Добив препорака да пијам Phlebodia (ваљда ја напишав точно) Дали некоја ги пиела за време на бременост?
Моја братучеда пиеше во почетокот на бременоста, не знаејќи дека е бремена. Има здрава две годишна ќерка. Зинатот се смета за сигурен лек во бременоста, особено ако си после 12 недела.
Здраво, да прашам и јас нешто. Со дечко ми се обидуваме за бебенце, но пред некој ден почнав терапија со Албендазол против цревни паразити. Не знам сеуште дали има нешто, но доколку да, дали е штетно за плодот ? Да престанеме додека трае терапијата ?
Dali nekoja od vas ima problem so alergija? Kivanje, cesanje oci, nos i dali koristite nekoi apcinja za alergija?
Знае ли некој колку дена да се пие парацетамол при настинка? Настинав матичната ми рече пиј парацетамол по два пати на ден ја земав по еднаш на ден еве веќе 5 парацетамоли имам испено у 5 дена и веќе поарно ми е се мислев за вечерва дали да пијам или доста е ? 25 недела сум
Па чим ти е поарно, не пиј. Тој секако не делува како антибиотик, само е за да ублажи болки, да намали температура, да намали симптоми и да ти олесни, а чим ти е подобро, не пиј веќе Сега овошје, супи, чајчиња, мед, за да си го качиш имунитетот.
јас пиев зинат незнаејќи за бременоста. Аналгин исто и инекција примав којзнае со каков антибиотик. А претходната бременост месец ипол бремена дури и алкохол пиев исто незнаејќи дека сум бремена,и тоа во големи количини
И јас исто вечерта пред да дознам за трудночата, бевме на веридба се напрајв земја- ваздух Еве го живо и здраво
Се разбудив сабајлево целата вкочанета, многу ме боли грбот горе кај рамењата и плешките, не можам да се мрдам. Апчиња не планирам да пијам, ама дали смеам да се мачкам со некоја маст? Кажувајте чаре, почеток на 7ми сум.
Овие недели додека е органогенеза ништо не смееш освен парацетамол, а тој е баш за укоченост. За било што друго прашај си го докторот на своја рака не.
7ми месец мила, не недела, завршена е органогенезата ама и онака не планирав нешто да пијам, сакав барем нешто за мачкање да земам, ама не знам дали има нешто дозволено. Како и да е денов пројде касно е веќе, на работа издржав некако но и утре ако ми е вака ќе морам на лекар.
Мешиња почнав повеќе да кашлам до сега се лечев со чаеви ама не помагаат . Се јавив кај општиот матичен лекар она ми рече Проспан суруп да земам ама аптекарот крсти раменици за овој суруп после ја прашав матичниот гинеколог она ми рече Алпенкрафт слободно да земам. Ама читам за сурупов на интернет да не се користи во бременост и сега незнам што да правам кого да слушам ? Искуство со некој од вие два сурупи? Незнам што да земам.