Легализација на проституцијата - Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од UnknownLadyDi, 15 јануари 2013.

?

Дали проституцијата треба да се легализира?

  1. Да

    98 глас(а)
    35,6%
  2. Не

    177 глас(а)
    64,4%
  1. lealealea

    lealealea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2013
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Според мене мислам дека не треба да се легализира. :!: Но сепак тоа не менува ништо бидејќи на секој ќош има проститутки :tmi:
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    11.007
    Пол:
    Женски

    Не сум толку запознаена можеби и не беше најдобар пример бидејки иако навидум слична "дејност" сепак е транспарентна . :rofl:
    Гледав скоро една таква емисија каде што раскажуваа како се принудувани на сцени или нема да бидат платени и дека дозволувале снимање ако некој имал херпес или hpv па затоа го наведов како пример .

    Што се однесува за проституцијата во Холандија еве една интересна статија за тоа колку функционира заштита на проститутките таму , има и доста клипови по You Tube со потресни сведоштва на тие жени :

    Зошто јас како граѓанин треба да бидам принудена да гледам човечки суштества на излог како да се кукли , зошто младината би добила слика дека тоа е нешто нормално ?
    Ако можат останатите да се држат до легалните начини на заработување , зошто не и сите ?
    Или ќе се занимаваме со нелегални дејности со надеж дека ете ќе се легализираат .
    Треба да одиме напред а не да се враќаме кон примитивни времиња кога жената па и немала друг начин да се прехрани освен ако не се омажи .

    Тука не зборувам за оние кои навистина се принудени дали поради немаштија или уште полоша варијанта присилно . Во секоја нормална држава ниедно човечко суштество не смее да биде принудено да го продава своето тело за да се прехрани .
    Јас сметам дека тоа треба да бидат напорите , да им се помогне на жените да се извлечат и да си ја вратат човечноста .
     
    На Kacjushka и Daydream им се допаѓа ова.
  3. elanor

    elanor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    ^ Те сфаќам потполно. Жалосно е како некој за да се прехрани мора да го работи тоа. Затоа што да се разбереме, не се сите ексорт дами кои чинат 10.000 долари на вечер.
    Меѓутоа за жал, проституцијата нема да оди никаде. А ако се турка под тепих, нема да ја снема. Туку само ќе се префрли некаде андерграунд. Проституцијата го прати човекот уште од кога станал Хомо сапиенс. Некои од најмоќните жени во историјата на човештвото биле куртизани. Аспазија од Милет на Перикле била хетера (куртизана). За неа многу автори говорат дека таа била главната позади златниот период на Атина, кога и Акрополис е изграден. Понатака, Теодора на царот Јустинијан исто така била куртизана. Нејзините интриги и железната рака со која владеела од позадина го спасиле Јустинијан од линч при востание. Во периодот на ренесансата куртизаните биле ретките жени кои знаеле да читаат, пишувале поезија, сликале и сл.
    Историски и социолошки појавата на проституцијата е длабоко поврзана со распределбата на половите улоги и материјалните добра. А најмногу со објектификацијата на женското тело. Женското тело продава. Како порано, така и сега.
    Ако земеме во предвид дека имотот и материјалните добра уште длабоко во праисторијата се пренесувале по машка линија, а жените немале практично никаква оставина (дури ни во едно демократско општество како на пример Стара Грција), единствениот адут кој жените го имале во својот ракав отсекогаш било нивното тело и разумот. За заштита, за храна, за покрив над глава, а со појавата на монетарни средства и за пари, жената го нудела единственото нешто што го имала за свое. За жал, често ни тоа не било нејзино.
    Ни денес не е ништо поразлично. Имам познаничка која работи во невладиниот сектор. Ќе се запрепастите кога ќе слушнете колку жени се напаствувани од шефовите. Уценувани да спијат со нив инаку ќе ја изгубат работата. И тие неколку 7-10.000 денари кои одвај ги заработуваат.

