Здраво дечки сакам да ве прашам не сум сретнала до сега нешто вакво,а може и имало само не сум го забележала.Дали можам да извадам лекарско уверение дека сум во добра здравсрвена состојба во општа ординација пример кај матичниот доктор или мора во некоја поголема поликлиника не ми е јасно ми треба тоа уверение за вработување,и уште нешто сега по ново бараат и потврда дека не си осудуван и потврда дека не ти е изречена мерка казна за извршување на професијата пример јас треба да работам како медицинска сестра а досега не сум работела и немам никакво искуство и незнам дали тоа важи и за вакви случаеви или пак морално е за секој???Ве молам доколку некој е информиран со ова да ми пише ми треба за во вторник да завршам некои работи Фала ви однапред
Мајка ми ги собираше сите тие документи и требаа за лиценца п аеве ќе пробам да ти оодговорам Дали можам да извадам лекарско уверение во општа ординација пример кај матичниот доктор ти гледаат крвна слика, вид,слух, ехо/екг незнам баш нешто на е беше за срцето знам... значи само матичниот тешко дека ќе заврши работа потврда дека не си осудуван во судот ако си од источна мк во штип мислам дека е ако си од ск во ск и потврда дека не ти е изречена мерка казна за извршување на професијата тоа мислам дека не ти треба оти ти досега ни не си работела како што сватив
Да тоа за неосудуван го извадив но ме бунеше тоа за забраната потврдата али како и да е сепак фала ти на одговорот
Јас земав во Неуромедика 800 ден се плака ти земаат крв од прст и преглед некој од интернист,орл незз како беше точно и ти го даваат одма.
Женски, ве молам за помош..Дали знаете некоја клиника да издава лекарско уверение за вработување ама истото да може да се земе попладне?
Утре планирам во Поликлиника Тоспаш да вадам лекарско уверение за возачка дозвола. Што точно испитуваат освен крвна група, вид? И колку отприлика време трае целото испитување?
Само крвна група, ги решаваш тестовите со фигурите, преглед кај невролог и мерење на притисок и проверка на видот. Трае 5-10 минути во зависност од бројот на кандидати во моментот.
Здраво. Во јануар се префрлив вонредно и земав лекарско уверение од кузман, таму нешто ми спомнаа дека тоа "важело" само неколку месеци и дека од септември/октомври сум требало да извадам новa потврда при упис, ако не сум извадело ново уверение- факултет ќе ме отпишел. Е сега прашав на факултетот и таму на студентски ми рекоа "нее незнам нема потреба, па нели си сега вонредно зошто да вадиш потврда ?! " Доколку има некој искуство нека ме извести, навистина не знам што да правам Ме интересира дали треба повторно да вадам лекарско уверение за овој уписен рок? И од каде можам да земам лекарско уверение доколку во Кузман трафиката е затворено. Ве молам за совет
Земаат крв ако не си знаеш крвна група, јас не си ја знаев, па таму ми ја проверија. Проверка на слух, вид, психолошки тестови правеше психијатар, тестови со фигури се решаваа, 2-3мин беше тоа, па проверка кај невролог имаше и тоа беше кратко. Толку беше отприлика како што се сеќавам.