1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Легализација на проституцијата - Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од UnknownLadyDi, 15 јануари 2013.

?

Дали проституцијата треба да се легализира?

  1. Да

    100 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    64,3%
  1. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Sum za legalizacija na prostitucija. Mislam, i da ne e, tie se krijat, imam videno so svoi ochi 2-3 pati vo gradski park. Mnogu glupo i neubavo izgleda. A prostitutkite sekogash kje gi ima..i koj kako si reshil taka kje si zhivee. Nikoj ne mozhe da upravuva so tugj zhivot..
     
    На BoyL, daylight и crimson им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Јас би го поставил тоа поинаку. Сите луѓе имаат потреба за храна. Тие таа потреба можат да ја задоволат преку користење храна од сопствената градина, или пак ако се нема таа можност преку купување во супермаркет.

    Сите психо-физички здрави луѓе имаат сексуални потреби исто така. Некои можат тие потреби да си ги остварат со постоечкиот партнер/партнерка, некои не можат па мораат да одат во супермаркет :D

    Ова вака напишано звучи убаво, но што ако го нема мажот да помага околу домот и одгледувањето на децата? (алкохоличар, ги напуштил, починал и тн.) Што ако жената покрај легалната работа што ја работи, нема доволно средства за да ги прехрани и згрижи децата?
     
    На 1209, Lady Phoenix, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    затоа се тука родителите на жената односно бабата и дедото, тие да и помогнат околу грижата за децата. е сеа ќе биде, а што ако нема родители.. секогаш ке се најде некој од роднините да им помогне..на крајот на краиштата ако мажот ги напуштил, а жената нема доволно средства мажот секогаш може да ги земе децата кај него
     
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Од една страна нека ја легализираат за да бидат почисти работите.

    Но ние уште не сме зрели и на тоа умствено ниво како, на пример, една Холандија, па ќе го користиме секое дупче во законот, за да правиме малверзации. Па кога ќе видите - се вртиме во круг.

    Не знам каков ќе треба да биде нашиот закон за да функционира доволно беспрекорно како во погореспоменатата земја. Се знае кај нас како е се'. Затоа, прво, да „пораснеме“, да си ги решиме прво поважните работи, да не речам корените на нашите проблеми со законите, па после да донесуваме и вакви закони. Да не биде после како со законот со хонорарци, го донесоа, па после го повлекоа... (ова само глупав пример за илустрација де, како прават на ти го-дај ми го и се премислуваат преку ноќ како мали деца.)

    Тоа е тоа, начин на заработка, најстар занает на светот, не се може против тој факт, ама прво мора да се создаде плодна почва, па да се легализира.

    Истото го мислам и за марихуаната во медицински цели (па и рекреативни, зошто да не).
     
    На theowndemon, Kukla994, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.014
    Пол:
    Женски
    Да,во нашата држава се е средено само уште проституцијата остана на тапет.(facepalm)
    Да се легализира,треба уште многу вода да помине низ земјава.Нема шанси да се случи такво нешто во скора иднина.Најголем дел заработуваат така зашто се стварно ставени во теснец.Некои од бес некои од зорт.Спомнувате должност на жената е да се грижи за семејството,за себе,бла бла...а што кога никој не се грижи за неа.Телото станува само коска и кожа без емоции.
    Спомнувате печалење на пари ова она,а не се прашувате низ какви грозотии и стравови поминува проститутката а неретко и физички ги напаѓаат.Ризик од болести и ред други работи за кои можеме само да претпоставиме.И ќе се рече па постои и друјг начин да се заработи.Постои да,вие сте избрале фина работа таа избрала да го продава телото.
    И со став сум дека таа што може да го наплати сексот не ужива во него.
    Не би ги осудила нив,проституцијата постои откако постои човештвото и ќе трае се дури човекот битува на овој начин.
    Сега има граница помеѓу оние кои се промискуитетни и оние кои наплаќаат и тоа им е начин да го подобрат стандардот.
    Отидов малку оф ,а на конкретното прашање јас сум да се легализира,зашто вака се правиме дека не постои и затвораме очи пред вистината.Нека се најде начин, да имаат барем здравствено осигурување.:~:
     
    На Mishela, Lady Phoenix, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    А ако нема роднини? Или ако тие не сакаат или не умеат да помогнат? Ова се реални ситуации, не претпоставки.

    И како тоа мажот можел да ги земе децата кај него? Па нели ги напуштил? Таквиот воопшто не сака да ги види повеќе, едноставно не го интересираат децата и жената - мисли дека неговите деца се плод на грешка, се заебал што ги направил па избегал.

