Кои лекови ви ги дозволи вашиот гинеколог? Мислам на апчиња за глава, за температура? Дозволени ли се антибиотици?
Па јас и ништо од лекови и не користам во овој период од бременоста , некако ми е страв да не му наштетам некако на бебето . Кога бев настината само цеден лимон пиев и така , не сакав ништо друго од лекови . Мајками прашала кај гинекологот и рекол Далерон да се напијам дека не е штетно Ама пак кој да знае и така Ништо од лекови не користам
Од антибиотици знам дека може Оспен да се пие. Тоа ми го има кажано гинеколог (тој не штетел на плодот). Јас има пиено бидејќи се разболев. Од премисла не испив цела доза, туку само 3 дена па сега ете го здрав и прав дечко
Јас сум против секакви лекови. На почетокот имав страшни главоболки и во првиот месец качив температура, една недела не станав од кревет. Гинекологот ми рече: Можеш да пиеш далерони и парацетамоли не се штетни... но на крај е мој изборот нели, а јас сум малце тврдоглава па решив никакви хемии да не внесувам во мене. Старите добри методи со чај и лимон, мед, прегорено млеко, витамини и слично завршија работа...Сакам да кажам: има многу природни лековити препарати кои можеш да ги користиш ако имаш проблеми, многу се поздрави а и помалку чинат.
Лекарства не се препорачуваат за време на бременост, посебно во првото тромесечје дури трае органогенезата. Повекето од нив може да наштетат на психо-физичкиот развој на вашето бебе. Никако не земајте лекови без консултација со гинекологот.
Дали може да се примаат лекови со првите десет дена од бременоста. Знаци се подразбира дека првите две недели не може да се утврди дека постои бременост, но да речеме дека сме се потрудиле да направиме бебенце како што е во мојот случај. Значи незнам дали сум бремена, можеби бебето е зачнато пред два дена. Ме интересира дали може да се пијат лекови во првите две недели се додека не се утврди бременост. Прашувам бидејќи се разболев а ке правиме свадба за 15 дена. Ве молам одговоретеми.
Мој совет ти е да се консултираш со твојот гинеколог. Од лично искуство можеш да земеш само парацетамол и витамин Ц (не шумечи ).
Феминки да ве прашам нешто, веке два дена горам од температура пијам само парацетамол (со консултација на доктор) ама и од оние за шмоканје сто се анги септ од жалфија пошто се на приридна база, има ли некој информација дали се штетни , иначе сум во 8-та недела од бременоста...фала ви однапред
Обично во кутивчето или на него има декларација и предупредување. Ако не пишува или неможеш да најдеш, повели линк, побарај си. Лесно е во денешно време, GTS http://www.naturprodukt.hr/angisept_web/index.html#
Гледај колку што можеш избегавај синтетички лекарства , па и тие на природна база, јас сум и против синтетичките витамини, природно си е природно.Внесувај колку што можеш повеке витамин ц преку лимони, портокали, секаков вид овошје и зеленчук , тоа ти е потребно и тебе и на бебчето и пиј многу чајчина ке помине настинката
Драги мои,ниеден лек не е препорачан за бремена жена,но кога имаш не дај боже проблеми нормално дека има лекови што се дозволени да ги примаат трудниците.Всушност и ние сме живи луѓе и е нормално да се разболиме.Мене ова ми е втора бременост проследена со ниииза проблеми.Четири месеци сум под терапии...Прво добив големо воспаление на левата града нешто како маастит но инаку е во бременоста,не е класичен мастит.Примав 14 дена инфузии.Ми отече дел од градата ми бесе тврда,црвена и имав висока температура.Ми се смири воспалението но тврдината остана.Од тоа јако воспаление фатив erythema nodozum кожна болест со страшни болки и отоци на нозете и сум моментално на кортико терапија....оваа болест трае од 3 до 8 недели но што да се прави....важно со бебето е се во ред и се развива најнормално .Влегувам во 8 ми месец и се надевам дека ке биде се во ред.ПОЗДРАВ
оние лекови кои спагаат во постојана терапија секако дека мора да се примаат, бидејки НЕ СМЕАТ да се прекинуваат(пр. Депакине Хроно што пијам јас, неврологот ми каза дека дури и за време на бременост ке морам да ги пијам, евентуално во помала доза)
да ве прасам знаци бремена сум во пета недела и ме фати грипот со температура и повраканје цел ден повракам апцинја не пијам само витамини мозе ли да ми казете дали тоа е опсасно за бебето????
Колку што знам до 12 недела не е препорачливо да се пие ништо од лекови па дури ни синтетички витамини(мојата докотрка така ми препорача) освен фолната нели, бијдеки тогаш се оформуваат органите на бебчето.За посигурно консулитерај се со гинекологот, а во мегувреме пиј си чајчина, и витамините гледај примај ги преку многу овошје - многу лимон, портокал, цитрони, мандарини.. Повракањто е нормална ствар во бременоста, може да не ти е поради грипот, јас повракав до кај 12 недела , ама буквално од се , вода да се напиев повракав, али после 12 недела фала богу гадењата исчезнаа.Најчесто е така кај повекето трудници.ПОздрав и со лесно бременоста и побрзо да ти помине настинката.
многу ти благодарам се консултирав со докторот и он каза дека малку опасно е да се разболис во 5 недела зосто тогас плодот усте се развивал ме фати малку страф сакав да знам дали има место за паника ако те фати грип во 5 недела?
Јади многу лимони,пиј чаеви. Секакви лекови избегнувај зошто сега се формира плодот. И јади што повеќе овошје.
ве молам за совет значи јас сум во деветта недела од бременоста и ми се појави херпес на устата цитав дека било многу опасно ве молам помогнете ми за совет
Не би рекла дека е нешто страшно. Мене неколку пати ми се појаи за време на бременост, си ставав Ацикловир и за неколку дена ми го снема. Без паники
Ништо не е страшно ќе ти помине, да не си помешала како некои други што беа читале за генитален херпес па се беа исплашиле.