И мене доктор ми има кажано ибупрофен исклучиво кога имам јака болка да пијам. А во друг случај парацетамол. Јас прашував што да пијам кога ме болеше раната а доев, па тој совет го добив. Сигурно и во бременост е така. Ма да јас секогаш парацетамол пиев колку и да ме болеше.
Дали некоја користела алмицин и дали е безбеден ? Црвенко ми е грлото матичната ми го препиша ама колку е безбеден ?
Дајте лек за главоболка. Парацетамол не помага. Лимон не помага(само привремено) Ми пукна десна слепоочница. И тоа не боли цело време со ист интензитет. Де помалце, де повеќе. Ама веќе 24ч ме боли.
Низок. Сигурно. На работа сум. Сега испив уште едно кафе со лимон, гадно, ама второво проделува малце. Се прашувам до кога.
Ако е низок не ставај лимон . Освен ако претходно имаш искуство дека вака ти делува. Пиј течности многу. Лименка кока кола и нес , мене тоа ми помагаше.
Девојки знаете ли дали Отол Х капките смеат да ги користат трудици? Имам страшно воспаление на уво ќе полудам од болки, не знам што да ставам.
Земи парафинско масло и хидроген 3% одма помага тоа исто и на мали дечиња се става при болки или инфекција на уште . Прво се ставаат 5-6 капки хидроген 3% и чекаш едно 5-минути навалена за да не истече одма од ушето и потоа нежно со стапче за уши ќе го собереш хидрогенот и ќе ставиш 7 капки парафинско масло и со памукче мало ќе го затвориш ушето за да стои некои 15-20 минути така , ќе ти се смират болките
Парафинско немам,недела е ништо не работи, ставав само хидроген и никакво фајде, па на два пати по 1 капка цитерал капнувам и џабе, болкава е ужасна и се шири накај грло. И носот ми се растече,и осеќам се слева накај грло. Настинка ме фати и покрај сите сирупи и витамини,мме.
Крај краева капни малку од лист на чувар куќа цвеќето што е и ќе се смири кога нема фајде од медицинските нешта сега ,бареб бабскиот лек белким ќе помогне .. Ама јас мислам дека Зегин би требало да работи
Многу често имам проблеми со уво, многу убаво ја знам болката. Имаш оток внатрешно, за да се смири мора прво отокот да се намали. Најдобро консултирај се со матичен што смееш да примаш.
Од што имам оток не и давав на докторката да ме допре на увото, до толку јако што боли, цела вечер око не склопив. Ми препиша Сумамед Скептик сум дека за 3 дена ќе си отиде инфекцијава ама ај ќе пробам. Грлово ми е лом едвај подголтнувам, а не ни ми го виде докторкава па се надевам Сумамедот ќе си делува и во двата случаи. Проклета зима!!!
Искуство со Проспан сируп за искашлување во бременост. Матичната ми го препиша 10 недела сум.. Ама во упатство пишува дека не се препорачува за трудници. Поздрав мамички
Девојки да ве прашам имам алергија од поленов во аптека ми дадоа лоратадин аптекарот ми рече смеелп само ова да се пиее. На упатството читам не смеело за тридници о доилки. Имате некое искуство ??
Јас имам алергија скоро 9месеци. На прашина ама не ми даде ни лоратадин ни ништо трпам така. Подобро не искачај толку или упат за интернист да ти даде што е потребно !