Не знаев дека сум бремена,имав силни болки при мокрење и болки во бубрезите.отидов кај матичната направив крвна слика,и оваа ми вика имаш бактерија во мокрачата и ми даде цефалексин да пијам(и тоа 2 дози) ги испив и после тоа дознав дека сум бремена
ништо де и јас пиев цефалексин додека бев бремена само кога ќе одиш на гинеколог спомни му го тоа да има предвид
Веке два дена имам силни болки , (забоболки) непцата ме болат премногу .. Денес прашав во аптека нешто за смирување , некој Чај .... и ми рекоа можело Парацетамол да се напијам И претходно кога бев настината матиЧниот ми реЧе може парацетамол ама решив да не пијам заради бебето ... Сега навистина не се истрпува ова , ме мрднува болката ... пре би да се породам неголи вакви болки да трпам Не сум спиена иЧ ... Дајте ако знаете некој природен лек
Јас мислам дека е подобро да се напиеш нешто . Мајка ми додека беше трудна знам пиеше Цефалексин. Има лекови што може да ги пијат трудниците тоа сигурно, прашај ја матичната убаво Инаку за забоболкава имам чуено дека помага оцет црвен, да се напиеш малце во чашка ама не да го голташ туку само да го држиш во уста едно 5 минути и потоа плукни го
Плакни ја устата со чај од жалфија, не го голтај, делува противвоспалително на непцата и ги смирува забоболките. Пиј парацетамол слободно. Нема штета за плодот.
Уф да се напив и парацетамол ама не помогна ... пробав со Чајот од жалфија и навистина смирува еве веке неколку пати до сега ја плакнам устата . Сепак благодарам
Zdravo, jas sum vo 9 nedela od bremenosta do preed mesec dena pred da doznam deka sum bremena piev paroxetine (antidepresivi), sega veke ne gi pijam no se plasam da ne slucajno mu nastetiv na bebceto, .. inaku ne znam dali e od mojata sostojba ili pak od hormonite osekam golema nervoza, dali e toa normalno ili ne? se trudam i sakam od se srce da sum smirena no najcesto cuvstvuvam nekoj nemir i sum zagrizena
Девојки помогнете јас имам температура и тоа внатрешна температура што е и најлоша а бремена сум и влегувам денес во 9 недела дали едно парацетамолче ке смета нешто кажете ако знаете бидејки ке пукнам од температура
Најпресен пример мојата снаа,имаше 39 температура и дозволи гиникологот до 3 парацетамола да пие на ден и ништо повеќе од три дена,многу течности портокали,лимони или сокови ,супа,знам и инфузија пиеше зошто не можеше да јаде ништо се надевам оти ти помогнав и обавезно мачкање со ракија за да ти падне температурата или чорапките си ги натопи во ракија или вински оцет и одма ќе ти падне температурата јас така се лекував а исто ја лекувавме и снашка. Јас имав такви болки на непцата плус моите крварат и кога не бев бремена и кога бев бремена ужасни болки,многу ми помогна пастата лакалут исто и течноста од неа за чуствителни непца и ден денеска ја користам ,тоа ми го рече мојот стоматолог да го користам и многу ми помогна. И јас бев во случна состојба од многу нервози,знам само оти Б6 демек помагало малце да се потсмириш и јас пиев редовно секој ден,инаку еден гиниколог ми рече дека сум можела да пијам по пола лексилиум ама не многу често затоа што од таквите стресни ситуации често се раѓале плачливи деца истото ми го имаше речено и еден доктор кој не е гиниколог демек не штетело,многу повеќе штетало стресот отколку кога си под стрес да се напиеш нешто да те опушти е сега не знам што да ти кажам една другарка се имаше на два пати напиено па ншто не му е на бебчето.
Јас многу внимавав во врска со лекарствата за време на бременоста , но еднаш ми отекоа крајниците, докторката ми препиша амоксиклав , и ми рече ако навистина чувствувам дека ми е многу лошо , тогаш да ги пијам. Но пиев повеке течности, супи,чаеви,сок од лимон и ми помина. Без упатство од лекар никако на своја рака лекарства и секако ако немате некоја голема потреба
Јас во моментов имам страшна кашлица, не ме боли грло, не ми тече нос, ама затоа плуќава ме уништува. Два дена се обидувам да симнам температура и докторот ми препиша Амоксицил (по едно на 8 саати) и Парацетамол само по потреба. Така температа сега ја немам до сега во рок од 24 часа имам испиено два Парацетамоли и два Амоксицили и добро ми е. Се надевам нема да му наштети ова на бебушот. Пијам мнооогу течности 2,5 литри на ден, без шеќер, цедени сокови и вода. Во Понеделник сум на гин. преглед па ќе прашам дали може да се вакцинирам против грип (ако не му штети на плодот) затоа што студовите допрва доаѓаат. Друга интересна работа, во рок од 21 ден железото од 24,9 ми падна на 5,7. Матичниот ми рече дека тоа е нормално дека бебето си земало од мене што му треба, па сега ке морам да јадам цвекло и зелени салати.
Ќе мораш и некој препарат на железо да земеш, затоа што бебето уште повеќе ќе зема допрва. Инаку, мислам дека не смееш да примаш никакви вакцини додека си бремена, ама консултирај се за сигурно. Јас да сум на твое место не би примала.
bi sakala da prasam ako nekoj znae dali vo bremenosta e dozvoleno da se prima nekoj lek protiv zgolemuvanje na krven pritisok i b6? [mod-kirilica:2fqmxaht][/mod-kirilica:2fqmxaht]
Мислам дека може, ама не на своја рака. Ако реално имаш проблеми со покачен притисок, можно е бременоста да ти ја следат како ризична и да ти дадат соодветни лекови за регулирање на притисокот. Витамин Б6 може, само да не се надминуваат пропишаните дози.
Има посебна вакцина против грип за трудници и многу ја препорачуваат. И јас сакав да се вакцинирам ама никако на лекар да отидам
Cecilia ептен благодарам, баШ денес во 19х сум на преглед ке праШам Вчера бев на преглед и ме искара докторката зошто сум пиела Аmoksicil без да ја консултирам и одма ми ги забрани, ми препорача сируп на природна база, против кашлица (со Јаглика) Примула. Со бебуш се е во ред, рано е да се утврди полот, инаку супер се развива.
Труднички муабети Може ли да добијам одговор од поискусните. Примам утрогестан вагинално користам три пати на ден на 8саати и сакам да прашам дали треба да истекуваат како на пример вагиналетки канестен кога користис тоа ме буни ???
Труднички муабети Normalno deka treba da istekuvaat,zatoa ne grizi se.Stavaj si dnevna vloska i menuvaj ja pocesto