    Не верувам дека некоја земја легализира проституција затоа што се ЗА проституција.
    Проблемот е далеку посложен отколку дали сме ЗА или ПРОТИВ протитуција. Што знам, барем јас сметам дека многу малку луѓе се ЗА проституција. Тука повеќе станува збор за тоа како најдобро да се соочиме со нешто што нема да го снема, колку и да го забрануваме.
    Легализирањето значи да биде видливо. А ако е пред очи, тогаш се намалуваат можностите за криминализација.
    А кога е илегална се одвива во секакви услови и свашта се дешава. Потресни стории читавме по весници после секоја рација по тие ноќните клубови во западниот дел на земјата.

    А младите имаат далеку полоши примери во секојдневието - некои сулудо еротски филмови се прикажуваат на ТВ во саати кога и 8 годишни деца не се легнати, политичари и локални моќници лудуваат и прават сериозни прекршоци и кривични дела а поминуваат неказнето, насилство има насекаде - почнувајќи од цртаните филмови кои искрено почнаа сериозно да ме преплашуваат (став ме фаќа цртан на Cartoon Network да погледнам :lol: ), овие ријалити "звездиве" им покажуват на младите како квалитет, знаење и образование не ти се потребни - доволна е секс снимка "случајно" излезена во јавност, па сите станаа старлети - не е човек портал да отвори, веднаш ме напаѓа задникот на Сораја, таквото на Ким, онаквото на Северина и сл.
     
    На slobodka, daylight и Marossa им се допаѓа ова.
  4. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    169
    Još jedna žena izuzetne lepote, intelekta i volje, vizantijska carica Teodora, supruga vizantijskog cara Justinijana i njegov najbliži savetnik i saradnik, ostaće upamćena kao kurtizana, prostitutka visokog ranga koja se uzdigla do carskog trona. Teodorin otac Akakije bio je radio kao čuvar medveda. Prerano je umro i ostavio udovicu,sa tri ćerke. U pokušaju da zadrži mesto čuvara medveda u porodici, majka se brzo preudala. Da bi izdržavala porodicu majka je svoje ćerke brzo uvela u zabavljački posao i u njegove dobre i loše strane.
    Još u detinjstvu proslavila se kao pantomimičarka, a kada je odrasla nastupala je gotovo naga u skarednoj predstavi inspirisanoj starogrčkim mitom o "Ledi i labudu". Ipak, mlada glumica želela je da se spase pozorišta i domogne Carigrada. Prvo je otišla u Aleksandriju gde, prema Prokopije (koji je bio izrazito nenaklonjen Teodori) je radila kao prostitutka, ali je upoznala Makedoniju, plesačicu koja je radila za carsku tajnu policiju i koja ju je u Carigradu upoznala sa tadašnjim senatorom, budućim carom Justinijanom, koji se ludo zaljubio u nju. Zbog nje je čak promenjen i stari rimski zakon koji je senatorima zabranjivao brak sa glumicama i robinjama, koje su zakonski bile definisane kao „žene bez časti“. Teodorina moć počivala je na vlasti i popustljivosti njenog 15 godina starijeg supruga koji je pod njenim uticajem doneo i nekoliko zakona koji su štitili žene.Glumice koje su napustile scenu nisu više mogle biti silom zadržavane, žene su dobile pravo da poseduju i nasleđuju imovinu, a budući muževi morali su da obezbede svojim nevestama dar u visini vrednosti njihovog miraza.Zabranio je prostituciju i trgovinu ženama u Carigradu, proterao podvodače iz grada i naložio zatvaranje javnih kuća. Teodora je otkupila sve žene od trgovaca robljem i podelila im sitne darove u odeći i novcu. Na azijskoj obali Bosfora podigla je manastir "Pokajanje" u kojem su bivše prostitutke živele kao monahinje.

    Обрни внимание на болдот. Онака, чисто информативно и колку за размислување.



    Добро бе, нели е жално здрави, убави девојки да се вплеткуваат во таков круг наречен „бизнис“ само за некој (најчесто казнет од природата) да си ги задоволел потребите?
    И по мое, токму тоа е целта на лобирањето за легализација, од оваа професија со тек на време да се направи општествено-прифатлив избор. Девојчиња од идни генерации ќе бидат воспитувани како проституцијата не е ништо абнормално и страшно и така би бил врбуван кадар соодветно критериумите на истомислениците на Bah на пример. Тоа е.
     
