, не зборувам за елитната проституција која во никој случај нема да може да се легализира.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. One.Day.One.Girl

    One.Day.One.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    40
    Не !
    Па на што личи да си го продаваш телото :fubar:
    Со тоа и се понижува нашиот пол мислам дека не е ок само за жал голем дел од девојките се принудени за проституција ... :tmi: Иако не сакаат има и такви случаеви али таков е животот ...
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    А дали знаете дека од што им е толку зорт на некои, редовно работно време работат како чистачки и сл. а во втора или трета смена се проститутки? Е тоа е страшното - со морално прифатлива работа да не можат да преживеат и/или ги издржат своите семејства!
    Ќе треба да се донесе закон за задолжително проституирање - еден вид оддолжување кон државата, нов метод на прикажување патриотизам :rofl: Шега на страна, токму тие можат да бидат пооопасни од самите проститутки кои користат заштита.
    Не тој, туку проститутката ќе го натера да користи бидејќи нејзе ја качи законот. Ако има регулативи и закони многу полесно може да се организираат формални и неформални едукативни средби каде ќе може јасно да им се предочи предноста на кондомите и дека нивното задолжително користење можат да и го спасат животот.

    Поради кампањите и учењето на католичката црква низ африканските земји се потиснуваше употребата на кондомите со образложение дека рекламирањето кондоми би поттикнало блуд и разврат. Резултатот е епидемија на смртоносната сида низ африканскиот континент. Метењето ѓубре под тепих не значи дека го нема и дека нема да почне да смрди. Слично е и со проституцијата.
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    И мислиш навистина дека една никаква проститутка која до вчера имала односи без кондоми и не се грижела воопшто за своето здравје туку така преку ноќ САМО затоа што во законот пишува она нема да прифаќа однос без кондом?
    Ќе и' фрлат уште едно стотче и да видиш како законот одма ќе го заборави. :D
     
    На mimiiiii и Marossa им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Но дали ја сфаќате поентата? Ако има закон, и тој закон вели дека само во бордел може да се врши таква дејност, тогаш може во било кое време да влезе тајна инспекција. Можеби сега ова некому звучи смешно (агенти-јебачи :lol: ) но поентата е подобро некаква регулираност отколку никаква. Да, точно, може ќе има на црно, можеби ќе има пропусти... Но ако не може да се искорени оваа аморална појава, дајте барем да се ублажи!!!

    Убаво кажа некоја претходно: тргнувате од сопствената перспектива, без да се прашате како им е на другите. Не помислуваат (или не сакаат) како би се се чувствувале кога во такво нешто би била вмешана ним блиска или драга личност.
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дејлајт искрено детски приказни раскажуваш , агенти ова-она па полицијата демек не знае каде има нелегална проституција па не превзема некои мерки а многу веројатно е дека има жртви на бело робје во таквите бордели а кога би била легална баш тоа ќе прави ќе проверува дали проститутките користат заштита .Едноставно во пракса нема да функционира .

    Што се случи со легализирањето на порно индустријата ? Расчепкај по интернет колку сведоштва има на порно актерки кои биле злоупотребувани ,понижувани , деградирани а пази легална дејност е тоа .
    Таму продуцентите си ги земаат големите пари а актерките повторно се искористувани.

    Исто ќе се случи и со легализација на проституција , претпоставувам ќе треба некаква "лиценца" инвестиција и слично за да се отвори бордел , па таа ранлива категорија на експлотирани проституки нема да имаат средства за тоа и пак некој макро ќе се најде да печали а тие пак ќе бидат злоупотребувани и лошо третирани .
    И факт е дека легализацијата на проституцијата е деградација и уништување на општествените вредности и морал а нема многу да им се помогне на проститутките .

    Зборуваш како да ти е криво што нема згодни и убави девојки кои се проститутки :^)
    Да вложиме напори за регрутација а ? :fubar:
    Не знам што ви е луѓе .

    Ако толку сакаме да се помогне на тие што навистина од немај каде се принудени на проституција може да се отвори центар каде што ќе се помага на тие девојки за вработување некое друго , за едукација и сл .
    А тие што доброволно си го продаваат телото бидејки е наводно полесен начин не ги жалам ама ич и не не сметам дека нивниот искривен морал треба да стане општествено прифатена дејност.
     