    Да се наоѓаа решенија туку така, многумина не ќе се бавеа со проституција.
    Затоа реагирам, што повеќето кои се противат на легализацијата не умеат да дадат соодветна алтернатива, туку изнесуваат претпоставки дека можеби некој (демек „сигурно„ ќе се нашол некој) да им помогне на тие луѓе и деца.
     
    Последна измена: 27 август 2015
    На kjukli, Bender Rodriguez и lunicka им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Easy money.
     
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Види, скроз те разбирам и се сложувам со тебе, јас лично немам ништо ни против давателите ни против примателите на сексуални услуги.

    Прашањево беше хипотетичко и се однесуваше на оние кои викаат дека е недостоинствено и морално погрешно да бидеш проститутка, а тотално ја занемаруваат другата страна на „равенката“ - клиентите. Муабетов ми е, ако едново е недостоинствено, тогаш и другово, во најмала рака, е подеднакво недостоинствено и неморално.
     
  9. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Treba da se legalizira prostitucijata!
    Dokolku na nekoja i e potreben Pimp, neka mi se obrati po poraka. :)
     
  10. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    тука си многу грешка... и јас сим дете кое растело без машки родител, но тоа незначи дека татко ми не е сакал, дека ме сметал за грешка или било што. исто така незначи дека мајка ми се проституирала зошто немала доволно финансиски средства да не издржува... не си во право дека секогаш кога двајца се разведени дека децата се грешка. напротив тие што се разведени уште повеќе си ги сакаат своите деца и прават колку што можат повеќе за децата.. нормално во рамките на можностите.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Кога пишуваш за темава ти очигледно работите ги гледаш од точка на гледиште на твојот сопствен живот. Твојот живот и животот на другите луѓе не е ист!

    Во романот „Големиот Гетсби„ на почетокот има една реченица која вели: „Кога и да ќе почувствуваш потреба некому да судиш, имај на ум дека другите ги немале истите погодности кои ги имаше ти!„.

    Тебе те сакал татко ти, твојот татко тебе не те сметал за грешка, твојата мајка не се проституирала (успеала да најде друго решение - што е секако за поздрав - веројатно пред воопшто и да и текне таква работа на ум). Освен тоа „немање доволно финансиски средства„ е многу релативен поим.

    Нечиј друг татко се однесува драстично поинаку. Нечија друга мајка се однесува драстично поинаку - бидејќи и тие низ животот изградиле поинакви искуства, поинакви можности, поинакво воспитување и средина. Тоа резултира со поинаков начин на размислување и понакви постапки.
     
    Последна измена: 27 август 2015
    На theowndemon, eloves, calliope и 9 други им се допаѓа ова.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    "ТОЈ ШТО Е БЕЗГРЕШЕН, НЕКА ГО ФРЛИ ПРВИОТ КАМЕН" ..... рекол еден умен човек пред околу 2000 и нешто години....
    Незнам како си дозволуваат одредени личности тука да морализираат, да осудуваат, да делат памет и толкуваат закони....
    Зборувате како приститутките да не се личности, како да се криминалци, неморални единки....без да знаете која мака ја натерало на тоа што го прави.....
    Ај да не тупам многу, Јас сум за легализација на најстариот занает на светот...
     
    На Lolo5, Dust, angelche16 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.603
    Пол:
    Женски
    Глава сечам дека пола од тие што плукаат и се гадат од проститутките се и бетер од нив.Само нив ги викаат спонзоруши ,демек јаки фраерки уловиле богат тип.Истите тие спијат со него,трпат шлаканици и прават разно разни с*ања за да му удоволат а за возврат им се плака на материјален начин:).
    Врти сучи спиењето со мажи за пари зазема голем замав на денешницата.Разликата е во називот.Зборот Проститутка од секогаш потсекало на нешто грдо а спонзоруша е заменка за проститука на 21 век.
     
    На kjukli и daylight им се допаѓа ова.
  14. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Па разликата меѓу проститутката и спонзорушата е само во цената...и во покажувањето во јавноста.
    Тука некаде на скалата на моралноста е и секс со газда или директор заради остварување на некакви цели и привилегии...
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.603
    Пол:
    Женски
    ^
    Или секс со професор заради оценка ;)
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски

    Значи ќе одговорам накратко пошто ме цитираше..
    Како прво не дека не ги знам овие работи што ми ги наброи во постот,добро ги знам,и ќе речеш ко ги знаеш што се чудиш? се чудам можда дека имам други погледи и сваќања кон животот.Како второ лично мене а и мои познаници животот не ставил во тешка ситуација , па ни еднаш не сум посегнала да се проституирам, демек брзи пари,се тоа елитни незнам ти што,знаеш дека имам работено 2 години за 5 000 ден во Грчка фирма на 19 години? и мене тоа ми беше лесно? па ајде да изберев да се проституирам кој ќе ме знаеше:o се сложувам дека има незаштитени деца кои потекнуваат од припрости или дисфункционални семејства,на никој не му е гајле за нив да,ама сепак и со основно одделение би можеле да работат една никаква чесна работа во текстилна фирма,сендвичара,чистачка и сл,незнам барем јас вака размислувам,крај краева секој нека прави ко што му чини,само кажувам дека не секогаш најлесниот избор мора да е овај стар занает:D за крај ќе се сложам со тебе дека е жално само за оние што ги држат и земаат бело робље,тие се немоќни во секоја смисла на зборот,а не овие што не им се работи за 5000 и оп ајде ќе се проституирам,инаку можам уште да филозофирам и набројувам ама реков ќе бидам кратка:D


    @ninja35
    Значи и во времето на Исус постоело проституција,ако си информиран ќе знаеш дека сакале да ја каменуваат Марија Магдалена ,била проститутка,а Исус ја одбранил од толпата кои сакале да ја каменуваат,значи таа на крајот се покајала и си ја сменила професијата,бидејќи како таква не ќе можела да биде покрај Исус,и кажи ми ти мене ако било тоа Ок зошто таа се покајала за нејзината работа? и дали ќе можеше како проститутка да биде покрај Господ? знаеме како после му ги миела нозете и телото од раните,не можиме по секоја цена да сме покрај Господ искрено,ај ќе ми текне ќе се проституирам на гнасен начин,ќе бидам убиец и сл, и оп ете ме покрај Господ ко ништо да не било...Господ е голем и ако се покаеме макар и да сме ја работеле најгнасната работа ќе не прими назад,а поинаку во друг случај нема!!се извинувам за цитирањето,имаш право на свој став,ама морав да искоментирам( ништо лично не е):D
     
    Последна измена: 27 август 2015
    На 2212 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Делумно офф топик:
    Не е Марија Магдалена таа на која и се заканувала опасност од каменување туку прељубничката (иако била во брак - наводно - легнала со друг).
    Освен тоа Марија Магдалена во библиските евангелија е опишана како запоседната и како голема грешница која се покајала, и станала многу блиска ученичка на Исус, меѓутоа никаде изричито не е кажано дека била проститутка!
    :) Не се извинувајте и не барајте да ви се извинуваат за цитираното - се наоѓаме на форум. Цитирањето тука треба да биде како „Добар ден„ инаку не би бил форумот форум. На тој начин прегледно може да се дискутира на одредена тема.
     
  18. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека треба да се легализира проституцијата затоа што била легална или нелегална кој(а) сака да се проституира ќе го прави тоа!

    Подобро да е легална, барем ќе има некој “закон“ и ред, ќе се плаќа некаков си данок (е*ачки претпоставувам :D) итн. ама со оглед дека државата не може да има некаков ќар ако ја легализира проституцијата се решава да не се замара со најстариот занает на светот. Секс туризмот е топ можност за профит, еве видете што се случува во Тајланд и на блискиот исток каде што има градови специјално наменети за секс и само секс!

    Мене интересен феномен ми е елитната проституција и девојките кои одат на крупно и се продаваат за ајфон, патување до Дубаи, возење во Ферари, брендирана облека и сл. Мислам дека во Македонија има девојки кои “работат“ оваква професија. Значи не се класични проститутки, туку елитни, ама пак се проститутки факт е тоа! Се дружат само со оние со длабок џеб, хигиена секогаш на врвно ниво и тело авион пошто со тоа печалат пари. :) Дефинитивно интересна тематика.
     
    На Kukla994, Nausicaa, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Иако имаат допирни точки, проститутките и спонзорушите сепак се разликуваат во повеќе работи, не само во цената.

    Проституцијата овозможува еднократен или повеќратен секс (во еден или повеќе негови облици) за пари и тоа според некој нивен ценовник. Тие што се проституираат можат да имаат еден или повеќе клиенти во текот на еден ден.

    Спонзорушата не овозможува само секс, туку вид љубовна врска за пари, материјални добра и услуги. Таквата врска трае со месеци или години - додека спонзорот дава пари и подароци. Спонзорушата не се нуди себеси едноставно според некој ценовник било кому кој има пари, таа ги бира спонзорите и тоа по долги билатерални преговори и договори. Спонзорушата не може да има повеќе од еден спонзор во ист миг. Освен ако тој не издаде посебна дозвола или дури и барање за еднократна деловна задача или доброволно не ја сподели со своите пријатели и познаници. Тој и е нешто како дечко ама за пари и други услуги.
     
    На Valerin и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба мое мислење :)