1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Легализација на проституцијата - Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од UnknownLadyDi, 15 јануари 2013.

?

Дали проституцијата треба да се легализира?

  1. Да

    100 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    64,3%
  1. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Веќе драги мои дами е задоцнета оваа тема и воопшто поставување на прашањето за легализација на проституцијата. Проституцијата веќе не се одвива на одредено место туку таа е секаде околу нас.
    Иако во еден мој претходен пост реков дека сум за легализација, мислам дека тој вид на легализација ќе зафати многу мал дел на девојки кои се бават професионално или хонорарно за дополнување на буџетот.
    За отворање јавни куќи можевме да зборуваме пред 20-30 години кога комуникациските можности беа ограничени, сега кога секој има интернет и мобилен глупо би било да мислиме дека тој би одел во таква институција каде секој би можел да го види.
    Денес драги мои дами проституцијата се одвива на еден модерен начин, кој јас го нарекувам од врата до врата.
    Жалосно е што голем дел од младите посебно студентките ова го гледаат како дополнителен начин на извор на приходи и оние помалку упатените го користат терминот лесен. Јас не би се дрзнал да кажам дека е лесно да го продаваш сопственото тело напротив, многу е тешко да се понижиш до тој степен што ќе бидеш нечија играчка за смешно ниска цена.
    Поентата ми е следна, ние зборуваме за нешто кое го прегазило времето, исто како сега да зборуваме за тоа колку е добро да имаш фиксен телефон, кога сите имаме по неколку мобилни.
    Но она што е нај трагично негледам како би можело да се застане на пат на вакиот начин на проституирање бидејки не се одвива на едно место, а начини на реклама има многу.
    Се прашувам што ли ги тера посебно девојките да го прават тоа?
    Некој ќе рече сиромаштијата. Добро, но мора ли баш до толку да се симне некој за мочани 1000 или евентуално 1500 денари зависно какви изживувања бара клиентот? Може ли таа особа да заспие потоа со мирна совест и да биде горда на себе што заработила некој денар?
    Можат ли да ги погледнат родителите во очи кои во поголемиот дел поима немаат што се случува?
    Навистина немам одговор на овие прашања, а баш би сакала барем овде некоја да се дрзне и да ни даде одговор, какво е чувството да се продадеш себеси, да бидеш понижена за смешна сума на пари.
    Небитно дали ќе бидеш со згодни типови или типови со пуштен стомак, битно е што се продаваш себеси и она нај битното сопственото достоинство.
    Она за што ние зборуаме е за оние кои се продаваат по улци за 300-500 денари и клиенти кои им е итно само да има дупка за да се испразни, но поголем проблем е како да им се застатне на патот на оние кои себеси не се сметаат за курви само затоа што не стоеле на улица, туку биле елитни, демек тие се нешто над.
    И, за каква заштита од заразни болести зборуваме кога џабе што тие ќе бидат под контрола, кога овие што се повеќето кои одат од врата до врата се тотално надвор од било каква контрола.
     
    На unicorno, do-re-mi, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Што убаво ме потсети да си додадам. Еве пример според оваа логика и браковите во коишто невестичето или младоженецот (или и двајцата) гледаат првенствено материјален интерес е еден вид на проституција. Демек ќе влезат во црква, ќе потпишат кај матичар и оп- не се проститутки, поштени дами и господа се. А па и тие така што ги советуваат, од типот на гледај да живееш како принцеза/господин, а за љубов не се секирај...no comment.

    Сума сумарум, ниту една легализација и ниту еден закон не може да ја контролира, затоа што некому проституцијата му е начин на живот, не само на преживување.
     
    На Bah му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    А, чудо како тука на форумот нема ниту една курва т.е. професионален израз проститутка? Се светици маме му ебам. Ах, мојата чудесна земја Македонија!
     