    На Kacjushka, Daydream и rainlover им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Дали функционира тоа ќе се види по некоја година откако ќе се легализира и доколку правилно се спроведе. Токму на таков начин ќе биде многу полесно да им се помогне на жртвите со бело робје бидејќи има каде директно да се појде, да се остварат јавни и тајни контакти со цел да се влезе во скриените траги, во она што е „позади завесата„.
    Иако лично не ја оправдувам таа гранка на индустрија (како ни поголемиот дел од шоу и спорт бизнисот), морам да речам дека ако се позабавиш со проучување на порно индустријата ќе откриеш дека е сосема обратно! Откако се легализираше во САД, иако не исчезна - сепак дојде до драстично намалување на злоупотреба, криминал, зарази со болести и тн. во порно индустријата бидејќи има јасен закон кој поприлично строго се спроведува.

    Со дел од тие сведоштва поприлично се манипулира од страна на анти-порн пропагандата (позади кои често стојат фанатични божемни христијани) и прават сè за да водата течен кон нивната воденица.
    :clap: Оваа идеја сосема ја поздравувам, но ако не даде ефекти мислам дека е полошата варијанта (легализација) сепак колку толку подобрa од најлошата варијанта (нелегализирање) од едноставно преправање дека нема никакви проблеми во таа сфера или дека дури истата не постои, дека луѓето немаат сексуални нагони или дека истите сите совршено си ги контролираат.
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас конкретно сум против, меѓутоа тоа е исто како и со дрогата и криминалот. Не е легално, но секаде го има и ќе го има, легално или не.
     
  20. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со ова. Во САД легализацијата на порно индустријата допринесе за токму спротивното. Нема повеќе скандали како на Трејси Лордс која на 16 години на велико имаше снимано повеќе порно филмови. Тоа беше голем скандал и за малку ќе завршеше со неколку тужби за силување - долна граница за легален секс е 16 години. Редовното тестирање за СИДА и полово преносливи болести прави да се спречи масовно ширење на истите помеѓу актерите. Заразените бргу се откриваат и снимањето на филмови се стопира, а на сите актери што им биле партнери на заразените извесен период им е забрането снимање филмови.
    Порно актерките ретко кога се само порно актерки - најчесто работат и како ескорт дами. И во тие некои кругови каде се движат се навлекуваат на кокаин и слични дроги. Во таа надолна спирала најчесто носат погрешни одлуки и затоа потоа се чуствуваат искористено. Затоа што да се разбереме, не станува збор за некоја благородна и исполнувачка професија. Ретки се тие што знаат дека порно бизнисот е само минлива станица.
    (живеам во држава каде е практично центарот на порно бизнисот, така да ги има и во политичките платформи, па затоа знам олку :lol: )

    Е сега за проституцијата.
    Како што гледам фино си функционира во Холандија и Швајцарија. Ред се става на бизнисот, проститутките се заштитени од макроа кои ги прекршуваат од ќотек и им ги земаат парите, можат да одбијат муштерија, пензиски и здраствено се осигурани, им се следи здраствената состојба (се минимизира опасноста од ширење на полово преносливи болести и СИДА), обавезна е употребата на кондоми, си плаќаат данок како и сите. И на крајот можат да си одат во пензија како и сите. На крајот на краиштата, и тие се граѓани, како и сите ние.
    Значи напротив, социјално и здраствено ќе бидат заштитени. Впрочем, не е на нас да судиме зошто некоја жена се одлучила на таа професија.
    Не ја оправдувам проституцијата како професија, меѓутоа не се осмелувам ни да ги осудам дамите на ноќта. На ера полна со спонзоруши кои се продаваат за одмор, облека или за нов телефон, овие барем однапред си ја кажуваат цената. Разликата помеѓу првите и вторите е само во платежното средство. Ама нели овие другиве се поштени дами, старлети и што ти ја знам што.

    Само што сметам дека легализацијата на проституцијата не би успеала во Македонија, и воопшто на Балканот. Други се тие општества и менталитети каде ваков зафат би бил успешен.
    А проституција имало, има и секогаш ќе има. Дури и во најконзервативните муслимански земји, каде жената има минимално права и е најстрого казнувана за било каков облик на слободно изразување, а како израз на најголема дволичност, има бордели. Само што се позабутани и не се така видливи како во Амстердам.
    Не се легалните бордели проблем, туку скриените куќи полни со жртви на трговија со луѓе. Ропство во 21 век. Е тоа е трагедијата од епски пропорции и епидемија која за жал никогаш нема да може да биде ставена во контрола.
     
    На Glasna, livert, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.