Ме прифати од тебе од далеку и мене сега, почна грло да ме боли пак, а точно пред 1 месец како бев ептен настината и со триста маки ми помина и ете денес пак Си сварив одма чај од џинџер, ама ептен јак сум го направила, не да лутеше, изгор Прснав прополис и земав таблета од бел слез. Па ајде да видиме. Ете заборавив и џинџерот да ти го кажам, ама свеж е најубаво, сокот од него ако можеш да го шмукаш е најкорисен, ако не и чај е ефикасно. Џинџер е добар општо за имунитет, не само за грло, ма да за болно грло се покажал до сега баш квалитетен. Пробај и со него, мислам дека најбргу ќе заврши работа. Ете кај мене веќе го тестирав па да видиме утре.
Офффф...да останеме на грлово дај боже! Мене и коски ме болат, се напив и парацетамол еден, па ќе видиме. Со лесно и побрзо да се опоравиме и да не не фати веќе до крај!!
Дали некоја користи од Мералис Ха плавиот спреј? Минимално ставам и не го голтам, мада ми е шубе. Ама не се издржува, многу сум зат.
Се надевам дека се обраќам во правилна тема. Женички има ли некоја од вас што фати вирус или грип? Јас сум 34та недела и баш сега ме снајде, температурата едвај ја симнувам, цефалексин ми препиша д-р, грлото воспалено, па и кашлам се плашам за бебуш
јас имав во 39та пред да се породам, а се породив пред 2 недели. Парацетамол на 6 часа ми рекоа и јас Панцеф пиев и во нос Фликсоназе. За 3 дена ми помина
Девојки во трето тромесечје смееме ли пастили од жалфија на доктор Тајс? Ја прашав докторката ми кажа дека може, а по форумот читам од членки дека не е убаво. Грлото ми е многу воспалено, морам да го третирам.
Јас пијам сируп против кашлица природен во кој има и жалфија, прашав аптекар, доктор и хомеопат дали смеам да го пијам во 8 месец и сите ми рекоа ДА.
Ве молам за совети Бремена сум 7ма недела, а уште го дојам првото дете. Пред два дена ја одбив, но имам голем проблем со лактацијата. Никако да престане иако одбивањето го правев постепено, со намалување на оброци. Матичниот гинеколог ми препиша достинекс 2 таблети. Прочитав дека може да има несакани дејствија по фетусот. Дали да ги испијам? Имала ли некоја од вас искуство со бременост и достинекс?
Женски, другарка ми без да знае дека е бремена месецов испила цела доза Флажил од 400 незнам точно зашто. Правела тест вчера и изглегол позитивен , се јавила на лекар ради ситуацијава сестрата незнаела што да и каже и закажале преглед за во петок дури. Дали некоја од вас има искуство или пак стручно лице да и ги скратиме маките целата е во паника читала по нет дека не се препорачува може да има последици врз плод ?
Ве молам дали има некој брзо да ми одговори дали смеам Нолпаза за желудник да пијам, 9ти месец сум, многу силни болки имам!
Девојки, имам стомачен вирус. Во аптека ми го дадоа ова да го пијам. Дали е безбедно? Инаку сум 8ма недела.
Zdravo, znae nekoj dali smeam da mackam belogent ili advantan na preponi, imam cesanje na kozata od desnat strana?
Zdravo feminki za bolki vo nozete sto primate deneska dosta vreme bev na noze imam jaki bolki na nozete ispiv paracetamol no nisto ne pomaga