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    tessie, убаво го кажа тоа, јас само би додал една народна мудрост која вели, курва не се станува, курва се рага. Не се станува курва заради немаштија, туку како што рече tessie тоа е начин на живот. Брак од интерес или курвање и додека се во брак се исто така интересна тема, но како што рече и господинот погоре, овде на форумов се се чесни и поштени па така ќе останема ускратени изворно да дознаеме каков е тој ментален склоп и што ги тера да се проституираат. И, најважно од се дали не се срамат од самите себе, што не само себе туку го понижуваат и семејството.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    И светци. ;) Не треба да се заборави и на мажите коишто се дел од овој бизнис. Без дискриминација, молам. :)
     
  6. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Мажи се многу ретки во овој бизнис, а и тоа претежно се геј мажи т.е. стриптизери.

    П.С. Не сум ни јас светец... барем за сега се дур МПЦ не ме прогласи за истиот.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^ Oва е веќе дискриминација. Колку само не си во право. Taкви коишто се интересираат за материјалната корист којашто би ја имале доколку се со некој од спротивниот пол има и меѓу мажите и меѓу жените и тоа можеби со скоро еднаква застапеност. Зборувам и за оние коишто кога ќе фатат женска/дечко пред да ги дознаат интересите и желбите на својот партнер, се стремат кон дознавање на нивната финансиска и имотна состојба, позадина и сл... :)

    И проституција не вклучува само шипки и стриптиз. Се објасни погоре. А не, не сме светци ниту јас ниту ти и не мораме да бидеме за да не си го мразиме и омаловажуваме до таа мерка сопственото тело. Може да НЕ си проститутка/жиголо од сосема себични причини, на пример ако тоа лично тебе ти придонесе да си бидеш на повисок пиедестал во сопствените очи.
     
  8. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Затоа и кажав дека мажите се многу ретки во овој таканаречен бизнис, затоа што генерално мажите ги држат парите и бизнисот насекаде.

    Што ќе и е на убава и згодна жена машка проститутка кога и онака може со два збора да го има секој? Се знае какви жени и мажи плаќаат за проститутки.

    П.С. Во глобала богата девојка секогаш завршува со богат дечко, имаат тие механизам на заштита од емоционално преварување освен ако не е во прашање некоја ругоба, па никој да не сака ни молив да земе од нејзина рака, но во глобала е првото.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Постојат луѓе коишто се задоволни со малку, а постојат и такви на коишто и сите пари на светот не им се доволни. Положбата во бизнис светот игра значајна, но никако пресудна улога за тоа дали некој ќе се занимава со оваа дејност или не.

    За ова со богатството и изборот на партнер. Кога си помлад, тоа најчесто е богатство на родителите, а не твое лично. И твојата констатација нема врска со реалноста. Освен ако девојката навистина не си ја продава убавината за пари без вклученост на никаква емотивна блискост. Што мене ми е исто рамно на проституција. А тоа што убавината е релативна ствар тоа е друг муабет. Како мене што никогаш физички не ме привлекувал Бред Пит.
     
  10. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Парите и капитализмот се само одлика на човековата природа и закони, борба за моќ и надмоќ. Нема тука ништо лошо или нешто ново. Секогаш било така, но настанува проблем да спиеш со секој, а претпоставувам знаеш што значи тоа секој. Проституцијата никогаш нема да ти го замени тоа емоционално чувство дека си освоил некој поради самиот себе. Можеш да платиш 500 евра за некоја девојка, но пак ќе излезеш емоционално празен, затоа што знаеш дека е таа тука поради тоа што ти си платил, а не дека си заслужил. Пак ќе бидеш грд во очите на повеќето жени.

    Го правиш она во што твојата кожа се чувствува супер. Богати жени не спијат со било какви мажи и не посетуваат стриптиз барови. Тоа се само новинарски и уличарски митови.
     