    На slobodka и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. cupcakeb

    cupcakeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Не,не и не :)
     
  6. Bohn

    Bohn Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Не, никако. :tmi:
    Ако се легализира тоа ќе биде исто као проституцијата да е нормална појава и работа, а далеку од тоа дека е.Да си го продаваш своето тело ради пари?Ау лошо.Подобро би работела чистачка за 6000 отколку на тој начин да се газам самата себе.
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме какви се работи се случуваат не само низ државата општо низ светот. Има девојки кои се излажани, измамени, киднапирани, присилени и случно. Гледаме телевизија, слушаме читаме на интернет и треба да ни биде јасно како се треба една девојка да се заштити. Освен тоа според мене никој неможе да те натера да правиш нешо шо не го сакаш. Ако јас не сакам кој може со сила да ме присили? И нормално дека сум строго против тоа. А исто така има и девојки кои се свесни за се и пак си продолжуваат да го прават тоа за пари. Можеби заработката е поголема отколку да работиш кај некој приветен за 7 илјади ама пак честа и почитта каде се? А тие треба да се на прво место.
     
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Јас проституцијата ја гледам како давање услуга. Зошто да ја жалам бе што ја дупат за пари? Сама си се понудила и сама си ја спуштила гордоста, нека тера по својот пат. Нема што полиција да ја брка. Сметам дека нема што да биде легализирано затоа што таа не е принудена на секс.
    Како на пример, мене ми се скинале пантолоните и одам кај некоја шивачка, ми ги сошива и јас и давам 100 денари.

    Сепак би требало да бидат во тајност. Да не ги гледа народот. Невкусно е да видиш натртена полугола девојка потпрена на кола, врти задник и нуди секс. Нека бидат некаде скриени некаде, само еден мал дел во една мала населба и знаеш каде да одиш ако се напалиш.
    Но не треба да стојат пред дискотеки и да чекаат муштерии. Тогаш нека ги бркаат џандарите. Се знае каде им е местото.
     
  9. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    118
    Нека ја легализираат оти се отепаа од лажење дека се манакенки.
     
    На slobodka, babyblond и daylight им се допаѓа ова.
  10. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Не не и не , боље ке просам , ке идам од врата на врата за пари ама проститутка никогаш...
    Ма да секој индивидуално , на некој му е поголем срам да проси него да се проституира ....бруки невидени
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    3.145
    Но во примерот кој го наведе со шивачката има разлика. Шивачката работа и дуќани се легални, како и носењето панталони. Проституцијата во Македонија засега не е.
    Има различни видови на проституција, не е само уличната. Повеќето се токму прикриени, зад разни огласи (професрка дава на часови :rofl: или еротски масажи) и не стојат пред дискотеки туку се дел од понудата на дискотеката, демек танчарки, келнерки...
     
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    За првото:
    Епа таму зборев АКО некогаш биде легализирана.

    За второто:
    Ако се легализира мислиш нема да стојат пред дискотеки? Луѓе дај размислете малку дека некои работи би се смениле ако се легализира проституција.
    Ако се легализира, како што викаш, нема да се кријат под имињата на манекенки или масажерки. Ќе бидат проститутки и ако не се превземе нешто за да не стојат пред дискотеки (затоа што веќе би биле легализирани) ќе биде права катастрофа.
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.539
    Пол:
    Женски
    Зошто во темава секогаш се алудира на жените-проститутки, а не на мажите жиголовци? Во ова време, на стрес и се помалку услови за сериозни врски и бракови, нека ја легализираат во одредени квартови, тој бизнис од секогаш постоел и ќе постои. Зошто да им го скратиме тоа задоволството на луѓето, во ова време на се подигнати жени и подемотивирани мажи?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.335
    Пол:
    Женски
    Сум за.
    И онака проституцијата постоела, постои и ќе постои.
    Барем нека биди легално и контролирано од страна на државата. Нека се спречи ширењето на болести, и нека се едуцираат ваквите жени кои веќе одлучиле да се занимаваат со ова.

    А дека ќе има негативни ефекти, сигурно ќе има... Сигурно се поќе и поќе млади жени кои без разлика дали се љубителки на секс или домашната ситуација така им налага ќе бидат охрабрени да се занимават со то...
    А лично јас, попрво би чистела WC-ња цел живот од колку да се одлучам на ваков чекор. Ма и би питала ако нема друго чаре... Ама секој со маките, секој со разумот...
     
