Девојки, што може да се напијам освен чај? Дали е дозволен некој антибиотик во бременост, пр. Цефалексин? 5ти месец сум бремена, настинав, кашлам, грлото и главата многу ме болат, и ми се лоши.. чаевите не ми помагаат, се плашам да не ми се влоши состојбата со температура...
Не се пие антибиотик за настинка. Само повеќе течности, инхалации со морска сол, евентуално парацетамол. Мачно е ама ке помине
Грлово никако неможам да го смирам, де прегорен шеќер, де чаеви, де Фишерман бомбони, де бронхи...де мед...ништо не помага... само кашлам, више се мрднав од што ме нервира..
Сега сум настината во 25 недела. ме префати од мажот ми но со полесни симптоми,немав температура. Многу кашлица дури и градите ме болат. Мораше докторот да ми пиши антибиотици за да не дојди до пострашни работи
Здраво девојки, дали има некоја трудница со алергија на домашна прашина. Јас ја имам уште пред бременоста, но сега ми е прекината терапијата и многу ми е тешко. Затнат ми е носот, а понекогаш ми е тешко и воздух преку уста да земам. Тешко се движи воздухот низ дишните патишта. На болница ми кажаа само не пиј терапија и толку.
Девојки, денес ги видов своите 2 црти! Но покрај среќата и во паника сум! Се сетив дека ден-два после првиот однос (во плодни денови) испив два кетонали од по 50мг. Можеби тогаш не било зачнувањето, можеби било после неколку дена кога шансите за бременост ми беа HIGH (повторно имавме однос во плодни денови), но сепак сум во паника, што ако сум останала бремена првиот пат па сум испила 2 кетонали??!? Колку е тоа опасно за оштетувања на плодот знаејќи дека кетонал е забрането во бременост? Се тешам дека било прерано, се уште плодот не бил ни имплантиран....
Електролити, пробиотик. Генерално тоа. Ако многу повраќаш и имаш диареа, оди на доктор за инфузија за да не дехидрираш.
не се секирај јас се изнапив кетонали, мислев ќе добијам дека осеќав менструални болки, докторката рече не е страшно ептен рано ако си се напила, значи јас коа пиев кај мене сигурно веќе бил имплантиран ембрионот
Ко што пиша Кукличка - Линекс Форте и Електролити. И чаеви. Толку. И чепче против повраќање. Ако многу повраќаш - инфузија.
Здраво девојки 20+ бремена сум и имам инфекција ми препиша докторката цефалексин се консултирав и со друг доктор ми рече да го пијам но многу ми е страв ве молам некој вакво искуство дали делува на бебе?
Здраво девојки, се надевам ќе ми помогнете. Ми беа покачени леукоцитите и матичниов гинеколог ме прати црп да испитам. И тоа беше покачено па ми дадоа Cefalexine. Откако го испив пак правев црп и уште повеќе се покачило ама не зборувам за екстреми, и ми дадоа Augmentin. На следна контрола пак ми беа леукоцитите исти, над референтни вредности и јас се откажав од антибиотик. Отидов кај општата матична и таму ми рекоа дека е нормално во бременост да се покачени затоа што имунитетот е намален, и сега малце се плашам, незз кому да верувам. Дали има некој слично искуство?
Zdravo devojki. Sakam da prasham dali ima nekoja vo momentov so istiot problem kako mene ,so anksioznosta ? Pree 6 godini imav problemi so anksioznost i sega vo bremenost vo 7 mi mesec mi se povrati. Mi prepisaa pak terapija helex nautro i navecer i acentra 50 mg. Mnogu sum isplasena za bebeto a ii pomislata deka sega sum 8 mi i treba da se porodam uste malce me plasi uste poveke. Ve molam za sovet
и јас имам анксиозност, но искрено за бебето се контролирам гледам да правам нешто и да не мислам на тоа пошо не ни смееме да пиеме такво нешто, а и претходно не сум пиела такви лекови.. како ти дозволиле хелекс да пиеш се чудам.. оди подобро на психолог и ке ти биде многу подобро и ке си го решеш проблемот засекогаш и нема да пиеш апчиња општо не чини за тебе хелексот, а не и во ваква состојба.. како што знам се успоруваат движењата на бебето и воопшто не е добро.. навистина за твое добро и на бебето оди на психолог ке бидеш преродена ..
Mi dadoa terapija zosto ne spiev 2 nedeli , no terapija ko terapija i treba za adaptacija. Sekoj den sum so negativni misli deka nesto ke mu bide na deteto ,a na psiholog odam razgovaram no se e dzabe misli me utepaa