  11. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    tessie малку не си во право, ако така ги ставаш сите во категорија проститутки тешко дека некоја би останала надвор од таа твоја категоризација.
    Зборуваме за девјки кои наплаќаат за секс во ќеш а не за оние кои се мажат заради тоа што мажот е добро ситуиран. Ако тргнеме така никоја не се мажи само затоа што е убав нели, ма да убавината е релативна работа, некој што има пари има дора работа, ќе ти изгледа многу поубав отколку истиот тој чоек без парите. Тоа е факт без оглед шт некои девојки ќе речат со него сум затоа што го сакам. А, да се смени ситуцијата барем година дена а он да биде исто убав да видиме дали ќе го сака.
    Затоа да не ги ставаме сите во ист кош кога многу лесно и самите можеме да се препознаеме.
    Во се па и во љубовта постои интерес од пантивек до ден денешен. Порано гледале колку имот има колку ниви говеа.... Денес гледаат колку пари има што работи... Секој за себе вели дека е искрен дека не гледа во ништо интерес.... но јас мислам дека се е интерес од пријателство до љубов.
    Така да, да не ја разводнуваме темата туку да зборуваме за девојки кои работат за ќеш.

    Господинот е во право дека девојките се по многубројни во овој бизнис од проста причина што ние мажите сме поглупи и понеспособни па мора да платиме за се. Ретко која девојка неможе да најде некој да ја плесне доколку има потреба и тоа џаббе, за разлика од нас машките каде ситуацијата е многу поинаква. Ете затоа има повеќер девојки што ја работат оваа работа, едноставно тоа се правила на пазарот понуда и поарувачка.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    За ова со бракот и колку ќе ми е поубав некој доколку е ситуиран ќе те побијам, затоа што и самата сум во брак. :) Плус тоа, ниту парите, ниту пак убавината не се пресудни за еден брак да успее. Има други нешта, многу поважни кои го чинат еден брак. Убавината ти го привлекува вниманието, задржуваат други работи (пак не зборувам за пари и имоти). Убавината не може да одржи една сериозна врска, не пак брак. А секс за пари си е секс за пари.

    A за тоа дека ние сме биле попаметни, не се согласувам. Познавам многу примери на мажи коишто и те како играат на картата на харизма/убавина за да добијат повеќе во животот. Не сте толку наивнички, иако разните теории во коишто се дискриминира жената сакаат такви да ве прикажат. :) Но, нормално e да имаме различни ставови, искуството си го направило своето како и перцепцијата од различен агол.
     
  13. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Tessie, секоја жена сака ситуиран маж, затоа што во жената е тоа таа да бара сигурност за себе и своите чеда и гледа доминантен мажјак. Парите се само еден показател на тој доминантен алфа мажјак кој ќе и обезбеди добра иднина на нејзините чеда утре во животот. Јас во тоа ништо лошо не гледам, но продавање тело на секој и секаде тоа е веќе друга тема.

    Убавината отвора многу врати во животот. Секој од нас потајно посакува да е многу убав и згоден и љубомори на тој што е поубав од него. Доволно е да си многу убав и сите девојки ќе ти дадат да препишуваш од нив, сите девојки ќе ти кажат колку е часот на улица. Ако само твојата убавина ја надоплниш со харизма тие ќе полудат по тебе. Можам да ти набројам милион примери каде девојка трпи се и сешто во врска само затоа што нејзиниот дечко е секс симбол т.е. bad guy. Исто е и со дел од машка популација.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Епа веројатно јас сум некое чудо на природата. Се шалам, не сум само јас де. :rofl:

    Јадна ми таа сигурност којашто ќе ми зависи од ситуираноста на мажот во 21-ви век.

    Со вториот дел од постот ќе се согласам, но пак ќе речам ни оддалеку не важи за сите и најчесто резултатите се краткорочни. Тој што лошо се однесува со мене, автоматски ми станува одбивен ... дури и физички. Далерон пред некое време пиша една убава изрека тука „Дочекај го човека според оделото а испрати го според акалот.“
     
  15. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Во природата нема ништо сигурно, туку е се релативно, но има до некој степен со кој се заклучуваат некои работи.