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.978
    Пол:
    Женски
    НЕ за легализација од причина што во оние земји каде што е легализирана не се реши проблемот и не се намали нејзниот пораст и покрај законската легализација. Значи истражувањата покажуваат нешто друго или сосема спротивни ефекти од очекувните.
    Со легализацијата не се намалил бројот на жртви на трговија со луѓе, а кои инаку работат како проститутки во многу лоши услови, уличната проституција, проституцијата на деца, поврзаноста на криминалот со проституцијата е се поголем итн.
    Значи дека штом НЕ се постигнати очекуваните резултати во толку напредни држави како Германија, Холандија, Викторија и седум други држави на Австралија, кај нас нема пак воопшто никакво подобрување да има.
    Сведоци сме на пораст на проституцијата во нашата држжава која во последно време како резултат на голема сиромаштија и голема невработеност стана погоден предуслов за нејзино зголемување. Проституцијата во Македонија е тесно поврзана со трговијата со луѓе. Нејзините жртви најчесто потекнуваат од Романија, Русија, Украина,Бугарија, Молдавија итн. Сите тие ,,работат,, како проститутки во нелегани бордели кои се регистрирани како кафичи. Најмногу проституцијата е застапена во Западна Македонија со посебен нагласок на следниве села: Жеровјане, Добри Дол, Велешта.
    Во нашата земја вакво прашање беше отворено во 1994 година кога група пратеници поднесле иницијатива за легализација на проституцијата со цел намалување на бројот на судски случаи. Но немало никакви резултати.
    Според еден полициски извештај во Македонија во било кое време има околку 2400-2600 жени кои се бават со проституција, а се резултат на трговија со луѓе.
     
    На TIGRICA123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    170
    НЕ никако за легализација на проституција, само зелено светло му се дава на макроата и трговците со бело робје, посебно кај нас овде. Во многу градови и села каде што живеат Албанци секако не можеме да контролираме легалните работи што се прават, не па ова. Мислам да ти е страв струја да му исклучиш од бандера, а не па да провериш колку легално ќе го работат. А веќе се работи нелегално таму, па предлагам да се спречи на било кој можен начин.
    Проституцијата постои, но можи да се контролира ако се сака, а пак младите можат да се едуцираат, образуваат и вработат па да не го продаваат своето тело.
    А и некои ќе се е*ат и ќе земаат до 2000 евра месечно, некој ќе работи.
     
    На TIGRICA123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.220
    Точно, ќе биде права катастрофа, сега поштените и невини девојки, сите ќе знаат дека се курви, пола Скопје ќе биде провалено. :doh: Кутрите тие.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Никако. Треба да се зачува достоинството на женскиот род, а не да се продава за една вечер за пари кои до утре ќе ги нема. Ако се легализира проституцијата, ќе се одрази и на младите генерации, кои веќе и така се расипани, па уште тоа им треба на девојчињата, да мислат дека е во ред да си го продадеш телото за да заработиш. Се губат вредностите како љубовта и почитта со сето тоа.
     
  19. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    223
    Сум за ДА, бидејки проституцијата е најмизерниот и најлошиот начин да се заработува, поради тоа многу невини под присила влегуваат во овој проститутски круг и ако се легализира за таквите ќе има спас и не секој ќе може сешто да прави и злоупотребува.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    3.145
    Следново не е дословно проституција но може да има и допирни точки (или да се претвори во) истата:

    Со соблекување си ја плаќа школарината

    Не го оправдувам ниту го осудувам тоа, но сакам да укажам на тоа дека причината зошто се бават некои со сето тоа, значи мотивите, можат да бидат најразлични и дека не би требало така брзоплето да се генерализира. Некои преку ваквиот бизнис инвестираат и во своето образование и кариера. Конкретно со работење како келнерки и сл. девојката од веста тешко дека би можела да си ги плати студиите во САД (зависно од факултетот и насоката, школарините се движат од 10,000$ 50,000$ годишно на државните факултети).

    Не велам, браво, ајде сите студенти со стриптиз да се бават, напротив мислам дека САД би требало да се запрашаат себе си до кога мислат да тераат по капиталистички терк во образованието.
     
    На 4rever.unique му/ѝ се допаѓа ова.