    Машка доминација не значи малтретирање и тепање на жена, туку заштитник на жената и неговото потомство. Тој маж што не е способен да си го заштити семејството тој не ни треба да го има. Дали си видела среќна жена која работа, а мажот седи дома и изиграва дадилка? Со текот на времето таа жена го гледа својот маж како слаб мажјак кој нуди несигурност за иднината на нејзините деца.

    Има секаков вид на жени, но никоја не е имуна на убав маж, затоа што таа во него гледа најдобар потенцијален пастув за размножување :)
     
  16. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Тие немаат време за форуми, си бркаат работа.

    А тебе како ти оди (да не те цитирам по другите теми), се уште седиш пред компјутер и се обидуваш од тука да превоспитуваш народ? Па да, цела држава чека од тебе на некој форум да прочита како сакаш и како мислиш дека треба да живеат. Само седи и пишувај, останатите ќе прават ти како ќе кажеш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Веројатно е нормално што мислиш вака зашто за разлика од мажите кои плаќаат за проститутки, жените кои го прават истото знаат да создадат таква завеса, за ниту жиголото да не знае дека имал секс со неа, а не јавноста.

    Сакам да кажам, голем број згодни жени плаќаат за жигола и не зборуваме за баби од 70 години, туку за жени по 30-40 години кои бркаат кариера или кои имаат мажи што не ги задоволуваат, но се добро ситуирани или воопшто, жени кои имаат да платат и знаат дека никој нема да дознае. Не знам детално, зашто не сум бил на лице место, но многу добро знам дека особено во летниот период, наши млади момци Македонци го работат ова на грчко приморје или на јадранска ривиера, а дома кажуваат дека работат како конобари, берат маслинки или мешаат малтер зашто и тие сакаат дома да си дојдат и мајка да ги гушне дека се вредни, исто како девојките кои го прават тоа и сакаат да си дојдат дома и тато да им каже колку се вредни и колку заработиле преку лето за после да си го плаќаат сами факултетот.
    :!:
    Битно, жени плаќаат исто како мажи, од исти причини. Место да се троши време за швалерај, па криење, па мислење, па не дај Боже емоции... плаќаат, уживаат, чао џаци. Ако истите тие згодни жени бараат некој за беспари, ризикуваат, зашто друго е кога ќе платиш за услуга и друго е кога бараш од некого услуга.
     
    На Daydream, imelda, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    За да и ги оствари фантазиите на пр., за да има поголем избор(сака помладо, понебалканско, побалканско, по послушно и тн...), разновидност(сака ескими на пр. :D ), за да проба нешто ново и сл.
    Какви?
    Освен јеховини сведоци и харе кришна што проповедаат религија од врата до врата, за такви вратни проститутки првпат слушам.

    Но во последните години преку развојот на интернетот и дигиталните технологии, се јавува виртуелната проституција која се одвива низ разни вебкам сајтови: за “волку„ сума виртуелни парии (кои можат да се претворат во евра) покажуваат цице, куре, газе, бенка, првут, колекција на турски&индиски серии... за „онолку„ имаат секс ваков или таков, а за ептен многу евра ги демонстрираат своите познавања по структурална социологија или индустриски менаџмент и интегрална економија. Кој знае какви нови информатички вируси се пренесуваат така ако компјутерот нема кондом... а што е уште пострашно, никој незнае дали и колку данок плаќаат! :D
     
  19. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    5.308
    Пол:
    Женски
    Проституцијата постоела и ќе постои, не за џабе е најстар занает на светот. Со легализација ако ништо друго барем ќе одат на редовни прегледи и нема да шират болести :|
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    daylight Принципот кој јас го викам од врата до врата е да си нарачаш девојка за смешно мала сума од 1000 денари и да се изживуваш врз неа, етет тоа ти е тој принцип од врата до врата.
    Спомнав изживување затоа што сигурно не е водење љубов.
    Биртуелниот секс е за клинци, зошто би фантазирал ако тоа можеш да го правиш во живо за 1000 ден.